Тајмер кој кажува за колку време ќе ја запознаете сродната душа

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не знам за што е темава, ама ќе одговорам на насловот: можете да ја пронајдете сродната душа само откако ќе се пронајдете себеси ( а обично за тоа треба бајаги време и животно искуство).
Значи одприлика на 60/70 години. Интересен живот.

Во врска со тајмеров замислувам да си во долга врска или брак и да дознаеш некој податок дека не сте сродни души и тогаш и тогаш ви е крајот. А си се сакате. Јако, ќе те изеде сомнеж и сам ќе си ја уништиш врската.

Незнам дали верувам во поими како сродна душа, вечна љубов, еднаш се љуби, додека смртта не не раздели, верност и остала екипа поими кои немаат допирна точка со луѓето како карактери него со нивните желби и филмови. Конкретно за сродна душа сите ти се сродни во даден период после си ги покажуваат роговите. Направете една ретроспектива на досегашните релации немора да се љубовни може да се и пријателски, како се одвивала линијата на доверба и взаемен интерес. Лошо а? :)
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Па со сродна душа ако нема да ти чини, со кого ќе ти чини? Зошто да биде монотоно баш со него? Затоа и се вика сродна душа, а не "совршен пријател". Значи терминот "сродна душа" значи човек со кој животот би ти бил поисполнет, најдобар пријател и твојата љубов во едно.
Сродна душа по дефиниција е човек со кој можеш да се поврзеш без зборување, кој бескрајно те почитува и не те осудува, те поддржува во се и сешто, најверојатно и сексуално те привлекува, меѓутоа тоа што некој сексуално не привлекува не значи дека и сексот ќе биде исто така привлечен. Значи сродна душа се однесува на спиритуалноста и љубовта повеќе отколку на сексот.

Во услови кои ги опишав, користење на тајмерот за пронаоѓање сродна душа која ќе ја задржам покрај себе како пријател- би го купила, во спротивно ако конкретно се бара за љубовен партнер во тој случај не би го купила тајмерот зашто нема да ми треба. До сега не сум била во врска со сродна душа па сепак убаво ми било, така што нема потреба.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Јас ќе си го симнам филмов, али тајмерот не би го купила.

Ако си гледам романтични бајки, не значи дека мислам и дека постојат во реалноста и дека оп, еден ден ќе се појави принцот на бел коњ и дека тој ќе ми биде судениот и дека се ќе си тече ко мед и млеко.
Ко демек, еве, тој ти е сродната душа, па ќе знаеш дека ќе се согласувате за се и ќе немате мака во животот.
Што ако е мрзлив? Или ќе биде по сите параметри онаков како што сакаме? Што ако е црнец, а вие сте расист? Ќе мора да си ги смените принципите, верувањата и се по ред, зашто некој тајмер вика така?
Кој ми гарантира дека и по 10 години ќе бидам јас со истиот? Тајмерот, ахам. :D

Крај краева, сродна душа може да ти е и најдобрата другарка, не мора да е маж. Ако веќе одиме во некои филозофии де.

И да имаш сродна душа, јас не верувам дека ти секако, 100 % ќе останеш со таа душа, само ради терминот. За секој однос во животот треба работа, ништо од небо не ти паѓа.
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496

OMG добро, темата е дефинирана не за најдобар пријател туку за човекот на твојот живот. Значи ти ако си расист нема да биде црнец. Не знам веќе како да објаснам. Значи совршен човек за тебе, човек кој би бил совршен сопруг и пријател во едно, со него сексот би ти бил супер. Значи не правиме муабет за најдобра другарка, туку за сопруг.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: MIL

Јас си дадов мислење, си филозофирав како што и многумина други си фантазирале овде, и ко што гледам, е во склоп на темава. Ако не е, пријави ми мислење да ми го избришат и не ми ОМГирај овде.
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Значи одприлика на 60/70 години. Интересен живот.

1. Во врска со тајмеров замислувам да си во долга врска или брак и да дознаеш некој податок дека не сте сродни души и тогаш и тогаш ви е крајот. А си се сакате.
2. Јако, ќе те изеде сомнеж и сам ќе си ја уништиш врската.

3. Незнам дали верувам во поими како сродна душа, вечна љубов, еднаш се љуби, додека смртта не не раздели, верност и остала екипа поими кои немаат допирна точка со луѓето како карактери него со нивните желби и филмови.

4. Конкретно за сродна душа сите ти се сродни во даден период после си ги покажуваат роговите.

5. Направете една ретроспектива на досегашните релации немора да се љубовни може да се и пријателски, како се одвивала линијата на доверба и взаемен интерес. Лошо а? :)
1. Не дознаваш по долго време дали си со некој сроден или не, дознаваш за кратко време.

2. Никогаш врски не се уништуваат сами, или зошто некој после години сфатил дека не се сродни.

3. Да. Не постои поимот "сродна душа", но за животен партнер најдобро е да го одбереш оној кој ти е најсроден, најфин и најпривлечен од сите што ти се сродни.

4. Токму "сродноста" како поим укажува на индивидуализацијата на партнерството. Тој што е сроден за еден, може да е сосем несроден за друг, и тако даље. Така што, ако некој е сроден, има слични приоритети и размислувања, нема зошто да би покажал рогови во аспектите кои и на двајцата ви се значајни (сродни).

5. Како што се губи довербата, се губи и взаемниот интерес... И?

Извини ама не сфатив што сакаш да кажеш со постот, ако може попросто, ко за мене.
 
За тебе беше само констатацијата од 60/70 години, само правата реченица од мојот пост.
Другото си е мое мислење на темава и сега со одговориве под број ти ќе треба мене да ми преведеш :)
 
DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.101
Поени од реакции
16.302
Баш ме интересира то апаратчето што би напрајло доколку во ист момент запознајш 2 девојки :D или мажи на пр друштво се ти ги одбројва минутите двете ти се пикнале в' око и ете ти пиши 0 саати, 0 минути , 0 секунди. Што тогаш :D
 
Член од
13 август 2010
Мислења
956
Поени од реакции
1.099
Не би купила. Зошто? Затоа што не сакам да бидам во очекување, затоа што не сакам да знам ништо во врска со иднината и затоа што мислам дека сум ја пронашла својата сродна душа, не сакам тајмеров да ми скрши филм а јас сирота колку се намачив да ја најдам.
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Баш ме интересира то апаратчето што би напрајло доколку во ист момент запознајш 2 девојки :D или мажи на пр друштво се ти ги одбројва минутите двете ти се пикнале в' око и ете ти пиши 0 саати, 0 минути , 0 секунди. Што тогаш :D
Не бе, ти им викаш пишувајте тука под претпоставка дека апаратот не греши, тие ко пијан за плот. Значи тебе ако ти пишува 0 секунди, и на момата и пишува 0 секунди. Разбираш? Плус не работи на пружување рака туку на контакт со очи.

Никој не се потруди да одговори на прашањата од првиот пост. Сите багови наоѓаат.
 
DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.101
Поени од реакции
16.302
Не бе, ти им викаш пишувајте тука под претпоставка дека апаратот не греши, тие ко пијан за плот. Значи тебе ако ти пишува 0 секунди, и на момата и пишува 0 секунди. Разбираш? Плус не работи на пружување рака туку на контакт со очи.

Никој не се потруди да одговори на прашањата од првиот пост. Сите багови наоѓаат.
Абе се зафркавам, не мора толку дефанзивно да делуваш :) Сватете и вие шала малце
 
Kajgana Shop

На врв Bottom