Тајмер кој кажува за колку време ќе ја запознаете сродната душа

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.697
Поени од реакции
20.952
Абре и неговиот тајмер ќе титни. Нема ваљда 15 женски во ист момент, на исто место да најдат сродни души. Плус тајмерот титка на прв поглед. Значи треба да има контакт со очи. Не знам дали го пишав ова во првиот пост.
Еве ти едно за размислување. Купуваш тајмер и тој во минус ти кажува, наназад број демек си ја пропуштил.
Тогаш што правиме?
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Еве ти едно за размислување. Купуваш тајмер и тој во минус ти кажува, наназад број демек си ја пропуштил.
Тогаш што правиме?
Не знам што правиме Владе, ваљда нема да се бесиме. Не размислив на тој проблем. Не може минус да ти кажува, ваљда почнува да работи од кога ќе го инсталираш па во идно време, не се замара со минатото.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.697
Поени од реакции
20.952
Не знам што правиме Владе, ваљда нема да се бесиме. Не размислив на тој проблем. Не може минус да ти кажува, ваљда почнува да работи од кога ќе го инсталираш па во идно време, не се замара со минатото.
Како на филм што би рекле ;)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Да не го поседуваш форумов?Објаснување некое зошто го избриша постот или приватна распаљптка си правите па ви се умешав?Ајт шетај сеа...
Мислењето ти беше несериозно и тераше сеир. Последен оф-топик, нема повеќе објаснувања.
 

.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
Ако хипотетички ги поставиме следниве ситуации:
1. Секој да има по повеќе од една сродна душа...односно како право на избор(пошо не верувам дека сродната душа секогаш би ги задоволила сите критериуми )
2. Тајмерот да покажува нормално време т.е да е во склоп на биолошкиот саат на човекот(за да биде до некаде реално)
3. Да не одбројува назад и да се фокусира на иднината само...

И тогаш не би сакале да имате тајмер? Би заштедил цела вечност трагање, пропаднати врски и скршени срца на минимум, и посреќен живот...
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
И тогаш не би сакале да имате тајмер? Би заштедил цела вечност трагање, пропаднати врски и скршени срца на минимум, и посреќен живот...
А што ако хипотетички, некој нема своја сродна душа? Зошто и тоа да не постои како опција?
Не сакам бре да знам, језиво ми е. И да ја најде човек својата сродна душа, не значи дека врската ќе опстане. Некогаш работите се распаѓаат едноставно.
Секој пат кога ми се скршило срцето, имало свое зошто. Ништо не би менувала. Затоа сум денес тоа што сум. Не би научила ништо да не постоеја скршените срца.
 

.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
А што ако хипотетички, некој нема своја сродна душа? Зошто и тоа да не постои како опција?
Не сакам бре да знам, језиво ми е. И да ја најде човек својата сродна душа, не значи дека врската ќе опстане. Некогаш работите се распаѓаат едноставно.
Секој пат кога ми се скршило срцето, имало свое зошто. Ништо не би менувала. Затоа сум денес тоа што сум. Не би научила ништо да не постоеја скршените срца.
Па може да постои хипотетички онда тајмерот би ти кажал дека немаш сродна душа, нема да очекуваш дека ќе се појави тој вистинскиот некад. Пак ќе имаш некое олеснување од тој аспект
Или ти сакаш да кажеш дека воопшто несакаш да знаеш дали имаш или немаш сродна душа? Дека овака како што сме живееле до сега, баш овој принцип е ок? Мислам овој е реалниот хахаха и нема да се промени факт е тоа, али не размислуваш за момент надвор од тоа што е стандардно?
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Па може да постои хипотетички онда тајмерот би ти кажал дека немаш сродна душа, нема да очекуваш дека ќе се појави тој вистинскиот некад. Пак ќе имаш некое олеснување од тој аспект
Зошто мислиш дека сега имам некакви очекувања или дека очекувам дека ќе го најдам вистинскиот?

Или ти сакаш да кажеш дека воопшто несакаш да знаеш дали имаш или немаш сродна душа? Дека овака како што сме живееле до сега, баш овој принцип е ок? Мислам овој е реалниот хахаха и нема да се промени факт е тоа, али не размислуваш за момент надвор од тоа што е стандардно?
Не, не сакам да знам.
Не ми е гајле дали имам или немам сродна душа.
Не сакам да знам дали некогаш ќе го најдам или го изел лав во Африка.
Реков и претходно, јас веќе самата сум си сродна душа, сега ако се појави некој, ок, ако не, пак ок.
Живот е. Се поминува.
На крај ќе умреме сите. Дали ќе дознаам некоја година порано или подоцна, не ми прави разлика, а и не ме интересира. Не сум нешто љубопитна по природа.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Ова ако е иронично - ти нема врска постов. Јас никого не осудив или навредив што не сака да стави тајмер. Само водам дискусија за да ја опишам поентата на темата - се што реков досега е точно. На некој од членовите му реков дека не мора веднаш да иде со сродната душа. Тоа никако не беше спротивставување или осудување, туку дискусија.
Не, твојот пост со мојот нема врска.
Јас и реплицирав на Крејзи ин лав. Прашањето дали тајмерот е точен е без врска. Нормално е да се претопстави дека тајмерот е точен, инаку тогаш темата не би имала смисла. Или такво прашање би можело да се постави ако темата наполни 10 -20 страни, а не уште на првата.
А навистина не ми е јасно каде виде дека реков дека ги навредуваш или осудуваш оние што не би ставиле тајмер. Јас го кажав моето мислење. Ништо повеќе.
 

.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
Зошто мислиш дека сега имам некакви очекувања или дека очекувам дека ќе го најдам вистинскиот?


Не, не сакам да знам.
Не ми е гајле дали имам или немам сродна душа.
Не сакам да знам дали некогаш ќе го најдам или го изел лав во Африка.
Реков и претходно, јас веќе самата сум си сродна душа, сега ако се појави некој, ок, ако не, пак ок.
Живот е. Се поминува.
На крај ќе умреме сите. Дали ќе дознаам некоја година порано или подоцна, не ми прави разлика, а и не ме интересира. Не сум нешто љубопитна по природа.
Па не дека за тебе конкретно мислам дека имаш некакви очекувања, туку општо за сите, затоа што сите функционираме на ист начин и не сме програмиране да идеме од една крајност во друга, поаѓајки од себе, не дека јас очекувам сродна душа или дека верувам дека постои, али кога ни имал можност би сакал да знам, а дали после тоа јас ќе бидам со таа девојка, влијаат х фактори. И се ова хипотетички поставено некаде у облаче над глава.

А за ова последново, дека сите ќе умреме е единствената апсолутна вистина во моментов, и ништо нема да го промени тоа. Али и немора да значи дека оваа апсолутна вистина треба да не при пасивни во креирање на споствениот, живот...Јас сум љубопитен и сакам да сум активен субјект во менување на работите. Не ме сфакај одма дека велем дека ти си пасивен, туку можда веруваш у судбина што е ок...
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
А за ова последново, дека сите ќе умреме е единствената апсолутна вистина во моментов, и ништо нема да го промени тоа. Али и немора да значи дека оваа апсолутна вистина треба да не при пасивни во креирање на споствениот, живот...Јас сум љубопитен и сакам да сум активен субјект во менување на работите. Не ме сфакај одма дека велем дека ти си пасивен, туку можда веруваш у судбина што е ок...
Ако дознаеш кој ќе ти биде сродна душа, нема тука активност, само знаеш и по инерција го следиш тоа што ти го кажал тајмерот. Активен субјект е ти сам да си одбереш личност, сам да процениш, донесеш одлука, да се бориш и се останато. Што го вклучува и ризикот да ти го скршат срцето, ама јебига, тоа е животот.
Пасивен субјект ќе бидеш ако дозволиш парче метал да ти каже која ти е сродната душа и само да се движиш по таа насока.
Нема врска тука судбина, мудбина...
Едноставно, не гледам зошто треба да знам. Животот е таков каков што е. Нема потреба да го знам однапред. Се може да се случи. Непредвидлив е. Можам да се борам за моите соништа, не значи и дека ќе се остварат. Тоа е што е. Може да се бориш за љубов и да не ти успее. Се се случува и навистина не мора однапред на знам било што.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
@Crazy in Love јас би се надоврзал на твојов пост за сродната душа во моментот - т.н. објектот со кој секој ужива(л) во моментот.
Или со други зборови, треба со неколку објекти-во-моментот да пројдеш за да утврдиш првенствено каква личност си и какви ти се критериумите за да подоцна изградиш посериозна врска и ја пронајдеш компатибилноста во некоја потенцијална-во-моментот личност.
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.542
Плацебо ефект, ништа више - ништа мање.
Со самото тоа што ќе ти свирне геџетот дека таа е вистинската личност, самиот ќе си го утубиш у глава дека тоа е тоа и ќе ја силиш љубовта по секоја цена.
Или со други зборови, self-fulfilling prophecy.
Цвета има ваков тајмер, длабоко е убедена во неговата прецизност и вистинитост, и тајмерот и свирнува во моментот кога го запознава Митре.
Самиот факт што таа е убедена дека Митре и е сродна душа, ја наведува да се труди во врска со него, најпрво да го освои, потоа да работи на нивната врска, да биде толерантна и подготвена на компромиси и на крај, големи се шансите тие двајца стварно да го поминат животот заедно, не заради тоа што се сродни души, туку заради ефектот што го има тоа верување врз Митра и нејзиното однесување.

Јас во концепт на сродни души не верувам, ама кога хипотетички би имало таков тајмер, би го купила, би му го подарила на одреден машки субјект и би го наместила да свирне во моментот коа ќе се сретнеме (додуша веќе се имаме сретнато, ама во меѓувреме ќе најдам и начин да го избришам тоа од неговата меморија :sneaky:).
И така после ќе се земеме, ќе праиме свадба и јас ќе подготвам прекрасни бовчалуци за сватовите (ова нема врска со темата, ама морав да го употребам зборот бовчалук, ептен ми е ха-це).
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom