Таксито стана луксуз!

Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Таксито и треба да биде луксуз... Ние имавме најевтино Такси во цел свет! И пред да ми каже некој тоа за наши стандарди било, ќе ви апоменам дека Во Сараево, Босна која што има понизок стандард од нашиот, Стартна цена во таксито е 2.50 конвертабилни марки(75 ден) и веднаш почнува да куца по 20 фенинзи(дел од марка, по 5 денари одприлика) па вие видете.
 

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Ако поскапувањето на таксито им ја зголеми платата на таксистите - сосема е оправдано .
Таксито факт беше преевтино , се сложувам со RedStarFanMKD , дури и за наши стандарди е евтино .
Ретко користам такси , повеќе во автобуси се шетам ама нема зашто да не би влегол во такси ако имам потреба . Инаку од 40 на 70 се зголемува многу брзо а потоа си куца како што куцаше над 50 порано .
 

_Vlatko_

Rossonero
Член од
2 ноември 2008
Мислења
759
Поени од реакции
45
Таксиво моментално за наш џеб е многу. Јас си идам натаму-наваму со мојава кола и плаќам такси едино ако искачам у град без кола кога пијам :nesum:
Иначе од една страна треба да ги разбереме и таксистиве...горивото рипна многу а они си возеа по стара цена...иначе денес некои велат дека е подобро со новава цена а некои дека е полошо...убаво кажува еден мој познаник дека таксист никад не е задоволен! :helou:
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.510
Поени од реакции
33.674
50 каде било низ град, АЛООООООО не се нормални овие.
Цела 50ка, ццц.. а порано 10 денари ми остануваа ситни за бонитоп.
 
Член од
22 октомври 2010
Мислења
256
Поени од реакции
144
А. и да прашам уште нешто. од тука шо коментирате на темава. колку ИСКРЕНО се возат со вас со такси и колку редовно? ја се возам еднаш у година ептен ако ми зашкрипи нешо претежно си коистам ЈСП или моја кола.
До лани скоро секој ден одев на факултет со такси али се собиравме по 3ца и не фаќаше исто ко да идеме со автобус. Од Бисер до Економски фаќаше 90-100 денари. Сега откако поскапеа не сум се возел со такси и не знам колку фаќа, сигурно околу 150. Од годинава исклучиво со автобус, башка сега некако по мерак ми е со новиве да се возам. Од вторник планирам со точак по кеј по стаза до факултет. Пролет дојде, затопли, мора. Со такси повеќе нема да се возам, подобро ќе се буткам во автобус со пензионерите отколку да дадам толку пари за такси. Ме изгубија како стален муштерија.
 
T

theTinule

Гостин
Сеа ко ќе напраат метро, нема да ви текне што било тоа такси ((:)
 
Член од
10 август 2010
Мислења
183
Поени од реакции
7
Изгор!!!!!! Сега сакала-неќела и навечер ќе морам да излегувам со кола. За истите пари и ќе отидам и ќе се вратам, што е многу многу е.
 
Член од
8 август 2005
Мислења
456
Поени од реакции
78
којзнае што е работата можеби форсираат возење со новите автобуси??:)
како човек што ќивее во строг центар, и работа и забава ептен блиску..од пред гоина дена кога се доселив малку подалеку ...ми остана во навика да не пазам на време ида морам такси да користам. значи просек 3-5 пати неделно, и тоа цена од околу 110- ден. Ако земам во предвид дека останати денови сум се возел со бус..вака па и не емалку да давам 500-ка за превоз плус секоја недела..ама нејсе нешто ке покриеш заради задоволство ова она..ама сега..навистина не ми е сватливо да се возам..од 110 веднаш скока ана 200? сега дури и да сакам немам како да го платам истото. бојкотирам петок сабота.. 200 напред 200 назад ..за во град.. хаха смешно е.. а кафе 80 макс :) Агроплод ке си варам, и пешки ке си одам.. Бојкот!
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
До лани скоро секој ден одев на факултет со такси али се собиравме по 3ца и не фаќаше исто ко да идеме со автобус. Од Бисер до Економски фаќаше 90-100 денари. Сега откако поскапеа не сум се возел со такси и не знам колку фаќа, сигурно околу 150. Од годинава исклучиво со автобус, башка сега некако по мерак ми е со новиве да се возам. Од вторник планирам со точак по кеј по стаза до факултет. Пролет дојде, затопли, мора. Со такси повеќе нема да се возам, подобро ќе се буткам во автобус со пензионерите отколку да дадам толку пари за такси. Ме изгубија како стален муштерија.
искрено мн подобро и побрзо е да одиш со точак. имало немало гужва на време стигаш плус не даваш пари
 
I

Iblis

Гостин
И е нормално да биде луксуз!!!!
Абе не беше толку луксуз до пред некое време, ама ако ви прави ќејф сега е.
П.С. И WC шољите се сметаат за луксуз(во поголемиот дел на светот, а и тука биле такви до скоро време, ама ај сеа без нив да ве видам) чисто колку информација за средување на перспектива.
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Абе не беше толку луксуз до пред некое време, ама ако ви прави ќејф сега е.
П.С. И WC шољите се сметаат за луксуз(во поголемиот дел на светот, а и тука биле такви до скоро време, ама ај сеа без нив да ве видам) чисто колку информација за средување на перспектива.
Има лукзузно WC и нелукзузно WC. А такво такси нема ;)
 
K

kalimer0

Гостин
Влагаш во такси и гледаш еден чуден апарат што одбројува секунди :vozbud:
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Има нови автобуси и доаѓаат уште нови, бујрум возење.
Инаку во врска со насловот кај нас долги години владееше мислење дека таксито засекогаш ќе остане на 50че. Каде и да отидете во најблиското соседство, да не зборуваме за на запад такси е секаде луксуз. Дојде време кога кај нас освен легализирање и обележување на такси возилата се наметна и зголемен стандард и поскапа нафта па ова покачување не е одминливо.
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
77
таксито во цел свет е луксуз,додека кај нас решение за работа за невработените - затоа толку време се држеше прилично ефтино,ако се прашуваат таксистите тие сигурно нема да си ја сечат гранката и наеднаш да одат со речиси двојно поскапување,зошто се секојдневно со истите луѓе и многу добро ја знаат нивната финансиска моќ ! јас сум таксист во Битола,пред нова година пошто горивото рипна доста,компаниите во градот преговараа и одлучија да има поскапување од 10 денари од старт,некое поголемо поскапување во градот под Пелистер ќе значи и драстично намалување на прометот во таксито,со тоа и опстанокот на тие луѓе што се занимаваат со оваа работа
за разлика од Битола,Скопје е далеку поголем град и има други можности во оваа сфера
 

Kajgana Shop

На врв Bottom