КК Пелистер 2006/09 ЧКЕМБАРИ
Прва сезона во кошарка ни беше 2006/07. На почетокот на сезоната речиси на секој домашен натпревар во салата имаше редовно 3000/4000 публика. Како група имавме одлични изданија против Работнички и Вардар таа есен.
https://www.youtube.com/watch?v=UKEVN8foZO8 https://www.youtube.com/watch?v=hjNej3SFDmk
Во пролетниот дел од сезоната дојде и до првото гостување на Чкембари во кошарка против МЗТ. Само што се симнавме од автобус некој од кај нас фрли со празно шише виски кон тогашните полициски крајслери и го скрши ротационото светло на еден од нив. Полицијата веднаш не нападна со пендраци. Само што влеговме, атмосферата се наелектризира до максимум. Дел од ФА влетаа втерен да не нападнат, летаа шишња, упаљачи на двете страни, а двајца наши членови некако успеа да внесат ладно оружје и истото го извадија при упадот на ФА на терен. Веднаш полицијата повторно не нападна, имавме и неколкумина уапсени. Се на се на тој натпревар бевме можеби само една четвртина всала.
https://www.youtube.com/watch?v=PjM1zEs_9oU
Неколку дена подоцна игравме дома два натпревари против Вардар и Струмица. Салата беше преполна и на двата натпревари победивме. Се палеа и фонатни, едноставно кошаркарската еуфоријата во Битола го достигна врвот. Потоа КК Пелистер таа година ја превзеде и организацијата на купот на Македонија. Во Битола, во преполна сала загубивме уште во четвртфиналето од Работнички.
Наредната сезона повторно се продолжи во ист ритам со неколку одлични наши домашни изданија. Таа есен изработивме и едно гостување во Охрид против Амак. Околу 100 Чкембари бевме на тој натпревар. . Во пролетниот дел на еден битен натпревар на Пелистер во Битола против Фени, во преполна сала, Пелистер загуби во последните мигови од натпреварот. Кон судиите полетаа еден куп предмети и една од нив погоди еден од судиите во глава и теренот во Битола, КФМ го суспендира. Наредниот натпревар против Струмица поради суспендираниот домашен терен се одигра во Прилеп. За тој натпревар заминавме во Прилеп 3 автобуси и неколку коли, бројка од околу 200 Чкембари. Туркање со полицијата, меѓусебна тепачка, петарди на терен, неколку пати прекинат натпреварот. На крај со столчина почна да се фрла по струмичани при што судите го прекинаа натпреварот и дојде до празнење на салата. Потоа Пелистер беше казнет со неколку домашни натпревари без присуство на публика.
https://www.youtube.com/watch?v=Lde85XlQBoM&t=5s
Две седмици потоа, игравме четвртфинале од купот на Македонија кој таа сезона се одигра во Кавадарци. За противник повторно ја имавме Струмица. Тој период развивме спортско ривалство со нив. Во Кавадарци бевме 3 автобуси со над 150 навивачи. Ајдуци 20-тина. Можеби најдоброто навивање кое сме го имале на кошарка.
https://www.youtube.com/watch?v=Dhm288-7x0Q
Наредната сезона, односно 2008/09 во есенскиот дел не бевме толку активни на кошарка. Во пролетниот дел, односно во купот на Македонија кој се одигра во Охрид, Пелистер во полуфинале се сретна со Работнички. На овој натпревар бевме еден автобус. Иако аутсајдери, успеавме да победиме и да се пласираме во финалето на купот каде игравме против домаќинот Амак. ЦПБ не беа присутни на оваа утакмица. Полуфиналето се одигра во петок, а финалето ден потоа во сабота. На финалето од купот во Охрид бевме над 350 Чкембари. Рибари беа слаба бројка. На овој натпревар како група издоминиравме, направивме одлична атмосфера, а за одбележување е и еден инцидент поради незадоволство од реузлтатот, при крајот на средба дојде до палење на неколку бакли кои се фрлија на теренот заедно со неколку столчиња.
https://www.youtube.com/watch?v=6ajAA5uFk3Q
Оваа сезона за одбележување е исто така и полуфиналето од плејофот со Работнички. За Скопје тргнавме еден автобус. Пред сала не пречекаа ЕБР. Бидејќи немавме обезбедено карти не не пуштаа во сала. Се направи голема тензија и намерно не истуркаа надвор од покриениот дел и не оставија на силен дожд да чекаме да ни ги донесат картите. Влеговме во Градски парк. Ние 50, ЦПБ околу 100.
https://www.youtube.com/watch?v=Yc4VJ1HEC7o
Наредната сезона откако се повлече Свислион како спонзор, се појавивме уште на две утакмици. Период кој ќе остане запомнат каде имавме добри утакмици дуели со Фа, ЦПБ, Рибари, Ајдуци...
Во продолжение слики од изданија и исечоци од весници