Вака да се разбериме ФА и ЦПБ никогаш не го достигнаја нивото на Комити или Чкембари заради тоа што никогаш не станаја клубови на Скопје под ова мислам секој скопјанец да се идентифицира со еден од овие клубој без разлика дали доаѓа од црниче, драчево или кисела вода. Останаја “малски клубој” на ограничена територија. За да достигниш некое такво ниво треба да имаш континуитет, традиција и многу генераци поминати на трибина. Единствени такви во Македонија се Комити и Чкембари.Но тоа не значи дека ФА не доминираја тие години на мактифото од аспект на организација,новитети,креативност па и бројка. Како му залепи песната нека знае јадранот , едноставно во право време на право место, ако се земи предвид дека македонска екипа од осамостувањето немаше играно во АБА, и сите мислевме та екипа ќе биди Работнички знаејки дека царуваја во мак баскетот, се случи пресвртница, се појави никогаш појак МЗТ , со огромен буџет баш во периодот кога кошарката ги живееше својте најславни деној послем европското во Литванија, а МЗТ ја собра пола репрезентација.
Кулминацијата им беше 2013, гостува Партизан плус гробари во сала како мотивација, а МЗТ со одлични настапи мислам беа 4-5 место. Присуствуав на та утакмица и можам да кажам дека имаја едно од најаките навивања во сала, мзт растураше на терен а ФА беа во транс , се тераше една иста песна по 5/6 мин , шо тогаш на нашата сцена беше реткост.