Вчерашното издание можам да го окарактеризирам само како феномем. Мислам никој не очекуваше онаква бројка и издание,пиро, корео… Зошто феномен ? Група која иди од град нешто повеќе од 60к жители, па само еден аеродром во Скопје има 100к. Група која прати клуб веќе скоро 40 години а никогаш тој клуб не бил првак и освен 2 куп титули и 2-3 излези во Европа ни еден позначаен успех. Клуб кој последните 20 години е повеќе втора него прва лига , клуб кој оваа сезона освен опстанок во прва лига ќе се рачуна за успех без никакви амбиици за трофеј или европа. И покрај сето ова љубовта кон клубските бои и љубовта кон градот никогаш не престана, напротив од година во година расти, тоа и се потврди и вчера. Браво за дечките во организација нивниот труд се исплати , испишаја историја можеби никогаш претходно немало толку полн коп. Се на се одлично дерби се надевам дека клубот ќе добие стабилни финансии и допрва ќе гледаме вакви изданија.
Скопјани одлично гостување топ бројка и пиро најбројно во нивната историја. Се надевам ќе престаните со тие глупи прозивки дека сме се береле за Вардар кога и вие се берите за Пелистер ,нормално дерби е или па за некој од вас и не е ?! Огромен минус незнам од кој причини и која беше поентата ете прова и коњаникот да објасни ама не ми држи вода , кога државата ни е килава од сите страни македонецот потиснат омалажуван, достоинството сакат да ни го уништат а вие вадите парола “Вие сте наследници на вашата мизерија” . Подобро ништо да не сте изваделе.
На крај клубовите не не заслужиле, онаков канцер фудбал незнам дали се игра негде низ лигите во Европа.