Пред да се впуштам во ,,дискусија" со членови на група која не вади фото-извештај од срам, која во 21 век не може да спроведе проста кореографија па и паѓа знамето од јаже(На натпреварот со Вардар) и во која за жал се уште ништо се нема променето ништо во однос на ,,акциите"...
Вчерашниот ден ќе се помни, тоа е сигурно. Успеавме, не на квалификациски натпревар, туку на домашен и тоа дур се бориме за опстанок, да привлечеме илјадници луѓе на стадион. Се за што ми зборувал татко ми, се за што ми прераскажувале, го видов пред очи...полн Градски парк со навивачи, фамилии на сите страни облечени во црвено-црно, полна ,,Фонтана" со навивачи...едноставно преубаво чувство.
Мислам дека и бројката ќе беше многу поголема доколку ние бевме домаќини. Ќе привлечевме преку разни активности многу повеќе народ. Но, во секој случај огромна победа која мора да се одржува. По мене доколку оваа бројка во копот порасне за 300-500 луѓе со добро работење, а бројката на јужна за едно 2000-3000...тоа би било според мене некое посакувано ниво.
Ne napagjajte poedinci kaj kameni most sto nemat vrska so navivaci.
Се гледа на сликата што си ја дека токму вие сте нападнале поединци. Види го само шалот лево...кој нормален ултрас носи таков шал. Маичките ,,Водици" продадени во околу 1000 примероци, а ,,ПАСИОНЕРИ" шалот исто така беше продаван во 2-3 наврати. Башка што точно ги знаеме децата, знаеме со каква ,,прва екипа на Комити" сте се сретнале

Ништо ново од вас, генерациите се менуваат, тактиката 10 на 1 или напад на деца сепак НЕ
QUOTE="favorito, post: 10048767, member: 136912"]
шо и да се оправдувањата, мора да си најдите чаре за реквизитите. Шо е многу, многу е
[/QUOTE]
Во град како Скопје, едноставно е невозможно да спречиш напад, особено ваков на деца од 13-14 години, на кои обично овие им се први натпревари и не се ни толку запознаени со тоа како напаѓаат навивачите на Слога. Да напоменам дека неколку илјади луѓе циркулираа од сите делови на градот..па ќор да си некој ќе начекаш.
Тоа што како група можевме да го направиме, го направивме. Беа нападнати како група,(20 луѓе) но речиси секогаш се случува истото. Поголемиот дел од нив бегаат(таков беше примерот и вчера), остануваат дел од нив кои не се така брзи(како што беше примерот вчера) го јадат за сите останати кои бегаат(како што беше примерот вчера) и дел од нашите завршуваат приведени(како што беше примерот вчера).
Во секој случај, новата генерација на Шверцери уште еднаш беше изгорена за џабе, подбуцната од поединци како дебилов на форумов кој наместо да отиде да ги посети неговите, тука штрака ко будала.
Штета само што се заврши така, но мора да знаат до каде смеат, без разлика што и Полицијата вчера покажа голема некоординираност, намерна или не, не знам..идат избори, а сите знаеме дека групи како Шверцери се на копче кога станува збор за партија. Како и да е, било поминало. Памет за друг пат.
Тоа се политички фори , т.е. и смешно ми е кога спортски клуб ги применува , народот сака во ЕУ , народот е против Бугари во устав , заедно со народот ќе победиме на избори дрн дрн.
,,Вардар-клуб на народот" е нешто кое се роди, не само поради директното финансирање на клубот од страна на народот, туку и поради целата приказна која Комити и народот ја создаваат околу клубот.
Убаво пиша ,,Фаворито", искрено се трудиме целата таа приказна, емоција, визија да ја прошириме, да ги анимираме сите Вардарци, не само нашите членови.
И за крај, дај да не даваме важност веќе на малата маалска група. Најсмешно е што вчера беа во поголема бројка од претходното нивно издание на трибина. Мислам дека на сите ни е јасно за кого збориме.