Јас пресметував со дополнителен интернет ако плаќаш за телефон, ама еве нека е и 3600, пак имаш заштеда од 1100 денари. Освен дома ако немаш вифи, многу тешко да истрошиш повеќе од 6-7 гига 4г интернет у месецот. Другар што е на телеком, кај што неискористениот интернет се префрла во следниот месец, сеа има негде ако не се лажам околу 40 гига нет. Не викам дека сите така трошат, ама затоа и во мојот пост пишав дека во просек е сосема доволно 20 гига нет месечно. На крајот на денот, бар мене, не ми е битно дали на хартија имам 1 или 1001 гига нет, ако и едното и другото ги исполнува моите потреби, а цената ми е прифатлива.
Ако сте трочлено семејство, никој не вика дека мораш сите 4 броја да ги користиш, зошто немаш некоја дополнителна претплата. Еве со твојата пресметка за 3 броја регуларно би платил 3100 денари, вака 2500, што пак е заштеда. Уосталом ако економската логика ти вика дека одделно да ги плаќаш услугите ти е поефтино, тогаш нема потреба да го користиш фемили пакетов.
Просечно семејство во Македонија, очекувано е дека заштедува со пакетов, така што стварно не глеам потреба од драмење у претходните постови, демек ова било омаловажувачки.