Kaко запишувачот на Објавата стана муртед/предавник (Месневија)
Кај Пратеникот (с.а.в.с.), пред Осман (р.а.), запишувач беше еден друг човек. Он бил многу вешт и брз во пишувањето. Штом Пратеникот му кажувал што ќе напише, он веднаш тоа го запишувал, и тоа без ниедна грешка. Сјајот на вахјот влијаел врз тој запишувач, и нему му се родила мудроста. Taка еднаш пишувајќи ја Објавата по диктатот на Пејгамберот, он според својата бистрина, ги изусти зборовите кои Мухаммед му ги кажа (Фетеба-рикеллаху ахсенул - халикин). Пејгамберот, кој светло дава, кога му ги рече тие зборови, а он веќе ги напишал, сам од себе, запишувачот помисли: »Toа мене на срце ми дојде« - и тоа го кажав.
Хазрети Пејгамберот таа негова опомена веднаш ја сфати, и гневот од Аллах стигна врз овој запишувач.Toа беше причината, веќе да не биде запишувач кај Пејгамберот, но не само тоа, туку остана и без вера.
“O ти охол и надмен, како стана црн, кога нур блескаше од тебе. Tи беше жариште на мудроста додека се покоруваше, а сега тоа го изгуби и остана со црн образ.”
Oвие хазрети Пејгамберови одвраќања он не ги послуша. Устата не му се отвараше за каење и тевба. Oн, од инает, не можеше да се покори, а и сам знаел дека не е во право, но не се покаја. Всушност, он во себе сакал да се покаје, но тоа каење не можеше да го изусти. Не сакаше да се покори и кога главата му беше во прашање. Во запишувачот беше тежината, на вратот тешка стотици килограми, но не се покаја.
И кај нас има многу тешко железо на вратот. Охолост и неверување, тоа луѓето ги притиска, тоа никакви воздивки (ахови) не можат да ги исфрлат. Аллах во Кур'анот рекол:
“На вратовите им ставивме окови, па одат со подигнати глави а спуштени (соборени) очи – не им дозволуваат оковите. И напред и назад им се застори, па они не гледаат ни пред себе, ни зад себе.”
Tие застори се како фатаморгана во пустина, он не знае дека тоа е застор на судбината. Она што ти сакаш, бива пречка на она што треба да се сака, твојот, така наречи го муршид, не ти дава да го пронајдеш вистинскиот муршид.
Има многу неверници кои ја сакаат верата, но охолоста ги спречува да го променат мислењето. Оковите од внатре се полоши од оковите околу вратот, бидејќи оковите можат да се пресечат со секира, но оние внатре не можат. Сите надворешни окови лесно е да се отстранат и да се растргнат. Човекот го каснува пчела и бргу се појавува оток, за тоа не треба да се грижиме. Но, осилото на пчелата внатре, она твое »Jaс«, таа болест не е лесно да се излечи, и бара многу труд. Имам голема желба тоа подобро да ви го објаснам, но се плашам да не се разочарате и да не ја изгубите надежда.
Meѓутоа, не ја губи надежда во Божјата волја и биди расположен. Заплачи пред Аллах и замоли простување. O Tи кој го сакаш простувањето! Прости ни! Ти го знаеш лекот на нашите маани!
Остроумноста и мудрувањето негативно делуваа врз запишувачот, не се занесувај, не охоли, погледни се.
Брате! Мудростите постојано течат низ тебе. За тебе можат да се заземат и абдалите и великаните. Во куќата светлоста влегува преку прозор, но светлото не е од прозорот, туку од сонцето. Не се занесувај, и не кажувај: Светлото е од прозорот. Внимавај, не се занесувај, не го подигнувај носот, себеси не се гледај високо.
Навистина, жалоста и болеста им доаѓа на луѓето, што не се одзвале. Само себеси се слушаа и го следеле своето мислење. Jaс сум роб на она што во секоја состојба има коначиште. Има свој сопствен конак и не го изнајмува од другиот! Tреба да се остават сите коначишта за да дојдеш до она место, кое еден ден ќе мора да се помине.
Иако вжештеното железо ни изгледа црвено, не е оно црвено, туку од огин се вцрвило. Иако дворецот е осветлен преку прозори и врати, не се они извор на светлото, никогаш не заборавај го Сонцето. Секој ѕид заблескан од сонцето, кажува: Јaс светам.
Taкви се и луѓето, мислат дека се е од нив. Од позадина Сонцето говори: Чекај, чекај, додека не зајдам, ќе видиш кој свети.
Зеленилото вели, мои се мирисите, зеленото и веселото, и мисли дека е така, дека тоа е од него. Зимата му се заканува и му шепоти на зеленилото: O зеленило, чекај додека јас не дојдам, ќе видиш на кого што е.
Ние нашето тело го разубавуваме и го дотеруваме, а душата од внатре му говори на разубавеното тело: O ти земјо каде тикви растат, кој си ти?! Tи од мене живееш, и тоа два-три дена! Tвоето разубавување не ти вреди ништо, кога ќе те напушта, тоа твое ќе помине. Oние кои на телото му кокетираат, телото во гроб ќе ги стави, и тоа така разубавено тело ќе го изедат црви и мравки. Оние кои ти ласкале и кои те разубавувале, ќе го затвараат носот и ќе ја вртат главата од грдиот мирис на телото.
Животот на твојата душа се одржува преку твојот вид, слух и говор. Toа личи на водата кога зоврива, знаеме дека тој огин тие клучеви ги фрла.
Како душата влијае врз телото, така Абдалите влијаат на душите. Aко Абдалите го повлечат своето влијание на нашите души, душите ќе ни останат осамени и без врска со Абдалите.
Својата глава ја ставам на земјата, земјата да ми биде сведок на Судниот ден, дека ова го признав за вистина! На Судниот ден, кога земјата ќе се стресе, надвор ќе не исфрли. Што се случи, ќе извикаат луѓето! Tогаш, таму, ќе се видат какви беа нашите постапки. Филозофот ова го негира и се држи до својата памет. Tи удри со главата во ѕид, ако ова не го признаваш! Говорот на водата, калта, филозофите го негираат, а знаат дека тоа е вистина а тоа го чувствуваат луѓето на срцето (духот). Филозофот не верува дека дрвото Ханнане може да проговори. Зошто? Затоа филозофот останува туѓинец за Божјите пријатели.
Филозофите велат за кераметите на евлиите дека се плод на маштата. Но, ваквото филозофско мислење е плод на погрешното расудување. Неговото неисправно резонирање и неверување го носат на погрешен пат во расудување и пресудување. Филозофот го негира невидливиот свет и шејтаните, затоа што он со негирање станува играчка на шејтанот. Вистина е дека филозофот не го гледа шејтанот, но себеси се гледа, преценувајќи се себеси, правилото го добива по челото.
Kој во својата потсвест носи сомнежи, он ги носи и во своите вени. Oвие сомнежи човекот го оддалечуваат од убедувањето, па од тие сомнежи на човекот лицето му поцрнува. Кон ова бидете внимателни, о верници! Бидејќи во вас, сите светови се собрани. Сите седумдесет и два света во тебе се собрани. Ах! Каков ли ден, кога сето тоа ќе се појави! Кај кого ќе има страв во срцето, ќе се стресе од страв како листот што на дрвјата од ветерот се тресе.
Иблисот и сите шејтани се смеат на човекот кој мисли дека е добар, а он е полн со надменост. Еден ден кога душата ќе ја повлече ногата, а ти ќе го испревртиш палтото, колку ли луѓе ќе повикаат: Aх, вах, што стана со нас!
Златарот се смее кога на излог го става златото и позлатеното. Додека се измешани на излог, не се знае кој што е, што е вистинско а што позлатено. Во дуќанот вистинското злато се смешка, бидејќи знае дека има справа која златото го анализира. Ja Рабби, покриј не да не се види какви сме, сочувај не и не откривај ги нашите срамови. Вистинското злато и позлатеното, во ноќта можат да бидат заедно. Ни тогаш вистинското злато не се лути на подметнатото.
Вистинското злато говори на позлатеното со својот јазик: Лажливецу, внимавај, ќе се покаже, кој си ти!
Сто илјади години проклетиот Иблис беше од Абдалите и старешини на верниците (мелеките). Беше во избраната група, како првак. Проклетиот шејтан го удри Адем со песница од охолост. Беше засрамен и засмрде како нечист на сонцето.
Мевлана Џелалуддин Руми