Суфизам

Член од
16 јули 2014
Мислења
9
Поени од реакции
13
Обично не е препорачливо споделување на духовни искуства, но некогаш е потребно споделување на одредени знаења макар и површно посебно кога се увидува дека луѓе се караат за нешто што не го знаат.
Духовните искуства најчесто е невозможно да се споделат, бидејќи тие се комуникација меѓу аспирантот и Господ.
Субтилните центри се исти, само срцевиот е поголем.И кај исихастите (христијанство) срцевиот е исто толку важен. Еден христијански мистик тврди дека четвртото тело (се поклопува со четврто тело на Ѓурџиев) се формира баш во овој центар.
Инаку главниот водач на мојот ред е вегетаријанец.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.659
Поени од реакции
11.691
„Се откажав од двојноста, видов дека и двата света се едно:
само Еден јас барам, само Еден јас знам,
само Еден јас гледам, само Еден повикувам.

Тој е и Првиот и Последниот и Прикажаниот и Скриениот;
јас не знам ништо освен за „ја-ху“ (Него) и за „ја ман ху“ (Тој што е).

Опиен сум со пехарот на љубовта, што ќе ми се два света.

Ако поминам само миг од мојот живот без тебе, се каам за тој миг.
Ако на свет добијам само миг со Тебе,
ќе лазам под стапалата на овие два света
и засекогаш ќе танцувам во триумф.“

--- Само Еден јас барам, Руми
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.506
Поени од реакции
1.068
Ја познаваш ли оваа тишина?
Не е како онаа во твојата одаја
кога немаш со кого да разговараш.

Ова е чиста тишина,
не е како онаа што се спушта
кога живи пци јадат мртов пес.

--Чиста тишина-- Руми
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.659
Поени од реакции
11.691


„Види како човек тресе тепих.
Не му е лут на тепихот.
Само сака со тепалката да ги разлабави калливите наслаги од нитките.
Наслагите на сопството не се разлабавуваат со само еден удар.

Постојана работа треба, дисциплина.

На соне, дури и на јаве,
ќе го слушаш љубениот како вика по тебе.“

- Учење, The Path Within, Мевљана Џалалудин (Џалал ад-Дин) Мухамед Руми

 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.506
Поени од реакции
1.068
И така, Калифот си замислува како влегува во убавата жена и поаѓа да си ја исполни желбата.
Замислата му го крева мандалото, го напрега во умот да се крева и спушта, така што органот набрекнува од задоволство.
Но како што легнува со жената, му доаѓа оглас од Бога да прекине со свој блуд. Многу тивок шум, како глувче што би направило. Мандалото му паѓа и страста исчезнува.
Помислува дека тоа шушка змија под сламарицата. Девојката гледа дека мандалото му падна и почнува грчевито да се смее на чудниот случај. Се сеќава на војсководецот како го убил лавот,
со мандалото високо кренато.

Долго и гласно се смее. На што и да помисли, само повеќе се смее, како смеата на оние што голтаат хашиш. Сè ѝ е смешно. Секое чувство има извор и клуч кој го отвора.
Калифот е бесен. Го извлекува мечот. „Што е толку смешно? Кажи ми сè што ти е на ум. Ништо не ми премолчувај.
Во овој миг, јасновиден сум. Ако лажеш, ќе ти ја прсечам главата. Ако право говориш, ќе те ослободам.“ Напластува седум Корани еден врз друг и се колне дека ќе стори ко што вели. Кога конечно се прибира, девојката му кажува за сè подробно. За логорот на полјаната, за убиството на лавот, за враќањето на војсководецот во шаторот со кренато мандало, сè уште тврдо како рог од носорог.
Наспроти органот на Калифот што паѓа од глувчи шум.

Скриеното секогаш излегува на виделина. Не сеј лошо семе. Сигурно ќе про’рти. Дождот и сонцето ќе направат да се крене во воздух. Пролет доаѓа после листопадот, што е доволен доказ за воскреснувањето.
Тајните излегуваат напролет, по земните усни во лисјата. Грижите стануваат мамурлук.
Но од каде дошло виното? Мисли.

Скапоцениот камен на водата
Руми
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.659
Поени од реакции
11.691


“The most important of all the efforts of the White School, from an exoteric point of view, is Islam.
In its doctrine there is some slight taint, but much less than in Christianity. It is a virile religion. It looks facts in the face, and admits their horror;
but it proposes to overcome them by sheer dint of manhood. Unfortunately, the metaphysical conceptions of its quasi-profane Schools are grossly materialistic.
It is only the Pantheism of the Sufis which eliminates the conception of propitiation; and, in practice, the Sufis are too closely allied to the Vedantists to retain hold of reality.”

Magick Without Tears, Chapter VII, Aleister Crowley

П.С. Повелете, станете вистински суфии :)

Sufi Orders

 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.659
Поени од реакции
11.691

На овој линк може да симнете превод на македонски јазик на дел од поезијата на Руми, преведени од д-р Ана Пејчинова.
Уживајте... :)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.659
Поени од реакции
11.691

„Постојат многу патишта по кои се трага, но потрагата е секогаш иста.
Зарем не гледаш дека патиштата што водат до Мека се различни,
со тоа што едниот доаѓа од Византија, другиот од Сирија, а други пак минувајќи преку копното и морето?
Оттука. раздалеченоста на овие патишта што треба да се минат е секојпат различна;
но, кога ќе стигнат до целта, расправиите, кавгите и несогласувањата исчезнуваат, бидејќи срцата се спојуваат…
Оној полет на срцето не е ниту верата, ниту неверството, туку љубовта.“
- Мевљана Џалал ад-Дин Мухамад Руми
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.659
Поени од реакции
11.691

ВРАТА

Салих од Газвин им зборувал на своите ученици:
„На секој оној кој упорно чука еден ден ќе му се отвори вратата“.
Слушајќи го еднаш како го зборува тоа, Рабија му дофрлил:
„Колку долго планираш да зборуваш 'Ќе се отвори'? Вратата никогаш и не била затворена"
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.506
Поени од реакции
1.068
Над мислите за дела добри и зли, лежи една полјана.
Ќе се сретнеме таму. Кога душата легнува во таа трева, светот е преполн за говор.
Мислите, јазикот, дури и оној израз заемно, губат смисла.

Руми: Посебна полјана
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.659
Поени од реакции
11.691
:love:
Да се потсетиме, мислам дека е споделувано веќе на форумов...

 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Само да дојаснам нешто шо прочитав у првите постови на темата.
Суфизмот не е дел од исламот, туку исламот е остаток од Суфи учењето откако се изгубило со тек на времето, нешто кое се дешава со многу изворни спиритуални учења, како што и библијата била искасапена со вековите и христијанството е вакво какво што е, само празни догми.
Meher Baba во Bog Govori дава паралела на Јога и Суфи науката.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.659
Поени од реакции
11.691
Големата црвена книга,
Руми
Достапна е на македонски јазик, 2 томно издание :)

IMG_20210530_070108.jpg
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.506
Поени од реакции
1.068
Малку по малку, одбиј се од дојката.
Ова е суштината на она што имам да ти го кажам.
Од зачеток, чија храна доаѓа во крвта,
премини во бебе што млеко пие,
па во дете на цврста храна,
па во трагач по мудроста,
па во ловец на поневидлив плен.
...
Го прашав зачетокот зошто останува
склопчен во мракот со затворени очи.
Чуј му го одговорот.
Нема „друг свет.“
Го знам само она што сум го искусил.
Тебе мора да ти се причинува.

Руми
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Со Руми имам посебен однос и можеби е еден од најдлабоките поети кои пишуваат за спиритуалното и Бог, рака под рака со Рабиндранат Тагоре. Ќе си дозволам да преведам една строфа од англиски бидејќи немам ништо на македонски од него. Оваа строфа е едно најпрекрасните нешта што ги имам прочитано, а да зборуваат на толку јазици што не се вербални.

Таму каде сѐ е музика

„Дрндањето и нотите од флејтата
се издигаат кон атмосферата,
дури и ако сите харфи на светот изгорат, сѐ уште ќе има скриени инструменти што свират".
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom