Супер лига, да или не?

Дали сте за Супер лига?


  • Вкупно гласачи
    299
  • Гласањето е завршено на .
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.976
Поени од реакции
8.242
А на пријателските не можи да му ги повреди некој звездите ? Или ако ми ја скрши Меси ногата барем со стил нека биди на Ел Класико :)
Нека не играат и во лигите ако е за така, и таму има екипи од долниот дел на табела кои се бетер од нивото на Башакшеќир.
Јбг милиони земаат нека одат на модна писта ако се плашат од повреди.
Веројатноста да се повредат на пријателски натпревар е многу помала, за разлика од тоа небитно коло против кучиња од Турција кои 10 години чекаат за изиграат со европски гигант и да дадат се од себе за да не изгубат.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.607
Поени од реакции
8.292

Од завчера го следам ова, Скај спортс се чини дека се скроз против идејата. Ебате беља занеш дека си ебал работа кога и медиумите ти вртат грб.
Гледајте кој све не се изјасни против лигата.
Медиумиве, поготово Скај се најголеми проститутки. Осеќаат дека го изгубиле бизнисот и сега ќе водат муабети од типот "Against Modern Football", а уствари истите почнаа да лажат за трансфери и да штампаат шпекулации ко просечен рамче на семафор. Скај највише почнаа да забегуваат откако отворија кладење на трансфери. Да не зборам дека анусот си го шитнаа за кликови.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.833
Поени од реакции
6.392
Скај Спортс се бунат, истите Скај кои наплаќаат претплата за ПЛ вредна „џепарац“ 70 фунти месечно :icon_lol:
Каде виде дека се 70 фунти?

Инаку поентата останува, цел свет се сврте против нив, вклучувајќи ги и медиумите кои веќе ги изнакупија правата на домашните првенства и планираа тоа да го прават и понатаму. Значи лигата нема поддршка ни од целата елита во Европа, самите тренери и играчи полека, но срамежливо даваат изјави против лигата, скоро сите легенди, спортски новинари и 80% од навивачите и сите можни фудбалски организации од врв до дна оштро се против. Побогу дури и владата најавува легислативи да ја скинат суперлигата уште во старт.

Не знам со кој памет мислеа дека ќе пројде ова.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Газдите имаат многу подобар преглед во ситуацијата за разлика од УЕФА. УЕФА всушност не знае кај тера во сета оваа приказна. Сеуште се закоравени во 2000-тите и немаат никаков план. Реално, со овој формат и учесниците гледаноста на суперлигата ќе биде 20 пати погледана од ЛШ, а тоа генерира неверојатни профити. УЕФА е бавна со реформи како ЕУ со вакцините, а сака таа да бере пари. Е сега, да не се лажеме јасно е дека тука губат и домашните лиги и купови. Веројатно ако ја стокмат СЛ на краток рок куповите ќе ги откажат екипиве. Нормално, сега номинално не се осудуваат на тоа, но јасно е дека ќе тежнеат да се откачат од тие утакмици. Ова е сериозна штета за Барса фанс, зашто само таа титула им е во домет, но или Копа дел Мотика или распад систем е изборот. А и секако дека лигите ќе паднат на атрактивност, послаба ќе биде борбата заради тоа што помалку ќе се замараат суперлигашите реално на загарантиран пласман во СЛ.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Они бараат 15 фунти pay per view за WBA-Norwich?
Не знам дали беа тие или БТ ама знам колку чини месечно зошто нонстоп кога се бараат стримови по твитер нишки ги псоваат дека нема шанси толку пари да даваат :D
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.607
Поени од реакции
8.292
Проблемот е што на одреден број на екипи ке им биде загарантирано учество во таа лига, и загарантирани пари. Ко што кажа клоп вчера, ја сакам да го гледам Вест Хем во ЛШ ако завршат во топ 4. Со новиот формат, тоа нема никогаш да се случи. Влез во топ лига треба да е по заслуга, а не God given right за некои од овие клубови.

Не може да има 50% туристи, кога имаш 55000 сезонски карти секоја година. За стадионот, греота, се шокирав кога видов во каква состојба е Олд Трафорд, како и Ноу Камп. Срамота за такви клубови.
Мислев околу 35.000 се со сезонски карти, па оттука и 50%, моја грешка.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.314
Поени од реакции
19.787
Веројатноста да се повредат на пријателски натпревар е многу помала, за разлика од тоа небитно коло против кучиња од Турција кои 10 години чекаат за изиграат со европски гигант и да дадат се од себе за да не изгубат.
А во домашните лиги ?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Каде виде дека се 70 фунти?

Инаку поентата останува, цел свет се сврте против нив, вклучувајќи ги и медиумите кои веќе ги изнакупија правата на домашните првенства и планираа тоа да го прават и понатаму. Значи лигата нема поддршка ни од целата елита во Европа, самите тренери и играчи полека, но срамежливо даваат изјави против лигата, скоро сите легенди, спортски новинари и 80% од навивачите и сите можни фудбалски организации од врв до дна оштро се против. Побогу дури и владата најавува легислативи да ја скинат суперлигата уште во старт.

Не знам со кој памет мислеа дека ќе пројде ова.
на овие 18 или 20 фунти додади и 35 фунти фиксна месечна претплата како што си плаќаме и ние на операториве. А ако сакаш пакет со Скај и БТ, наздравје...

1618929185583.png

Добро кажа и Видук, не знам кој од нив бараше 15 фунти PPV за Норвич - Фулам и слични глупости :pos: ниеден не им купи.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.674
Поени од реакции
59.791
“It’s time to create a less ‘arrogant’ way of doing football; the solution is to reduce costs.”
- Карл Хајнц РУ-МЕ-НИ-ГЕ

Апсолутно. Најдобро ќе им беше на овие 12 клуба + Германците и ПСЖ, да направеа пакт дека нема да плаќаат повеќе од 50 милиони по трансфер и нема да даваат плата поголема од 10м НИКОМУ. Тогаш немаше да се заглавени ко Грчка.

Ама не, трансфери од 200 милиони правеа, рушеа рекорди... какви его-манијаци...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.348
Поени од реакции
26.350
Сите ќе ја гледаат.

И на првиот 0-0 резултат масовно ќе бидат тагнувани @blanco и @Inglourious Basterd да ги прашуваме дали уживале у суперлигашкиот спектакуларен фудбал.
Кога ќе се смени правилото за офсајд, ќе се дозволат 11 играчи на клупа, и ќе може да има измени на играчи како во кошарка и ќе се воведе времена суспензија од 5 минути за жолт картон нема да има 0-0 натпревари. :love:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.674
Поени од реакции
59.791
Кога ќе се смени правилото за офсајд, ќе се дозволат 11 играчи на клупа, и ќе може да има измени на играчи како во кошарка и ќе се воведе времена суспензија од 5 минути за жолт картон нема да има 0-0 натпревари. :love:
Да не застануваме тука, и слободни фрлања и трочекор нека воведат.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.348
Поени од реакции
26.350
Да не застануваме тука, и слободни фрлања и трочекор нека воведат.
Не е лоша идеја. Со слободните не знам како би функционирало, ама може да се воведе правило дека кога се брани корнер, повеќе од 5 фудбалери (сосе голманот) не смее да бидат во сопствениот шестнаесетник.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom