Ако сакаа промени во УЕФА и повеќе пари од ЛШ можеа на многу подобар начин да им се спротистават на бирократите. Со ова што го направија со приватнава лига, само успејаа да испаднат полоши од овие од УЕФА. Мене не ми смета промена на формат, ете и таков некој сличен како Супер лигава, мислам и на 90 посто од фановите не би им сметало, али да може да играат како и до сега, најдобрите во првенствата. Не смее ни еден клуб, макар бил Реал, Барса, Јунајтед, Ливерпул, Баерн, да има загарантирсно место. Тоа место мора било кој да го заслужи преку домашен шампионат. Без тоа, фудбалот нема никаква смисла. Глупиве муабети, у стил, види ги арапиве, даваст по 100, 200 милиони на трансфери, плати, а тука се против лигава се на ниво на трето одделение. Тоа што фрлаат толку пари, не им гарантира ниту сигурен пласман во ЛШ, ниту титула. ПСЖ што ако фрлаа толку пари, кога немаат ЛШ освоено. Монако пред некоја сезона освои титула у првенство пред нив. А тоа што трошат толку, не им го ускратува правото на уште две екити од Франција да играат ЛШ, па да стигнат и до полу финале и Монако и Лион. Исто е и во Англија, грдните милиони на Јунајтед, Челзи, Ливерпул, Тотајнхем, Сити, Арсенал, не им гарантираат ни топ 4, а камо ли нешто друго, ако не работат правилно. Јунајтед на толку потрошени пари, секоја втора сезона не е во топ 4, Арсенал исто,еве го Ливерпул сезонава. Од друга стана имаш екипи ко Лестер, сезонава и Евертон и Вест Хем, кои се далеку послаби финаансиски од првиве, а имаат подобри резултати. Која би била поентата на домашните првенства ако моќните ги направиш уште помоќни, екипите од средина на табела или у случајов Лестер, Евертон, Вест Хем, ги уништиш финансиски затоа што вложувањто во нив ќе нема никаква поента. Зошто би вложувале во тимовите и би се појачувале, кога финансиски ни проближно не би можеле да се носат со шесторкава, а борбата за повисок пласман, борбата за да искочат во Европа и се натпреваруваат со најдобрите, би била залудна. Секој клуб што не е дел од елитава би паднал и финансиски и на квалитет, што значи и паѓање на квалитетот на лигата, а со тоа и на финансиите.
И мене не ми се допаѓа работата на УЕФА/ФИФА, пред се неспроведувањето на ФФП подеднакво за сите, светското во Катар, уште некои други работи и дефинитивно елитниве клубови најдобро и најефикасно можат да се спротиствават и са издејствуваат промени, али не на ваков начи со формирање приватна лига. Само покажаа дека нив не им смета ништо од ова во УЕФА, туку дека не сакаат да делат пари со останатите туку цел колач да го делат они самите. Затоа и испаднаа полоши и од овие до ФИФА/УЕФА.