Студирање во странство

Meh

Член од
15 април 2012
Мислења
1.341
Поени од реакции
2.211
Инаку не знам дали си запознаен,знаеш колку од овие 5 финансираат странски студенти ? да ти помогнам.. никој.. не знам од каде ти се информациите дека овие финансираат странски студенти..

2 и 5 даваат стипендии на македонски граѓани. Појди на веб страницата на американската амбасада и слободно провери.

А, дека ->

Верувајте, има многу начини да се дојде до стипендија за студирање во странство, но до ниедна не се доаѓа лесно и никогаш нема да дојдете до стипендија ако прашате на форум "е ај наброј ми 5 или 10 фондови што даваат стипендии."

е точно, точно е. Google пред тебе и обидувај се да пребараш преку клучни зборчиња, земја по земја и ќе видиш дека има. Само што, за мастер стипендии грото (90%) се веќе изминати роковите, за докторски студии имаш во секое време (едно mladiinfo.com ти е добар почеток за пребарување за било какви студирања)...

Don't be lazy. Good luck. :)
 
^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Кога ќе ти даде некој од овие 5 тебе стипендија дојди и ќе те частам вечера.. вака фулбрајт стипендира ?

Thank you for contacting the Institute of International Education (IIE) with your questions about the Boren Scholarship (undergraduate) and Fellowship (graduate). The Boren Awards offer assistance to U.S. citizens enrolled in regionally accredited U.S. institutions of higher learning to study overseas less commonly taught languages in world regions critical to U.S. national security excluding Western Europe, Canada, Australia and New Zealand.

If you are not a U.S. citizen and if you are interested in studying in the United States, then you would not be eligible for this award.

Се водев според вики статијата за Фулбрајт каде пишува дека поддржува размена и на странски студенти во САД. Без разлика, и да погрешив таму има еден куп фондови што поддржуваат странски студенти во САД, тоа е сигурно. Нема да ти биде лесно колку на домашен студент што ќе му е за да најдеш стипендија, но сигурно има начин доколку се побара и се проба.

За волја на вистината, студирам во странство и сум на стипендија, веќе втора година со ред. Стипендијата ми ги покрива пола од трошоците за студирање за времетраењето на целите студии, што се разбира не е малце. Што значи се може.

Во Македонија ќе бидам во јули. Зашто нели вети, десетка ќебапи со буковец и кромид би биле доволни, ќе те молам.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.710
Поени од реакции
5.456

Другар страната каде што гледав ги видов пишуваше интернатионал, фала пријатно. За нешто што мене не ме засега сигурно нема да седнам и да читам опис па да ти одговорам 100% точно иначе фулбрајт и уште една на Х беше сигурно даваат и на мкд студенти. Јас моите студии знам дека ке ги продолжам во Шведска, така да тоа што се потрудив да ти реплицирам беше само за да не губат храброст останатите кои бараат начин да заминат.

ПС прашуваш „вака фулбрајт стипендира ?“, а под тоа си ископирал докас од Борен. NICE TRY
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
пишуваше интернатионал, фала пријатно
Ти другар знаеш по интернатионал што се може да спаѓа? ако е интернатионал мора да е само за студенти и тоа баш и Македонски студенти да бидат вклучени ? јас ете ти ти копирав што ми вратија на е-маилот,пиши им ќе видиш дали финансираат македонски студенти..
 
Meh

Член од
15 април 2012
Мислења
1.341
Поени од реакции
2.211
ас моите студии знам дека ке ги продолжам во Шведска, така да тоа што се потрудив да ти реплицирам беше само за да не губат храброст останатите кои бараат начин да заминат.
Ви се вмешувам во муабет. :)

На кој факс отиде во Шведска? Јас сакав, но ради X причини го утнав рокот за пријавување. Ги разгледував факултетите и нивните програми - ОК се. Не можев да одберам една. :гик:
 
Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.501
Поени од реакции
1.894
Дали за стипендииве што ги спомнувате се бара да имаш некој просек од факултет(заинтересиран сум за посдипломски студии) и дали треба да имаш положено IELTS или TOEFL?

п.с. Има слушнато некој за Algonquin колеџ во Отава,моментално таму размислувам да одамж на поздипломски на School of Business.
 
GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Се водев според вики статијата за Фулбрајт каде пишува дека поддржува размена и на странски студенти во САД. Без разлика, и да погрешив таму има еден куп фондови што поддржуваат странски студенти во САД, тоа е сигурно. Нема да ти биде лесно колку на домашен студент што ќе му е за да најдеш стипендија, но сигурно има начин доколку се побара и се проба.

За волја на вистината, студирам во странство и сум на стипендија, веќе втора година со ред. Стипендијата ми ги покрива пола од трошоците за студирање за времетраењето на целите студии, што се разбира не е малце. Што значи се може.

Во Македонија ќе бидам во јули. Зашто нели вети, десетка ќебапи со буковец и кромид би биле доволни, ќе те молам.
Вики статија ете ти црно на бело и на тебе со вики статија... ти постирав што ми вратија ? и кој кого треба да части сега..? дај не ме заебавај.. не ми е мене ни за ќебапи ни за докажување туку сериозно ми треба,ми треба за студирање на една од воените академии во САД,Вест Поинт.. таму викаат дека за меѓународни студенти може да се запишат под два услова: нивното министерство за одбрана да ги праќа,или да се/да имаат Американско државјанство/зелен картон.. во случајов ни Министерството праќа ни имам Американско државјанство..
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.710
Поени од реакции
5.456
Ти другар знаеш по интернатионал што се може да спаѓа? ако е интернатионал мора да е само за студенти и тоа баш и Македонски студенти да бидат вклучени ? јас ете ти ти копирав што ми вратија на е-маилот,пиши им ќе видиш дали финансираат македонски студенти..
Очигледен проблем со разбирањето на тоа што го напишав Внимателно прочитај што ти е болдирано.

Другар страната каде што гледав ги видов пишуваше интернатионал, фала пријатно. За нешто што мене не ме засега сигурно нема да седнам и да читам опис па да ти одговорам 100% точно иначе фулбрајт и уште една на Х беше сигурно даваат и на мкд студенти. Јас моите студии знам дека ке ги продолжам во Шведска, така да тоа што се потрудив да ти реплицирам беше само за да не губат храброст останатите кои бараат начин да заминат.
Сериозно мислиш дека имам намера да ги контактирам и да прашувам за нешто што не ме интересира. Ти кажав немам намера ниту да го прочитам нивниот опис детално за да увидам кој се држави им спаѓаат под интернатионал. Ало ти сакаш за таму ти треба да го читаш тоа и да бараш на интернет, а не јас да ти го правам тоа. Јас мојата домашна за тоа каде сакам да студирам си ја завршив одамна, сега ми е останато само да одберам студиска програма која мене ке ми одговара и да ја комплетирам мојата последна година од додипломските студии во мкд. Се надевам сега ти бев појасен.
Ви се вмешувам во муабет. :)

На кој факс отиде во Шведска? Јас сакав, но ради X причини го утнав рокот за пријавување. Ги разгледував факултетите и нивните програми - ОК се. Не можев да одберам една. :гик:
Бев една година на размена на Mälardalens högskola во Västerås, истиот факултет се наоѓа во два града веке споменатиот каде што јас престојував и Eskilstuna. Па во зависност од типот на студии си сместен во еден од овие два града. А за мастерот уште немам решено на кој ке аплицирам имам време прво да ја завршам оваа година тука и да дипломирам па здравје боже или на лето (за да почнам од јануари) или пред НГ да аплицирам за да си почнам нормално, ама веројатно ќе аплицирам во Гетеборт и Малмо плус уште некој град кај што ке најдам интересна програма па каде ке ме примат таму :)

Вики статија ете ти црно на бело и на тебе со вики статија... ти постирав што ми вратија ? и кој кого треба да части сега..? дај не ме заебавај.. не ми е мене ни за ќебапи ни за докажување туку сериозно ми треба,ми треба за студирање на една од воените академии во САД,Вест Поинт.. таму викаат дека за меѓународни студенти може да се запишат под два услова: нивното министерство за одбрана да ги праќа,или да се/да имаат Американско државјанство/зелен картон.. во случајов ни Министерството праќа ни имам Американско државјанство..
Епа другар тогаш не е проблемот само до стипендиите, за да добиеш било која од нив мораш да бидеш примен прво на универзитетот. А како што кажа ти не си примен и не ги ни исполнуваш условите за запишување. Прво обезбеди си еден од условите за запишување па после продолжи да бараш финансии за студирањето. Или мислеше ајде ке добијам стипендија па ке ми дадат зелена карта, не иде така постапката за жал.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Fullbright stipendira samo 1, treba da si genie, za da dobries fullbright stipendija...
 
^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Вики статија ете ти црно на бело и на тебе со вики статија... ти постирав што ми вратија ? и кој кого треба да части сега..? дај не ме заебавај.. не ми е мене ни за ќебапи ни за докажување туку сериозно ми треба,ми треба за студирање на една од воените академии во САД,Вест Поинт.. таму викаат дека за меѓународни студенти може да се запишат под два услова: нивното министерство за одбрана да ги праќа,или да се/да имаат Американско државјанство/зелен картон.. во случајов ни Министерството праќа ни имам Американско државјанство..
Види сега. Тоа што ти пробуваш да објасниш е дека не можеш да добиеш некоја си Борен стипендија. Тоа што јас спомнав е дека Фулбрајт овозможуваат стипендии за странци. Две различни работи друже. Ти ми реплицираше на постот каде јас зборував за Фулбрајт како пример давајќи ми извадок од меил во врска со друга програма.

За жал, ако не можеш да добиеш стипендија од таа институција, тоа е тоа. Не е крај на светот. Немам намера да се објаснувам себеси но ќе ти кажам дека имам безброј пати аплицирано за разни студии или ме одвивале, или па ме примале но сум немал финансии. На крај, успеав да добијам стипендија и да студирам тоа што сакам.

Ако едни те одбиле, пробај на друго место. Некаде можно е да добиеш позитивен одговор. Поентата ми е не дела Фулбрајт или Трајче или Стојна давале стипендии, туку тоа дека има многу фондови што нудат можности. Ако тебе не ти успее, можеби и нема начин да се студира тоа што сакаш како македонски студент. Но да тврдиш дека нема начини да се добие стипендија во земја како Америка е рамно на лудило.
 
Член од
11 декември 2011
Мислења
51
Поени од реакции
19
Ќе може ли некој поупатен да ми каже какви се можностите да се добие стипендија во Словенија за постдипломски студии (електро), во Љубљана или Марибор, сеедно... Каде би можела да се информирам подетално, како се аплицира, кога се роковите и слично...
Колкави се трошоците без стипендија? :)
 
Непроверена е информацијава ама мислам дека МКД и sLOVEnia имаат билатерална спогодба со која си ослободена од плаќање на партиципација (може и да се лажам земи со доза на резерва). За се останато http://www.studyineurope.eu/study-in-slovenia .
Стипендија пробај со гоогле, а јас ке се потрудам да ти најдам информации за Вишеградска стипендија (или побарај ја на нет) ама оваа не е за фулл мастер делумно ти покриваат.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
И јас мислам дека има билатерална спогодба со Словенија. Инаку и јас сум заинтересиран за Словенија па ако најдам нешто или ако имате инфо пишете :)
 
Член од
6 март 2014
Мислења
11
Поени од реакции
0
Ima li nekoj sto studira bo Belgrad srbija planiram tamu da ucam za turizam ako ima nekoj neka pise dali e dobro tamu
 
Meh

Член од
15 април 2012
Мислења
1.341
Поени од реакции
2.211
Овие денови почнаа да стигаат резултатите од Еразмус стипендиите од JoinEU-SEE и Basileus...

Јас аплицирав на двете. Овие од JoinEU-SEE не се нормални. Ќе ги цитирам:

"Unfortunately, your application was rejected because the course has reached its capacity. Therefore, this is not necessarily a reflection on your grades, it is due to something out of our control."

Во превод, согласно другата комуникација што следеше потоа - џабе деца аплицирате, ние ќе си ги пополниме курсевите со наши луѓе, од нашата земја, до крај - да нема место за други...ама ќе го рекламираме курсот оти убаво звучи. И ти џабе чекај си со месеци резултати и надевај се.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom