Студирање во странство

Член од
7 јануари 2014
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво! Знаете ли некој факултет за мастер архитектура во странство (европа), но програмата да биде на англиски?
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
72
Поени од реакции
4
Има ли некој што е запознаен со Ерасмус, дали се бара висок просек да имаш па да те примат, или не е толку битно тоа, покрај другите фактори?пошто нее ми се напиња за оценки, со 8.0 да може топ :P и сертификат за англиски мора, или зависи од факултетот кај што аплицираш, да си прашаш и видиш посебно?
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.711
Поени од реакции
5.456
Здраво! Знаете ли некој факултет за мастер архитектура во странство (европа), но програмата да биде на англиски?
skoro site zemji vo evropa osven francija i germanija(mada i tamu se naogaat programi na eng), norveska i danska se free za skolarina i slicno ama se skupi za zivot, svedska zavisi od toa koj fax sakas ima razlicna cena od 10 do 15k evra godina samo za studii.na google pisi studyineurope nemozam da ti baram od telefon sum obicno e prv lonk imas informacii za site zemji skoro
Има ли некој што е запознаен со Ерасмус, дали се бара висок просек да имаш па да те примат, или не е толку битно тоа, покрај другите фактори?пошто нее ми се напиња за оценки, со 8.0 да може топ :P и сертификат за англиски мора, или зависи од факултетот кај што аплицираш, да си прашаш и видиш посебно?
vrska nema prosekot so izborot, prosek gledaat ako ima mn prijaveni za programata sto si apliciral. preku erasmus obavezno e toefel, a moze i drug test zasto ne sekade imas studii na angliski za dodiplomski studii
 
Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Има ли некој што е запознаен со Ерасмус, дали се бара висок просек да имаш па да те примат, или не е толку битно тоа, покрај другите фактори?пошто нее ми се напиња за оценки, со 8.0 да може топ :P и сертификат за англиски мора, или зависи од факултетот кај што аплицираш, да си прашаш и видиш посебно?
Нема потреба од висок просек. Доволно е да си мотивиран, да најдеш место каде што сакаш да одиш, и малку повеќе среќа. Инаку, ако програмата на универзитетот во земјата каде што сакаш да одиш на размена е на англиски, ќе ти треба ТОЕФЛ. Ако е на германски, ДеЕсХа, или барем Ц1 ниво на познавање на германски јазик.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Ме интересира дали некој знае кој е најдобар факултет за мастер студии по Економија во скандинавските земји, било да е Данска/Норвешка/Шведска, сеедно, ама на англиски да биде програмата?
 
Мислам дека во Шведска Göteborg/Uppsala University важат за подобри во економија ама не сум 100% сигурен. Да прашуваше за инжениерските струки како од пушка ке ти го пишев Chalmers University и КТХ (ова ти е кратенка од Royal Institute of Technology). За другите земји незнам, ама може да ти биде од корист податокот што во Шведска ке мораш да плакаш за студиите, а во другите две земји ти се бесплатни.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
За другите земји незнам, ама може да ти биде од корист податокот што во Шведска ке мораш да плакаш за студиите, а во другите две земји ти се бесплатни.
Не го знаев тоа, фала ти, додуша мене Данска најмногу ме привлекува, иако ми е рано за мастер студии, би го одбрал Универзитетот во Копенхаген или Архус :)
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.711
Поени од реакции
5.456
Убаво е да си имаш план уште од сега затоа ти викам убаво разгледај си ги можностите и види каде би ти одговарало најмногу. За данска викаат дека е најнепријателска од сите тие таму. Да не бидам погресно сватен него дека данците биле ладни (иако и за шведите ми викаа ладни се ова она па јас супер си поминав една година таму). Исто да знаеш дека Шведска е најефтина за живот од сите тие зборам за секојдневни трошоци што ќе ги имаш за јадење кафе и слично.
Ако те интересира нешто повеќе инфо ама за Шведска збориме пиши ке споделам какво искуство имав јас.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
653
Поени од реакции
434
Студент сум на Финки, 3та година, и незнам ништо во врска со студирање во странство :D

Прашања: Има можност за стипендија за одење во странство за време на додипломски (нареднава година и пол), или дискутирате само за постдипломски? Дали тешко се добиваат стипендиите, зашто немам некој просек? И најважно, за колкави стипендии зборуваме, full платено школување, нешто престој, или? Отприлика колкава сума би ми требала?
 
зависи од програмата на која си аплицирал, земјата во која сакаш да одиш/ќе ти одобрат да одиш. Имаш мн фактори кој влијаат на твоиве прашања. Биди по прецизен за да може да ти се одговори. Иначе имаш можност да одиш. И јас сум на финки па ете бев исто нема којзнае колку голем просек :)
 
Нити знам конкретни програми, нити имам зацртано земја во која сакам да одам. На темава дојдов со цел да си ги решам филмовите што ми се вртат низ глава и желбата за излегување од државава и докажување, барем на кратко. Ако стипендиите се делумни, или покриваат само школарина па да ти требаат многу пари, ги бришам филмовите, барем за годината одма после дипломирање.

Ете ајде да соберам некое инфо од тебе, како колега од Финки :). Во тек на додипломски беше? Каде, како доби стипендија, што ти беше платено со неа, колкави ти беа трошковите - онака отприлика, што доби со одењето и колку си задоволен од одлуката да отидеш? :D
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.711
Поени од реакции
5.456
програми имаш милион, најпозната е Ерасмус (таа е за размена на студенти) и секоја од нив е разлицно покритието. У принцип секогаш кога си на размена не плакаш за студиите, и најчесто добиваш некоја сума што ти помага во твојот престој таму. Пример за ерасмус имаш од 400 до 1000 евра месечно зборам за додипломски (и да јас на нив бев). Трошоците пак ке речам зависи во која земја сакаш да идеш мора да имаш некаде каде би сакал да аплицираш неможеш со една апликација и готово оваа ми е за сите земји па кај ме примат таму. Секогаш наведуваш 2-3 земји и мегу нив ти одбираат. Јас идев преку програма што беше објавена на страната на финки разгледај веројатно има конкурс годинава пак и завршува на 31 јануари (имаш доволно време да ги собереш сите документи). Програмата се вика еуровеб.

Е сеа за целосни стипендии во различни земји различно покриваат. Ама тие ти ги даваат државите каде што си аплицирал и се во мал број за македонци, а и за нив пријател треба страсен успех да прикажеш. Еве ти прост пример за шведска даваат 4 или 5 стипендии за студенти од мкд. И сеа јас од финки со просек малку под 8 кој ми се шансите коа на економски има милион луге што завршуваат со просек над 9 се надевам ме разбра. За овие стипендии не се гледа по студиска програма него се рангираат студентите по нивните успеси, исто така ке ја рангираат и твојата фамилија за да видат колку ти можеш да си дозволиш нормално нема да му дадат на некој кој и без тоа може да си дозволи да студира на нивниот факултет.

Затоа биди конкретен за тоа што сакаш за да можам најмногу да ти помогнам. Убаво што имаш филм у главата еве на пример јас бев у Шведска и ми беше платено се освен тие нешто ситно пари што ги потрошив за да ги соберам сите документи пред да аплицирам (успеав да ги соберам за 1 ден ако нешто ти значи, ама бев решен да пробам). И таму добивав доволно пари да си покријам најосновни трошоци, сместување, храна, дружење (али под ова не подразбира пијанчење секое искачање и пушење цигари, ако ги правиш овие работи ке мораш да скратиш на друго), шетање низ балтичките земји. Можев и низ европа ама ете не отидов :( , наредна прилика сигурно ке ја има :) .
Колку сум задоволен од одлуката презадоволен, искуство кое топло му го препорачувам на секој студент.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
653
Поени од реакции
434
Ај уште две follow-up прашања, откако исчитав доста за Euroweb.

Рокот што е до 31ви Јануари е за од септември? Гледам дека не е за еден семестар, туку се спомнуваат 10 месеци, така да цела четврта година би ми ја сметале.

Колку всушност е тешко да влезеш? Дали имаш некоја претстава од тоа колку Македонци имало пријавено според резултатите што си ги добил? Зашто гледам дека така се ограничени според држави, 24 места имаше за Македонци. Ми спомна и некои успеси погоре, на страна од просекот, ти имаше приложено добиени натпревари и слични такви успеси или не се разбравме добро? :)

Поздрав и фала многу за одговорите. Да не прашав, ќе немав појма дека сега е последниот рок да фатам вакво нешто, со оглед на тоа што имам уште една година студии.
 
Meh

Член од
15 април 2012
Мислења
1.341
Поени од реакции
2.211
Убаво е да си имаш план уште од сега затоа ти викам убаво разгледај си ги можностите и види каде би ти одговарало најмногу. За данска викаат дека е најнепријателска од сите тие таму. Да не бидам погресно сватен него дека данците биле ладни (иако и за шведите ми викаа ладни се ова она па јас супер си поминав една година таму). Исто да знаеш дека Шведска е најефтина за живот од сите тие зборам за секојдневни трошоци што ќе ги имаш за јадење кафе и слично.
Ако те интересира нешто повеќе инфо ама за Шведска збориме пиши ке споделам какво искуство имав јас.

Шведска баш пред недела дена ги затвори апликациите за мастерс студии. И да, најефтина е таму. :)

Studyinsweden.se е страницата, за некој од погоре што прашуваше. Имаш навистина обемни информации.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom