Некој ден кога ќе го тепам Драги од ЕКТС ќе ме слушнете на вести.
Иницијалите на напаѓачот ќе бидат Д.С. :wink:
Легенда ееееј......
Овој и многу други случаи е доказ дека студентскиот сојуз е нефункционален и треба да се трансформира или да почне да се изгради нов систем на како студентите ќе можат да влијаат на некои негативни работи како некоректното однесување на професорите и асистентите кон студентите.
Јас не знам како е поточно тоа кај нас регулирано, ама тука кај мене во германија има студентски парламент и посебни студентски групи за секој одделен факултет и посебни претстваници на за секој одделен модул на студии, каде тие што се застапници го имаат истото право на глас како и професорите кога се донесуваат некои битни одлуки како за нов професор, или пак некои големи инвестиции, како и промени во програмите за студирање и сл. работи, освен тоа ја имаат моќта да ако навистина има некој проблем со некој асистент се занесува или професор и ги престапува нормални те овластувања и етички граници за еден професор да се бунат кај ректорот и секогаш имаат поддршка ос студентскиот парламент што значи дека може да се влијае директно како студент врз порфесорите и останатите предавачи.
Нормално професорите и другите предавачи и асистенти имаат етички кодекс на силна самокритика па си дозволуваат да бараат компромисни решенија за некои проблеми со студентите.
Освен тоа има секој семестар за секое предавање вжеби или семинар формулари за анонимна евалуација која треба студентите да ја пополнат ради евалуација на сите аспекти на предавањето и предметото вклучително и компетентноста односно односот на доцентот, професорот или асистентот кон студентите.
Имено има цела независна интернет страна за евалуација на професорите
www.meinprof.de
може така ако се најде некој со доволно време адаптација на овој сај на македонска верзија ради евалуација на сите професори, доценти и асистенти кај нас , на сите државни и проватни универзитети.