Ернесто ЧЕ Гевара
Hasta La Victoria Siempre
- Член од
- 21 јуни 2010
- Мислења
- 14.133
- Поени од реакции
- 21.038
За бруцоши, кога би требало да има резултати?
Navodno na 5tiЗа бруцоши, кога би требало да има резултати?
супер, примен сум! ајде сеа кажете што документи треба за вселување и препорачајте блок во гоце, дали е добро на погорните спратови или доле? сум чул горе немало топла водадобро сеа има резултати негде или нема?!
Немаше список денеска, секој сам си бираше во кој блок сака.За тие што веќесе вселија во Гоце, дали има списоци кој во кој блок е, и дали може да се смениш на пример ако сум на списокот во Г, а сакам да бидам во А?
На подолните спратови тешко дека ќе најдеш место, денес беше ненормална гужва за вселување.супер, примен сум! ајде сеа кажете што документи треба за вселување и препорачајте блок во гоце, дали е добро на погорните спратови или доле? сум чул горе немало топла вода
Кога има вода секаде има (почесто нема никаде ).супер, примен сум! ајде сеа кажете што документи треба за вселување и препорачајте блок во гоце, дали е добро на погорните спратови или доле? сум чул горе немало топла вода
Тој со диското е тој што се реновира (Б). За апсолвентските не знам сигурно, на една другарка и рекле дека биле веќе 'чекирани'.Усвари не ни сакам на подолните, од тоа што имам приметено на погорните е потивко, само кажете кој беше тој блокот со диското, да знам да го избегнам ако можам. И дали може да се бира соба од тие за еден што се?
фала, само за ова со собата не го поставив прашањето добро, сакав да прашам дали можам да одберам да ми дадат еднокреветна соба наместо двокреветна со цимер. И уште еднаш ако има некој вселен нека каже што документи ќе ми требаат, утре планирам да идам.Тој со диското е тој што се реновира (Б). За апсолвентските не знам сигурно, на една другарка и рекле дека биле веќе 'чекирани'.
Инаку двокреветна можеш да бираш од слободните.
Па апсолвентските се 'сам в соба'- нив тешко ги даваат. Инаку во В и Г блок на крајот од секој спрат имаш т.н. 'кујни' и 'цртални' (Порано биле кујни и цртални, денес се еднокреветни соби) или остави (овие ги има во секој блок позади лифтот). Мислам дека може да бираш не би ти направиле проблем, но јас не би ти ги препорачала.фала, само за ова со собата не го поставив прашањето добро, сакав да прашам дали можам да одберам да ми дадат еднокреветна соба наместо двокреветна со цимер. И уште еднаш ако има некој вселен нека каже што документи ќе ми требаат, утре планирам да идам.
фала ти многу, уште некој да каже дали е ова вистина со копија од заверен семестар. нема шанси да се толку глупи имам испити до 12 септември, како да запишам семестарПа апсолвентските се 'сам в соба'- нив тешко ги даваат. Инаку во В и Г блок на крајот од секој спрат имаш т.н. 'кујни' и 'цртални' (Порано биле кујни и цртални, денес се еднокреветни соби) или остави (овие ги има во секој блок позади лифтот). Мислам дека може да бираш не би ти направиле проблем, но јас не би ти ги препорачала.
Од причина што, првите се на крај, летно време е топло во нив, а зима кочан ладно, а вторите бидејќи се позади лифт, се слуша движењето на лифтот и ќе те ремети на секои две минути.
Не треба тоа.фала ти многу, уште некој да каже дали е ова вистина со копија од заверен семестар. нема шанси да се толку глупи имам испити до 12 септември, како да запишам семестар
Рекоа демек од Понеделник ќе биде конкурсот.Утре ќе има резултати за Бруцошите, и наредната недела требало да запонче пак елктронското. Ќе видиме што ќе биде, се е можно.Нова информација што добив е дека ќе се чека да се вселат и повисоките години и бруцошите, па потоа во зависност од бројот на слободни места ќе се објави нов конкурс... што значи после 15ти.
Не сум сигурна колку е точно.