500 litri e uzasno golem. Nema prostor vo sahta kade da se stavi. Nemoze li da se namesti od malite hidrofori so 25 litri rezervoard?
Па немора во шахта да го ставаш резервоарот може да се намести и позади куќа.Хидрофорот мора да се потопи во вода за да може да ја исмпупува водата, друго решение мислам дека нема. Во спротивно неможе да работи. и јас живеам во населба каде има проблем со притисокот на водата, но за среќа има вода во текот на денот со намален притисок, но навечер и рано наутро притисокот на водата е ок.
Тетка ми живее во истата населба, но во тој дел тие немаат вода во текот на денот, само навечер доцна доаѓа вода,па така проблемот го решија со резервоар и хидрофор.
Ако не го решат во догледно време проблемот со водата тогаш и јас ќе морам да го применам истото решение.
Сега е почнат некој проект со пумпна станица направени се резервоари, спроведени се главните цевки и влева надеж дека ќе се реши, па ќе видиме.
--- надополнето ---
25 литри е малку ќе ја потрошите водата со едно идење у WC, а што ако во моментот нема вода што ќе го дополни резервоарот. Така да не е решение мислам.
--- надополнето ---
Со лепак за хартија како што лепат плакати низ градот мислам дека има во секоја продавница за бои и лакови. А за сјај ефект оди во Касвер или ДЛУМ продавниците каде што се продаваат материјали за уметници мислам дека имаат премази.
--- надополнето ---
Малтерот на ѕидовите кои се во контакт со земја се уништува од влага, што- како треба да се направи за ѕидовите да останат суви и колку би чинело ? .. Површината на ѕидовите е околу двасет метри квадратни, а објектот е граден во социјалистички стил, значи без изолација. Инаку планирам да ја оспособам просторијата за секојдневен престој, и да поставам гипс картон плочи.
Можеби веќе си го решил проблемот но сепак ќе пишам за некој да не има сличен проблем.
Многу голема инвестиција и скапо ќе те чини од искуство ти кажувам - пишувам. Ниеден премаз за влага нема да ти помогне доколку измачкаш само од внатре од старт да знаеш. јас морав цела куќа да ја ископам до темел 1,5 метар длабочина и ставивме премаз битулит па со бренер лепевме кондор трака врз кондор траката е ставана гума црна со топчиња па потоа ја затрпавме. Па направивме тротоари 1,5 метар широки со канал за водата од олуците да не се задржува. И сега за сега е добро па ќе видиме сеуште не ја користам подрумската просторија чекам некое време да помине па да видам како ќе биде.
Па ова само изолацијата беше околу 750 еур
А со тротоарите околу 350 еур.
И уште едно предупредување доколку водите се подземни нема спас па што сакаш прави и исто така ако живееш на место каде природно има вода или било мочурливо се е џабе единствено ти останува да го затрпаш подрумот.
кај нас се збираше атмосферска вода.