Стручна помош - архитектура и градежништво

  • Креатор на темата DartWader
  • Време на започнување
D

DartWader

Гостин
Звучна изолација

Имам подрум голем 20 м2 и сакам да направам звучна изолација бидејќи ја користам просторијата за проби со бендот. Ако може некој ми објасни како се прави и колку би ме чинело тоа . Поздрав :smir:
 
КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Биди малку појасен - сакаш комплетна, градежна звучна изолација за внатрешен простор, или колку да немаш ехо, па може тоа да се реши и со табли од јајца?
 
D

DartWader

Гостин
Комплетна звучна изолација бидејќи сум лепен до комшиите и многу се слуша кај нив.:toe:
 
Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
Тешко брат дека ќе успееш бар 50% од звукот да изолираш....поради тоа што ако матријалот упива толку многу во само 20м2,тогаш вие реално никогаш нема да може да ја изведете пробата во полн сјај :toe:...оти ако изолираш многу...ќе добиеш загушен простор..а загушен простор нема акустичност....така да бегај у гаража и никој нема да те чепка!:nesum:
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Пробај со вакви акустични панели.

Обично се направени од морска пена (мислам дека така се викаше) и има од дрво. Тие од пена се поефтини и можеш да ги набавиш во продавници за музичка опрема. Ем ќе имате добра акустика, сходно на тоа подобри проби, ем ќе се намали звукот надвор од собата.
 
КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Панелите за звучна изолација вршат два типа на изолирање. Еден слој (најчесто внатрешниот) го прима и абсорбира звукот кој има тенденција да ја пробие надворешната мембрана (ѕидот), а вториот, кој е поблиску до мембраната ја амортизира звуците кои остануваат во просторијата. Повисоките тонови се полесни за абсорбција, поради нивната фреквенција. Пониските тонови, кои имаат поголема разлика меѓу амплитуди, потешко се абсорбираат, и тие се оној дел од звукот кој излегува низ ѕидот, и ја прави бучавата.

Во однос на решението - акустичните изолатори само го намалуваат интензитетот на звукот, но не можат целосно да го елиминираат надвор од просторијата. Тоа е чиста физика. Од помош би било доколку ѕидот во самата негова структура има термо-акустична изолација - во тој случај панелите кои ги постирал kiksuperman имаат добар ефект, доколку правилно бидат монтирани. Под исправна монтажа се подразбира добар спој со подот и плафонот, како најкритични точки во пренесување на воздушни бранови, како и целосна покриеност на критичниот ѕид. Материјалот од кој се изработуваат овие панели е густ сунѓер со дупла структура - првиот дел (во форма на триаголници, конуси или полутопки - зависно од производителот) е помек, и прифаќа поголем дел од звукот (поради погоренаведената причина), а вториот дел е потврд и најчесто до него постои уште еден дел, од пресуван картон, кој служи како подлога за монтирање на ѕидот.

За да се задоволи потребата од таква изолација, потребно е да се добие Rw фактор поголем од 40 единици. Ако земеме дека еден сендвич ѕид има просечно Rw 8 фактор, потребно ти е уште барем Rw 30 од екстерна изолација. Овој фактор е означен на сите панели предвидени за ваква звучна изолација, така да, лесно ќе се снајдеш. Еве кои се основните параметри за постигнување на оптимална изолација од аспект на овој коефициент:

Лесно, но неекономично, и дефинитивно штетно за здравјето е поставување на панели од стаклена волна над ѕидот. Изолирањето ќе биде подобрено до некој степен, но поради вибрациите од звучните бранови, панелите ќе ослободуваат ситни влакненца волна, која е многу штетна за респираторните органи.

Се надевам дека одговоров ти помогна.

едит: Еве што треба да бараш:

D

DartWader

Гостин
Бидејќи реално ние правиме бучава од 110 - 120 децибели , дали може звучно да ја изолираме собата со 5 цм сунгер и со дебел слој морска пена?? Макар бучавата да биде поднослива не мора комплетно да се изгуби???:nesvest:
 
КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Бидејќи реално ние правиме бучава од 110 - 120 децибели , дали може звучно да ја изолираме собата со 5 цм сунгер и со дебел слој морска пена?? Макар бучавата да биде поднослива не мора комплетно да се изгуби???:nesvest:
Тешко дека праиш бука од 120dB, али сепак... :)

Секако дека ќе се намали јачината на звукот. Таква комбинација на материјали е принцип на она што во погорниот пост се обидов да ти го објаснам малку поопширно. За тврда подлога, освен стиропор (гледај да е оној обичниот, со крупни топчиња, тој е помалку пресуван - немој да земаш од тврдопресуваните стиропори) паметна идеја е и плута со дебелина од 3 см. Иако навидум и таа изгледа како тврд материјал (а рековме, тоа не е погодно бидејќи делува како мембрана), нејзината структура е од меки елементи со задоволително количество на воздушни капилари меѓу нив - затоа нуди добра изолација.

А, и клима стај си... Оти на ваква изолација (која покрај акустична, неминовно е и термичка), ако просторијата има барем еден прозор кој е изложен на директна сончева светлина во кој било дел од денот, ќе испоцркате од топло. :)

И уште нешто: редовно проветрувајте го просторот кој има ваква надворешно изложена и незаштитена изолација. Ситните честички прашина прават респираторни проблеми. Да не зборувам дека вака меките материјали се магнет за непријатни миризби... Епа тоа е, таму каде има позитивни страни, мора да има рамнотежа и со негативни :)
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Бидејќи реално ние правиме бучава од 110 - 120 децибели , дали може звучно да ја изолираме собата со 5 цм сунгер и со дебел слој морска пена?? Макар бучавата да биде поднослива не мора комплетно да се изгуби???:nesvest:
Шо прајте вие да му се сневиди, да не откачувате разглас за на свадба во 20 квадрати соба??

Инаку, има доста добар природен тервол АКУСТИК, 10 цм дебелина 90 денари метар квадратен е. Некаде во твојата соба имаш околу 60 квадрати таван + ѕидови за обложување. Е сега зависи колку си спремен финансиски тоа да го поддржиш, инаку можеш прво ред пресован стиропол со дебелина 5 цм (40 килски што го користат за фасади) кој е 60 денари метар квадратен, потоа терволот, и сето тоа да го затвориш со кнауф (гипс картон) кој ти е 12 евра метар квадратен комплет изработен, ке имаш изолација + нормални ѕидови и таван во визбата. Ако сето ова го направиш, повеќе ке те слушаат дома (поради слабата изолација на врати, ходници и тн) од комшиите.
 
Џиш, ти си бил Икономик :)

Како и да е, твојава варијанта е малку поскапа и зафаќа поголеми градежни работи, од типот на монтажа на ГК-плочи (а што вклучува интервенција и во под и плафон [ако најдам време, ќе скицирам детал на надворешна интервенција во врска со под и плафон, и интервенција која вклучува измена на постојната структура на спомнатите елементи] ко ќе видиш, скапичко ќе му дојде за вежбање на банд во соба). Даље, работава е да се постигне ефективна ЗВУЧНА изолација, како екстерна и додадена на постоечката структура на ѕидот... варијантата со сендвич-ѕидот со пресован стиропор и тервол е погодна за во нормални средини. Исто и со панелите стаклена волна Tervol Acoustic - овој тип на изолација навистина има подобрени акустични својства, но повторувам - за нормални средини, а не за специјални случаи. И верувајте, повторно нагласувам опасно е надворешно и незаштитено поставување на стаклена и железна волна.
 
Икономик - неикономик, ова ти го пишувам од искуство. Татко ми работи со кнауф (а и јас помагам уште од 8-мо одделение) така да не сакаш да знаеш колку спални соби имаме обложувано само со тервол акустик + кнауф таблата која е 12 милиметри дебела за да имаат изолација и да не се слушаат “непријатни звуци во доцните вечерни часови кај соседите“ :pos2:. Стварно е поскапо, но не е толку долго времето на изработка, целата работа се изведува за 4-5 дена.

А од друга страна поставување на тервол плочи е штетно по здравјето (мада да речеме ке ги завитка во најлон и одозгора ке стави некој сунѓер). Што ке се деси по 2-3 или 10 години кога матерјалите ке се распаднат од атмосферското влијание, а ке имаш еден трактор ѓубре за фрлање? + да не го напоменувам проблемот со инсталациите кои ке бидат тотално покриени или пак ке треба да прави дупки во изолацијата за да дојде до прекидач или штекер.
 
КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Џишко ле, ме читаш ти мене? :) Милион пати нагласив дека е штетно поставување на синтетичка волна на отворен простор, и кажав дека и јас не го препорачувам. А во однос на акустичната изолација, и таму нагласив дека јас давам решение на веќе изведен сендвич ѕид, а не за ѕид кој треба да се изведе (нели комшии се, ваљда ѕид ги дели :) )

Е за разлика од тервол или слични меки изолациони панели, панелите кои ги постирав со првиот мој предлог не само што не се штетни по здравјето, туку немаат краток период на распаѓање, нити толкав голем капацитет на собирање прашина и кикроорганизми како синтетичките волни... а и поради структурата на материјалот, лесно се чистат со домашна правосмукалка (да не замислуваме што ќе се деси на синтетичка волна ако поминеме со вакум, нели?).
 
D

DartWader

Гостин
Jas planiram da zalepam 5cm sunger pa vrz nego 5 cm morska pena dali ke ima efekt i kako da gi zalepam po koj redoslet prvo sunger pa morska pena ili obratno?:wink:
 
КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Jas planiram da zalepam 5cm sunger pa vrz nego 5 cm morska pena dali ke ima efekt i kako da gi zalepam po koj redoslet prvo sunger pa morska pena ili obratno?:wink:
Mорската пена до ѕид, па на неа сунѓерот.

Се надевав ќе разберите шо пишам во постовите :(
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Вие пишите, се пените, момаков си намислил шо ќе клават ко изолација од пред два дена, не ве ребрат :))) Инаку, добра дискусија се развиват, озбилно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom