Стрипови

Член од
24 јуни 2009
Мислења
310
Поени од реакции
124
Загор :) Каде може да се купи? Во стрипотеката кај Рамстор, или?

Порано ептен читав стрипови (имам зачувано 250+) најмногу М.Мистерија, Дилан Дог, Загор, Текс, Принц Валијант, Хорор, Конан, А. Форд и други, од Микиев забавник и Хи-мен, до некои поретки и поквалитетни изданија - Малтезе, понови изданија од серијалот Бетмен. И уште: Мистер Но, Капетан Мики, Блек, Марк, Кит Телер, Брус Ли (!), Ник Рајдер, Punisher, Destroyer (Remo), Макстрип, Стрипотека итн. Главно тоа се читаше тогаш - за уметничките квалитети, во некоја посебна тема.

Всушност, купував или најчесто ми купуваа речиси се што беше објавувано во СФРЈ (освен Секс-стрип) и што доаѓаше кај нас, а така беше и подоцна, во првата половина на 90-тите, па сум релативно добро запознаен со колкав ентузијазам навистина голем број мои врсници, а и постари читаа и собираа секакви стрипови (кутии и кутии стрипови). За жал, сега не е така (јбг, времето и новите форми забава си го прават своето).

Од чисто носталгични побуди ќе земам некој број од Загор, да видам до кај е стасана прикаската. Во Италија (од добро информирани извори, Италија денес се` уште многу популарни се Текс и Дилан Дог. Популарноста на Загор е доста опадната, но тоа не мора да значи дека и квалитетот на стрипот е опаднат).

Како и да е, супер што може да се најде на македонски :)
по трафики ги имаш или во бункер кај рамстор.
 
Член од
24 јуни 2009
Мислења
310
Поени од реакции
124
сите ги имам купено до сега и загор и дилан и магичен. топ сте продолжете така.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
Само изданија на Бонели ќе издавате или ? :)
 
Член од
3 јануари 2014
Мислења
62
Поени од реакции
67
Од овој септември...
Нова, поинаква стрип серија...
Драги стрип пријатели,
На наше огромно задоволство ви го претставуваме новиот
стрип серијал на македонски јазик - ДРАГОНЕРО, најновата долгорочна серија од италијанската издавачка куќа Серџо Бонели Едиторе (јуни 2013), прва од жанрот Епска Фантастика, приказна создадена од авторите Luca Enoch и Stefano Vietti.
Кој е Драгонеро?
Иан Аранил, главниот лик во серијата, е поранешен кралски извидник кој живее во кралството Ерондар, припадник на древната лоза "Ловци на змејови".
Кралството Ерондар се простира на територија колку и контитентална Европа и низ него поминуваат големи пловни реки прекриени со густи шуми во кои живеат шумски виленици, опкружен со безбројни архипелази со кои се одвива трговија со секаква трговска стока преку големиот број пристанишни градови на југот. На север од Кралството се наоѓа Земјата на змејовите, непрегледна тундра населена со мрачни суштества без ништо човечко во нив наречени Алгенти и џиновите Абоними. Долж северната граница на Кралството се протега Големиот бедем, кој го одвојува од Земјата на змејовите, подигнат уште од древните времиња поради заштита од нападите на Алгентите. На исток и на запад се наоѓаат бројни независни територи и провинции, номадски сатрапии населени со варвари, разбојници и криумчари.
Овде започнува авантурата на Иан Аранил, во придружба на неговиот верен пријател оркот Гмор, кој го напушта кланот на орките и заедно со Иан живее во Солиан, главниот град на една од четирите Републики. Дружината на Иан ја сочинуваат и неговата сестра Мирва Аранил, припадник на редот на "технократите", застапници на науката, виленичката Сера, која исто така го напушта својот народ - шумските виленици кои живеат во хармонија со природата, храбрата технократка Ксара и стариот волшебник Албен, последниот претставник на Магиското братство "Чувари на светлината"...
Овде го завршуваме овој прв вовед во новиот стрип серијал.

Добредојдовте во волшебниот свет на Драгонеро! 10375491_601426023303401_3515350657213338281_n.jpg
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Сите теми поврзани со стрип се префрлени во оваа тема.

@M-comics те замолувам во иднина сите новости да ги постираш тука, отварањето на многу теми со иста или слична содржина го сметаме за спамирање.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom