Страв од стареење...

*LittLe heart*

*најубави очи-ЗЕЛЕНИ*
Член од
14 јануари 2008
Мислења
751
Поени од реакции
289
И тука ќе пишам да не го цитирам постот БРАВО Princ за постот со него кажа се.
Значи не е во стравот од стареење и дека на 40 нема да бидеш убава како сега. Секој период си носи своја убавина. Треба да се плашиш дека нема да го иживееш животот како што сакаш и најстрашно дека нема да доживееш старост, како што кажаа неколку форумџии погоре.
Кога ќе имаш 40-50 нема да ти биде битно толку многу за себе туку ќе мислиш на твоите деца(барем моите родители тоа го правеа и го прават).Никогаш незнаеш кога е последниот ден и кога ќе заврши животот затоа не го предизвикувај лошото поради многу глупава причина(убавина и брчки). Мајка ми имаше 45 години ниту една брчка на лице, па почина без да доживее старост.......
Уживај без да размислуваш. Треба да се радуваш на секој ден кога ќе се разбудиш здрав, жив, со сите околу тебе..... тоа е убавината на животот, а не дали кожата ти е мазна, градите цврсти и сл....младоста ќе ја носиш во духот страшно е тој да остаре, а физичкото минливо е:pipi:
 
M

MIL

Гостин
Дали некој знае од каде и од која причина во мене владее толкав страв од стареењето и како да го решам тој проблем што многу ме измачува, толку многу што паѓам во депресии и губам воља за правење било што
Едноставно цело ова потекнува од гледањето на стари луѓе околу нас , маките кој што си ги имаат болести, старост све собрано ете тоа е причината што постори страв , но ќе те разочарам зашто еден ден и на нас ќе ни се случи тоа , ќе остариме ќе ни се збрчкаат овие нежни лица , едноставно тоа е реална вистина која боли за жал :(
 

Ајанта

Македонка
Член од
21 декември 2008
Мислења
580
Поени од реакции
37
Дали зборуваме за страв од стареење како фобија, или како конкретна состојба на умот на средовечен човек? Мене ми е поинтересно второто. Кога човек ќе погледне зад себе и ќе ги сумира резултатите, најчесто ќе најде некоја празнина, сфера од животот што не ја реализирал. Ќе погледне пред себе, гледа му останале уште неколку години пред да стане старец/старица. Како се однесуваат луѓето во тие ситуации, тоа може да биде многу стресно и извор на многу фрустрации. На пример, ако некој сфати дека отсекогаш сакал да спортува/слика/пишува и сл. ќе почне да го прави тоа, супер! Но што ако сфати дека е во погрешна професија или во погрешен брак? Како треба да постапи во таква ситуација? Дали треба да преземе радикални чекори, со целиот ризик да го изгуби она малку за да не добие ништо, или да се помири со состојбата што му блеснала во главата јасно како удар од гром, тоа е прашањето?:toe:
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Бројките се застрашувачка работа, бројки на години, килажа, сантиметри на пенис, холестеролски единици, цифра на мал и голем притисок, број на заби, број на дневно внесени калории.

Оставете ги докторите нека се секираат за нив не за џабе ви запираат секој месец по најмалку 50 еура за здравствено осигурување, има навистина поубави нешта да си го исполниш животецот.
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Јас пак се плашам за времето поминато а неизживеано, дека ке остарам а нема ништо да проживеам во младоста па и подоцнежните години и кога ке сум стара да жалам за времето поминато дека сум требала да не направам/направам некои работи и би било подруго.Всушност тоа го има кај сите, сите после се кааме за нашата постапка или нешто што требало да го направиме а не сме го направиле но да е така сегашноста немало да биде таа што е туку некоја друга сегашност...
 

PhantomerX

Несопирлив
Член од
30 октомври 2008
Мислења
623
Поени од реакции
46
Има една книга од некој српски академик А.А. Микулин. Се вика `Активан дуг живот` - `мој начин борбе против старења`... Пробај, може ке поживееш таква млада и убава.:smir:
 
Член од
29 октомври 2008
Мислења
596
Поени од реакции
13
јас нема да стареам...веке гласав на една анкета и одбрав вечен живот:helou:
 
Член од
14 февруари 2010
Мислења
264
Поени од реакции
52
Еве ви клипче за сите млади луѓе на форумов кои што се разочарани од животот т.е. смртта. Погледнете го клипчево и сфатете дека треба да се живее и да се има надеж.
Ве предупредувам дека типов може да ви набие комплекси :)

 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Убавината е минлива работа,останува внатрешната...

Инаку не мислам многу на тоа...рано е да остареам...нема вечно да сме млади од надвор нели...но може да останеме млади во душата.
Кога ке остареам ке мислам како да се негувам:)
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
јас не сум жонглер, само рацете ми се тресат(пу, пу пууууу, скраја да е )

 
P

Peaceful Anger

Гостин
Alooo 21 godina imash ... psiholog sigurno moze da ti pomogne taka da najdobro da si posetish... a mislam deka imase i drugi vakvi depra topici od tebe
 
F

Frankie Yale

Гостин
Најмногу имам страв од стареење, од смртта не се плашам толку колку од стареењето. Ме плаши помислата на тоа како ќе изгледам кога ќе имам 40, 50 а 60 години :nesvest: ?? Не можам ниту замислам. Мојот страв е толку многу голем што понекогаш не можам ни да спијам а кога ќе се разбудам често го допирам лицето за да се уверам дека кожата уште ми е свежа. Избегнувам стари слики и зборување за датуми, понекогаш сакам да ги тргнам сите часовници од куќата бидејќи кога ги гледам ме обзема страв како времето многу брзо минува. Секој одминат ден си мислам колку беше убаво вчера а денес сме ден плус. Не ми е страв од тоа дека животот ми минува, туку од помислата дека изгледот ми минува и во иднина нема да бидам повеќе убава, млада и интересна. И дали луѓето ќе се сеќаваат како јас изгледав кога бев млада и убава. Понекогаш дури си мислам како е подобро да умрам млада отколку да бидам стара. Се прашувам како ќе се чувствувам кога ќе бидам таква сигурно ќе изгубам воља за живот. Не можам да се помирам со фактот дека изгледот ќе ми помине. Знам дека ова не е нормално да го мислам уште од сега бидејќи сум многу млада ама овој проблем ме измачува неколку години. Се плашам дека ќе добијам нервен слом за еден месец кога ќе полнам 21 година.

Дали некој знае од каде и од која причина во мене владее толкав страв од стареењето и како да го решам тој проблем што многу ме измачува, толку многу што паѓам во депресии и губам воља за правење било што... :nesvest::toe:
И мене ме плаши ова, кога ќе видам старци на клупа како оговараат и тепаат време со бадијалџење, си викам "леле и јас ќе бидам ваков еден ден" (ако доживеам)... Дедо ми по цел ден си седи во неговиот стан и си гледа телевизија, ништо не прави - кaко да чека да умре. Не сакам јас да бидам таков кога (ако) ќе остарам... :(
 
А

Антоние

Гостин
Разликата помеѓу успешни и неуспешни луѓе е следната: првите го ИНВЕСТИРААТ своето време додека вторите го ТРОШАТ. Повеќето млади луѓе не сфаќаат дека се наоѓаат во златен момент да го засеат семето на талентот кое што ќе го жнеат низ текот на целиот нивен живот. Некои мислат, "Кога ќе остариш е многу потешко." Ова е точно само ако ТРОШИШ наместо да ИНВЕСТИРАШ. Ако го ИНВЕСТИРАШ твоето време, животот станува полесен и забавен.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.760
Поени од реакции
9.558
Мене ме фати веќе оддамна тој страв, ете се уште ме држи цврсто и нејќе да попушти.:(
Порано ми беше страв од стареење поради помислата на смртта, крајот на животот, а уствари сега поинаку ја гледам завршницата на мојот живот, како на заслужен одмор, прекин на маките, крај на нервозите, трчањето, плачењето..па и смеењето и радувањето..но не е така болно како кога ке го видам мојот лик во огледало кој секојдневно нажалост на полошо се менува:(
Староста е грда, тешка, неестетска, недостоинствена, болна, ти го зема умот, те боли снагата, секој ден си се повеке неспособна во движењето...
Ахх господе Боже оти не го направи човекот вечно да биде млад и убав?
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.638
Поени од реакции
81.590
Финтата е треба да го прифатиш стареењето како такво уште од најмлада возраст. Обично оние личности кои многу рано загубиле некоја блиска личност, позрело размислуваат за иднината.
Еве и јас моментално сакам да имам 17 години, да сум у средно училиште, да немам никакви грижи, али јас сум помирен дека тие времиња нема да се вратат. Знам дека во иднина ќе продолжи да ми паѓа косата, ќе имам брчки на лицето, здравјето нема да ми биде подобро се секој поминат ден итн... Не се плашам од староста, едино што ме "нервира" е што времето навистина брзо лета, еве како вчера да беше 2010 година, а од нејзе изминале веќе 10 години. Тука ќе си ја кажам и онаа мисла од Викенд на Мртовци "Сите ќе умрете, некој после некој сега, нико не живее вечно..." :)

Него девојчево што ја отворило темава сега би требало да има 31 година, живо ме интересира што мисли сега после 10 години :icon_mrgr:. Штета што не е активна долго време на форумов.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom