Страв од стареење...

  • Креатор на темата Креатор на темата PrincezZ
  • Време на започнување Време на започнување

PrincezZ

Death It's Only The Begin
Член од
25 март 2010
Мислења
123
Поени од реакции
9
Најмногу имам страв од стареење, од смртта не се плашам толку колку од стареењето. Ме плаши помислата на тоа како ќе изгледам кога ќе имам 40, 50 а 60 години :nesvest: ?? Не можам ниту замислам. Мојот страв е толку многу голем што понекогаш не можам ни да спијам а кога ќе се разбудам често го допирам лицето за да се уверам дека кожата уште ми е свежа. Избегнувам стари слики и зборување за датуми, понекогаш сакам да ги тргнам сите часовници од куќата бидејќи кога ги гледам ме обзема страв како времето многу брзо минува. Секој одминат ден си мислам колку беше убаво вчера а денес сме ден плус. Не ми е страв од тоа дека животот ми минува, туку од помислата дека изгледот ми минува и во иднина нема да бидам повеќе убава, млада и интересна. И дали луѓето ќе се сеќаваат како јас изгледав кога бев млада и убава. Понекогаш дури си мислам како е подобро да умрам млада отколку да бидам стара. Се прашувам како ќе се чувствувам кога ќе бидам таква сигурно ќе изгубам воља за живот. Не можам да се помирам со фактот дека изгледот ќе ми помине. Знам дека ова не е нормално да го мислам уште од сега бидејќи сум многу млада ама овој проблем ме измачува неколку години. Се плашам дека ќе добијам нервен слом за еден месец кога ќе полнам 21 година.

Дали некој знае од каде и од која причина во мене владее толкав страв од стареењето и како да го решам тој проблем што многу ме измачува, толку многу што паѓам во депресии и губам воља за правење било што... :nesvest::toe:
 
Can somebody shoot me pls:jaj:

Здрава си, имаш семејство, пријатели, твоите ти пружиле барем каков-таков пристоен живот?

Убавината е минлива, не само кај тебе, кај сите. На 40 ќе изгледаш како и твоите врснички, верувам дека на 40 ќе се дружиш со луѓе на твоја возраст, сигурно нема да излегуваш по дискотеки. Башка, секоја возраст си има своја убавина, внатрешна, надворешна. На 40 ќе им бидеш убава на тие што се отприлика колку твојата возраст. Или еве, на 14 си била заљубена во некое дете од твојот клас, ама сега и да сакаш не можеш да се заљубиш во 14 годишник.

Наместо да си ја тепаш главата дека времето ти минува, дека старееш, прекини да користиш полно препарати (кои сигурен сум дека ги користиш), затоа што не сите помагаат. Земи учи нешто, едуцирај се, стекни нови пријателства, излегувај, дружи се, прави работи кои ќе траат во иднината.

Убавината е минлива.
 
Имаше една работа мислам "Сара Вита" се викаше од нејзе не се старее.. возиш точак на 90 години по удолница ! :costumed2

И јас пошто имав проблеми со притисокот се решив да видам што е тоа чудо после месец дена користење на производот пристисокот од 160-180 ми падна на 120-140 фала многу,чао,пријатно ! :costumed2 :pos2::pos2:
 
Е не Принцес, нема да бидеш млада и убава 100 години. Ке бидеш неколку години, можда уште 10 години. Е сега имаш избор, или тие 10 години младост и убавина ке ги искористиш паметно и ке поминеш супер, или ке седиш дома и ке плачеш зашто после 10 години нема да изгледаш толку убаво како што беше. И секако после твоја 30та година никој тинејџер нема да те сака нити па да се дружи со тебе.
А што да каже за животот некое осакатено или болно 10 годишно дете?
 
Интересни размислувања за 21 година старост. Ме потсеќа на сликата на Доријан Греј и сликарот Бајазит (така мислам му беше името).
Среќа е релативна работа. Ако те боли заб, среќен ќе си да не те боли. Ако не те боли заб (а не си при пари), среќен ќе си ако добиеш некој денар, а одиш пешки си помислуваш -ее, блазе си им на оние од автобусот кој тукушто ме одмина, ако се плашиш за вакво нешто најверојатно ти треба психолог/психијатар (не им ги знам улогите) за да воспоставиш душевна рамнотежа...сосема е вообичаена практиката да се користи психијатар.

Плаши се од стареење на умот, а не физичко стареење...и плаши се за своите блиски да поживеат што подолго, а не за себе пошто постојано мислење само на себе (а без никаков осно) испаѓа дека си премногу себичен...во секој случај оваа фиксација не е добра.
 
Абнормален и постојан страв од стареење-гераскофобија.

Лицето чувствува вознемиреност кога станува збор за стареење иако има одлично здравје и е задоволено на психички,физички и економски план.Се грижи за губитокот на младешкиот изглед,на независноста,неактивност после пензионирање,ограничена подвижност,страв од болести и сместување во старечки дом.

Што е најлошо,преокупираноста на модерното општество,безбројните реклами за зачувување на младоста и забавување на процесот на стареење не помагаат воопшто во намалување на овој страв,напротив,уште повеќе допринесуваат за него.

Важно е да сфати дека овој страв е ирационален и нормално,никој преку ноќ не старее.
 
За почеток замени го огледалото со стаклото на прозорецот и почни да ги гледаш работите подалеку. И огледалото е како идеологија, постојано ти го свртува вниманието и ти го ограничува погледот. Не останувај на приказната со Снежана, до делот со нејзината маќеа и огледалото... Според твоето размислување, всушност ти си старата, бидејќи мислиш дека 20 години се врвот, понатаму нема живот. Но, обиди се да стигнеш до 40, 50, 60 па ќе видиш дека она што сега го мислиш ќе ти биде многу глупаво и смешно. Едноставно биди упорна заврши го нормалниот развој и пубертетот, кој очигледно кај тебе е во полн ек, па потоа се ќе биде во ред. Понатаму биди сигурна дека дека нема да имаш таков проблем.:smir:
 
:), сега ме потсети ко имаше брат ми 3-4 години, тогаш тој го имаше овај проблем :). Само кај него беше финтата шо не се плашеше за него дека ќе остари , туку му беше страв за мајка ми и татко ми дека ќе остарат :), и то пази то му текнува на детиште од 3 години :icon_lol:.
Најинтересно во цела ситуација беше шо му дојде на памет од нигденикаде, така наеднаш. Легнувавме да спиеме , ми текнува, и едно време ко почна да плали овај, да липа ... Мојте идат одма и го прашват, абе шо ти е шо плачиш. И овај му вика, абе еден ден ко ќе остарите многу вие ќе огрдите нема да бидите убај :pos2:.
Мојте ко слушнаја не знаеја дали да се смеат попрво или да го лажат нешто :). Па ај после го смирија некако, мајка ми му вика, не се секирај синко има пластични операции денес ќе се напрајме пак убај :icon_lol:. Абе комедии живи ...

Значи прво мојш да си го земиш советот од мајка ми, имаш еден куп пластични операци и face lifitng така да не му се секирај многу :).

Друго, земи си пример некои шо „не стареат“ и речи си ќе бидам БАРЕМ ко нив ( Тина Тарнер, Шер, татко ми :icon_lol: ...).

Воглавном, муабетот ми е дека нема никаква потреба од страв. И да остатиш толку, да ти остари кожата итн, итн, тебе на тие години нема ама ич да ти биди важно дали изгледаш младо или не. :smir:
 
Многу, многу едноставно.
Дали некој знае од каде и од која причина во мене владее толкав страв од стареењето и како да го решам тој проблем што многу ме измачува, толку многу што паѓам во депресии и губам воља за правење било што... :nesvest::toe:
1. Престани да се сакаш, Доријанке.
2. Фрли ги сите Дизни цртани.
Ти си човек. Луѓето стареат и се брчкаат, им паѓа косата, забите им скапуваат, ги губат видот и слухот, им слабеат коските, се тетерават, се тресат. Можеби кога ќе остареш ќе те ценат за нешто друго, мудрост, искуство, дрн дрн. Знаеш, не е се во фасадата, освен кај Дизни, се разбира, затоа и го спомнав горе. Како што смртта ги стигнува сите, така и староста ги стигнува сите кои претходнава не ги стигнала порано, па затоа нема причина за страв ниту од едното, ниту од другото. Единствено друго решение освен прифаќањето на староста е да се самоукинеш накај 35-40 некаде.
 
И јас го имам истиот проблем, почнав да се плашам од стареење, не можам никако да се помирам со фактот дека стареам, и никако не можам да се замислам во иднина како остарен. И мене понекогаш ми изгледа дека е подобро да се умре млад, кога ќе се достигне врвот, кога си во најдобра форма со најдобра енергија. Не можам да поверувам дека имам 28, не се многу но како да се случија за секунда, со брзина на светлината и чувствувам се што се случило како да било нереално на некој чуден начин.
Заебан проблем, јасно ми е дека убавината на духот е неспоредлива со убавината на телото, но одбивам да го прифатам тоа, тие треба да бидат подеднакво убави....не е фер.
 
Најмногу имам страв од стареење, од смртта не се плашам толку колку од стареењето. Ме плаши помислата на тоа како ќе изгледам кога ќе имам 40, 50 а 60 години :nesvest: ?? Не можам ниту замислам. Мојот страв е толку многу голем што понекогаш не можам ни да спијам а кога ќе се разбудам често го допирам лицето за да се уверам дека кожата уште ми е свежа. Избегнувам стари слики и зборување за датуми, понекогаш сакам да ги тргнам сите часовници од куќата бидејќи кога ги гледам ме обзема страв како времето многу брзо минува. Секој одминат ден си мислам колку беше убаво вчера а денес сме ден плус. Не ми е страв од тоа дека животот ми минува, туку од помислата дека изгледот ми минува и во иднина нема да бидам повеќе убава, млада и интересна. И дали луѓето ќе се сеќаваат како јас изгледав кога бев млада и убава. Понекогаш дури си мислам како е подобро да умрам млада отколку да бидам стара. Се прашувам како ќе се чувствувам кога ќе бидам таква сигурно ќе изгубам воља за живот. Не можам да се помирам со фактот дека изгледот ќе ми помине. Знам дека ова не е нормално да го мислам уште од сега бидејќи сум многу млада ама овој проблем ме измачува неколку години. Се плашам дека ќе добијам нервен слом за еден месец кога ќе полнам 21 година.

Дали некој знае од каде и од која причина во мене владее толкав страв од стареењето и како да го решам тој проблем што многу ме измачува, толку многу што паѓам во депресии и губам воља за правење било што... :nesvest::toe:

Читајки го постот ми стоеш дека си нарцис :) може грешам може не ама јас таков впечаток добијах :toe: иначе, ако мислеш оти ти подобро да умреш млада, земи направи си самоубиство точка и крај...:smir:
 
Интересно. Јас пак повеќе се плашам дали воопшто ќе доживеам старост, одколку како ќе изгледам тогаш.

Мене не ми е важен толку изгледот на старост колку што ми е важна енергијата, еланот. Голема е разликата кога ќе станев од спиење, кога ќе се пробудев пред 10 години и сега, начинот на кој се чувствував, начинот на кој гледав на нештата...не дека сега нешто сум престарен, но има разлика која јас одбивам да ја прифатам...:nesum:
 
Во ред е, разбирам за што зборуваш.
Муабетот ми беше како може да се замараат како ќе изгледаат во староста, кога поголемиот проблем е дали таа старост ќе се доживее. Премногу релативен проблем за замарање е, суштината на постоење избледува покрај таква релативност.
 
Јас ако погледнам назад кога бев тинејџер и сега на 27 кога сум дечко (муж) повеќе си се свиѓам сега, моќен сум и физички и психички, самостален, созреан и мислам дека тоа ке ми трае уште 10 години, после тоа ке сум у друг филм и нема да ми е интересно да правам тоа што сега го правам. За секој период у животот си имам спремено улога, сакам еден ден да се видам како стар дедо у мирна долина меѓу високи шуми, да уживам у последните години онаму кај што припаѓам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom