Страв од стареење...

Член од
3 мај 2019
Мислења
17.511
Поени од реакции
9.411
Финтата е треба да го прифатиш стареењето како такво уште од најмлада возраст. Обично оние личности кои многу рано загубиле некоја блиска личност, позрело размислуваат за иднината.
Еве и јас моментално сакам да имам 17 години, да сум у средно училиште, да немам никакви грижи, али јас сум помирен дека тие времиња нема да се вратат. Знам дека во иднина ќе продолжи да ми паѓа косата, ќе имам брчки на лицето, здравјето нема да ми биде подобро се секој поминат ден итн... Не се плашам од староста, едино што ме "нервира" е што времето навистина брзо лета, еве како вчера да беше 2010 година, а од нејзе изминале веќе 10 години. Тука ќе си ја кажам и онаа мисла од Викенд на Мртовци "Сите ќе умрете, некој после некој сега, нико не живее вечно..." :)

Него девојчево што ја отворило темава сега би требало да има 31 година, живо ме интересира што мисли сега после 10 години :icon_mrgr:. Штета што не е активна долго време на форумов.
Нема тука никаква финта душо моја, самиот страв од стареење е еден израз на човечки бунт врз една состојба на која неможе да има контрола, колку и да се обидува да ја заузди..и да не е таа воља да ја промениме состојбата на стареењето, обидот да ја контролираме природата што ни наметнала, тогаш ќе бевме лишени од сите медицински и технолошки достигнувања.
Па..мислам дека не треба да се лажеме, нели, оти кога сите би имале можност да бираме, никој не би одлучил да одбере да побели во косата, да се збрчка, да ја изгуби подвижноста и еластичноста.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.499
Поени од реакции
80.573
Па..мислам дека не треба да се лажеме, нели, оти кога сите би имале можност да бираме, никој не би одлучил да одбере да побели во косата, да се збрчка, да ја изгуби подвижноста и еластичноста.
Фала богу, али кога веќе неможеш да ги контролираш тие работи, не ти преостанува ништо освен тоа со време да се помириш . Џабе ти се секакви пластични операции, креми против стареење, курци-палци за убавина... на крај гробот ќе е ист за секого, нема бегање од тоа.
Какошто пишав, јас имам изгубено блиска личност уште на млади години, како дете, и од тогаш размислувам поинаку на иднината, не се потресувам на тие ситници за паѓање коса, брчки, губење на подвижноста и еластичноста, обични ситници кој поминува секој еден човек на земјава.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Море, при стареењето не се важни бојата на косата и брчките! Важно е како ќе ти работи панкреасот, срцето, бубрезите, жолчката! Да не зборам кај мажите простата а кај жените штитната и ....
Така да доаѓа момент кога сакаш ништо да не те боли, а како ќе изгледаш веќе и не е така страшно.
Е сега ова е од машка гледна точка, жените се друга димензија!
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.037
Поени од реакции
15.630
Ништо страшно, можете, вие што имате вакви стравови, да ја смените перспективата, и да гледате како на процес кој се движи кон целосно спасување. Веднаш ќе ви олесни, и ќе ви биде се полесно со секој нареден здив.
У меѓувреме гледајте да живеете.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom