Страв од љубовта? Хммм... Па мене љубовта ми е најголемиот страв!
Прво зошто таков феномен сум, што кога ќе се заљубам целосно сум заљубена, искрено, препуштена... и таа љубов трае, значи трае долго време...
После таков феномен со диплома сум што во досегашниов мој живот се на „погрешни“ сум наидувала и нормално несреќни љубови... Добро не дека сум ги имала многу, 3 само али тие три такви биле, од кои последната ми го смени животот, ме однесе до само дно, али полека и сигурно се кревам, иако ми требаше време и време... И после се што поминав не се жалам- научив многу...
Е сега зошто страв од љубовта? Па поради горенаведениве причини прво... А тука нормално е и мојата тапа карактеристика да се врзувам за луѓе, и се плашам дека ако се препуштам на чувствата, ако тие станат силни, дека после ќе биде повторно многу тешко...
Среќа моите животни искуства ме научиа на многу работи, па почнувам да ги надминувам горенаведениве проблеми... Научив да влегувам со резерва во нештата и да бидам подготвена од секаков исход... Така да, да живеам во страв цело време- неможам, факт е дека љубовта е движечка сила и мене (посебно) ми е потребна, така да се впуштам во потрага по неа, можеби уште толку ќе се горам и ќе страдам, ама знам дека ќе вреди и дека во сето тоа има нешто добро (па може и убави моменти ќе извадам)...
И се така додека...
П.С. Као еден доказ за тоа колку само стравот од љубовта и бегањето од неа не се добри... Еден цитат од книга...
„Лекот е потежок од самата болка- јас едноставно не се вљубувам“