Длабоко во себе го мразам?
Не би рекла дека е така.
Не ја мразам змијата, ми е страв дека ако ме касне ќе умрам.
Не ги мразам високите куќи и згради, ама ми е страв дека ќе паднам и ќе умрам ако застанам на толку високо место.
Не ги мразам авионите, ама ми е страв дека ако се возам у нив, ќе се урне и ќе умрам.
Дека стравот е спротивен на љубовта, се согласувам.
Повеќето постапки низ животот ни се водени од љубов или страв.
Базична емоција е, не знам како може да си замислите живот без оваа емоција, не знам зашо би барале да се намали оваа емоција.
Баш нас ни е потребна, како високо свесни суштества. Ако немаш страв, имаш поголема шанса да умреш.
И те молам објасни која ти е поентата за растенијата, зашто растенијата немаат свест, уште помалце емоции.
Ако си високо свесно суштество ке знаеш малку повеке за умирачката така да нема да се плашиш од умирањето како што не се плашиш да заспиеш вечер на пр. Ризик за умирање има во секој момент што не значи дека треба да се плашиш да се возиш со кола или да се возиш во автобус на пр.
Друга работа е да се најдеш во опасна ситуација и да ги искористиш ресурсите на организмот како адреналинот , само што во тој момент не работи мозокот ефективно и застанува дури со работа заради пренасочување на енергијата (храната и кислородот) во мускулатурата а не заради нешто друго . Ова не значи дека треба да правиш што ти текне како да се шеташ сам низ шума ноке на пр. Се треба да биде пресметано свесно со користење на интелектот што Си и нема да имаш проблеми .
Тоа што не правам некои работи не е заради страв од нив туку заради пресметан ризик , што не значи дека не се плашам јас од ништо .
Стравот е одредена ситуација што умот што неможел да ја свари заради погрешни учења во детството или и трауми и сл. но со тек на време и раст на нашата свесност од "решение" тој станува проблем . Проблемот е уште поголем што фака корени во нашата потсвест па треба време , дури и животи за да се ослободиме од него.Стравот ретко е некакво решение во некоја ситуација дури и не ми текнуе у моментов на ниедна ако воопшто може да биде решение .
А за змиите и зградите ако стварно се плашиш од нив сигурно ги мразиш , само не мора да значи дека си свесна за тоа како што не си свесна ни за стравот од кај произлегува .
Еве еден пример :
Сите се плашат од господ , да не ги тури у пеколот и не се свесни за омразата кон него до моментот кога ке им се деси трагедија.
Е тогаш муабети од типот зошто господе , не те сакам веке , не верувам во тебе веке , те мразам има еден куп .
Ако сакаш некого и ако те заебе зошто го мразиш?
Затоа што стравот да не останеш сама се трансформира во омраза .
Стравот е потенцијална омраза затоа боље да го немаш.
Ако у предходниот живот си погинала во авион , богами има бајаги да ги мразиш .
А растенијата е докажано дека во присуство на човек со моторна пила и намера да сече дрва на пр. лачат одредени хемиски супстанции , додека за нивната свесност на пр. доволен е фактот што повекето од нив имаат ДМТ -
Dimethyltryptamine низ стеблата и листовите .
Ние сме на чекор од тоа да станеме богови , а тоа ке се деси кога ке исчезнат сите стравови.
Кокреаторските способности ке блеснат во полн сјај тогаш , и ке се вратиме во рајот односно ке го создадеме рајот повторно .