Каква синхронизација за годините и стравот, браво
Во однос на стравот од иднината, нормално е умот да го проектира она најдлабоко мисли дека го знае врз она што не го знае. Значењето кое се придава на искуството е она што ќе го одреди доживувањето на искуството, епа така е и за искуството на стоење на работ на непознатото. За на некој човек единствено овошје што го има видено е зеленото грозје, за да му се објасни што е тоа јаболко би се користела аналогија, пример јаболко е како гровче, голем колку 15 гровчиња собрани кружно во рака. Додека човекот не го искуси јаболкото, во глава ќе има слика од големо гровче, бидејќи тоа е единственото нешто кое го искусил. На ова укажува и тоа што на бебињата се им е ново, но тие не се плашат, си пристапуваат себе, на другите и на светот со максимална доверба (дури на почеток немаат ни его, не прават разлика помеѓу себе и други). Стравовите што навидум делуваат „ирационални“ се создаваат најчесто преку непријатни искуства во детството со што настапува отуѓување од различни аспекти на себе.
Може да се разгледа и довербата во однос на стравот од иднината, бидејќи често во тоа игра голема улога општа недоверба кон себе, другите и светот. Недоверба во своите можности да создадеме пријатно или значајно искуство за себе, бидејќи умот веќе се центрирал во одредени верувања за тоа што лежи во непознатото и се лиши од флексибилноста да си дозволи да знае дека не знае нешто. Страв од незнаење може, на пример, да постои бидејќи во некој момент на несигурност опсесивно сме акумулирале знаење за ситуацијата, личноста итн. како адаптивен механизам за да се чувствуваме сигурно и спремно „за секој случај“, повторно бидејќи има дел од нас кој мисли дека неминовно ќе се случи непријатна ситуација, особено ако тоа е главното нешто во нашето искуство...
Сите работи што ги спомна, љубомора, алчност, завист, споредување со други... секое од нив си има уникатна психолошка конституција. На пример љубомора и завист може да се поврзат со чувство дека губиме нешто кое е значајно за нас/мислата дека ако некој друг земе нешто што е значајно нема да остане за нас, алчност и потреба континуирано трупање на било што може да се поврзе со потреба за сигурност и поврзаност, и чувството дека поврзаност не можеме да добиеме со луѓето ни со себе туку мора со предмети и други работи итн... Секако, нема една универзалија, ова е симплификација, индивидуалниот психичкиот склоп како екосистем има многу елементи кои треба да се земат во предвид.
А нешто што сакав да надополнам е дека потребно му е и сочувство на тој дел од нас што го третира другиот дел од нас онака како што го третира. На некој начин, се земаа делот од нас за конкретната ситуација што е bully и оној што е bullied, кон двата аспекти се пружа соодветна поддршка. Мислам дека тоа создава здрав стоицизам или медитативна практика, во која не бегаме од себе, туку напротив, се доближуваме се поблизу и поблизу.