Само тие што имаат врски во министерство, со сигурност добиваат стипендија. Голем дел од стипендиите и пред да излезат резултатите, веќе се знае каде одат. Сите "останати обични смртници" што аплицираат за стипендија само си ја испробуваат среќата, без разлика дали имаат висок просек, шансите да бидат одбиени постојат и тоа како, немојте да бидете уверени дека ќе ја добиете стипендијата иако ја заслужувате. Колку ќе ви помогнат приговорите, нека кажат тие со искуство...
Откако почнав да студирам сум сведок на тоа мои колеги кои имаат 10.00 просек да бидат одбиени и за двете категории на стипендии, нивните родители немаат високи примања, стипендијата е награда и мотив за тоа што го постигнале, а сосема спротивно, се разочаруваат откако ќе бидат одбиени. Да се помириме со тоа дека во овие 20 години од државата никој не го добил она што го заслужува според вложениот труд, не вреди да се чека на неа, многу ни е јасно како стојат работите.