Прво ова ќе го кажам: ништо на светов не останало скриено и не дознаено, жената онаа правата знае секогаш кога маж и ќе ја изневери, има некој молчат а некој тоа го раешаваат зависи до карактерот на истата.
Ајде да почнеме вака, во брак не се сме само јас и ти (ќе зборувам во прво лице) децата кај се во овој случај? Замислите некој од другарчињата да ве види во страсна прегратка со некоја, а таа во моментот не е мајката? Дали кога се навлегува во некои такви врски се разгледуваат сите можни опции, или побитно е задоволството? Зар би си приуштиле дво часовно или повеќе часовно уживање за да срушите нечиј карактер како кула од карти? Дали знаете дека особено машките деца се огледуваат на своите татковци, секоја нижа вредност врз нивниот татко допринесува на губење доверба во себе кај детето? Има многу и психолошки моменти, зошто да правиш циркуски претстави или да разберат сите и жената/мажот да си го накитиш со рогови само заради некое сладострастие, па има решение ако не го добиваш дома, расчисти го теренот, прекини ги врските после сите по својот пат и своите желби, две добра не лежат на еден јастук, неможе некоја/ј дома да ве чека со љубов и топлина, а сепак да не сте задоволни и барате нешто повеќе кај некој/а друг/а, како што кажа погоре Силен, многу е лесно да изиграш два три саати, ела седи и решавај животни прашања, детски дилеми, секоја возраст со свои проблеми, финансиски средства, училишта и да не навлегувам, сите знаеме да избегаме од секојдневието, но дали сме спремни да ја платиме вистинската цена?