Статус на љубовник/љубовница

Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Лесно е да се биде стално насмеан и секси со некого што го гледаш само неколку часа во неделата, се среќаваш исклучиво за правење ќеиф и со кого не мораш да решаваш битни животни прашања.

Од друга страна пак ако не си задоволен во бракот (а немаш намера да се разведуваш или не можеш од некоја причиона) љубовник му доаѓа како единствено решение да го добиеш во одреден степен тоа што ти фали.
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.702
Поени од реакции
19.748
Прво ова ќе го кажам: ништо на светов не останало скриено и не дознаено, жената онаа правата знае секогаш кога маж и ќе ја изневери, има некој молчат а некој тоа го раешаваат зависи до карактерот на истата.
Ајде да почнеме вака, во брак не се сме само јас и ти (ќе зборувам во прво лице) децата кај се во овој случај? Замислите некој од другарчињата да ве види во страсна прегратка со некоја, а таа во моментот не е мајката? Дали кога се навлегува во некои такви врски се разгледуваат сите можни опции, или побитно е задоволството? Зар би си приуштиле дво часовно или повеќе часовно уживање за да срушите нечиј карактер како кула од карти? Дали знаете дека особено машките деца се огледуваат на своите татковци, секоја нижа вредност врз нивниот татко допринесува на губење доверба во себе кај детето? Има многу и психолошки моменти, зошто да правиш циркуски претстави или да разберат сите и жената/мажот да си го накитиш со рогови само заради некое сладострастие, па има решение ако не го добиваш дома, расчисти го теренот, прекини ги врските после сите по својот пат и своите желби, две добра не лежат на еден јастук, неможе некоја/ј дома да ве чека со љубов и топлина, а сепак да не сте задоволни и барате нешто повеќе кај некој/а друг/а, како што кажа погоре Силен, многу е лесно да изиграш два три саати, ела седи и решавај животни прашања, детски дилеми, секоја возраст со свои проблеми, финансиски средства, училишта и да не навлегувам, сите знаеме да избегаме од секојдневието, но дали сме спремни да ја платиме вистинската цена?
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Врска со оженет и статус на љубовница? Не, фала.
Од толку слободни мажи кои имаат квалитети и не се оженети, не гледам причина зошто би се подала на некој оженет. Зошто да добијам статус на љубовница, да се кријам од сечии очи и со самото тоа да се понижувам себеси, кога со тој статус не добивам ништо....освен 2-3 часа сексуално задоволство, нежност, внимание. Ако на сите ни се доволни 2-3 часа љубов, зошто тогаш сме во врска/брак? Самата помисла дека некој е оженет, некоја женска особа која сам си ја избрал го чека дома, некое дете чека прегратка од својот татко, не би ми дозволиле да се заљубам во таква особа и да имам врска. Да знам дека секој празник, викенд ќе бидам сама и да го чекам него кога ќе му биде ќејф да ме види/слушне зарем не е понижување? Не гледам причина зошто за да изградам свој живот и среќа треба да срушам нечиј дом, спокој. Нема ништо полошо од тоа свесно да си го уништиш својот живот чекајќи и туѓиот живот и семејство.
Некои погоре спомнаа дека трчањето по оженет маж го зголемува адреналинот и задоволството, не ми е јасно а и никогаш не би сакала да дознаам како би ми се зголемил адреналинот, ако знам дека додека јас уживам во прегратките на дотичниот, некоја жена и дете чекаат почит, внимание, спокојство,љубов.
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Што мислите, дали исклучиво љубовта е таа која доведува до тоа една жена/маж да добие статус на љубовница/љубовник?
Која сатисфакција ја наоѓаат во таква позиција, во врска која по мое мислење е многу мачна и болна (бидејќи е тешко да си втор/а)? Нели е понижувачки да висат постојано на закачалка? Што воопшто очекуваат од оженет маж/омажена жена?
Кое е вашето мислење за љубовниците?
Зошто толку негативен став? „висење на закачалка“ ли е ако другиот во врската има семејство од кое произлегуваат обврски? И најпосле, од каде идејата дека воопшто некој треба да е „прв“, втор...седми или 129-ти? Живеј ако ти се живее, уживај во убавите мигови зашто во животот нема да најдеш убавина во некој постојан и подолг временски период. Најпосле, животното богатсво е во количеството на убави мигови, барем според мене. Не ми е воопшто гајле за место во редоследот или пак хиерархијата, битна ми е убавината на мигот во кој знам да уживам. Додека не сфатив дека е така, и јас го имав истото мислење како македонка1985, но ако суфиксот во никот е година на раѓање, тогаш веќе е време малку подлабоко и поопсежно да го погледне феноменот на убавиот миг во животот :)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Мислењата и ставовите се менуваат со годините,на тоа влијае и дали особата е заљубена,во врска,во брак...
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Зошто толку негативен став? „висење на закачалка“ ли е ако другиот во врската има семејство од кое произлегуваат обврски?
Па да. При слободни мажи не би чекала некој да си ги заврши обврските по дома, па кога ќе сака скришум да ме "прошета"/проонади :pipi:
Секој има различни размислувања и барања. Ти можеби се задоволуваш со 2-3 часа уживање, некои се задоволуваат со повеќе. Така да, ја нејќу тоа шо е мое да го делам со друг :toe:
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Па да. При слободни мажи не би чекала некој да си ги заврши обврските по дома, па кога ќе сака скришум да ме "прошета"/проонади :pipi:
Ете каде лежел зајакот! Значи прикаскава е „сакам се, сакам 24/7, и сакам одма или секогаш кога ќе ми се присака“.
-А ако „проонадувањето“ со него ти е задоволство тогаш зошто би ти пречеле неговите обврски? Нормално, секој има некакви обврски во животот, но лошо е кога љубовта која треба да е задоволство станува обврска, а гушењето со тоа дека треба секогаш и во секое време да се биде на располагање на другата страна...извини, тоа е веќе обврска.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
-А ако „проонадувањето“ со него ти е задоволство тогаш зошто би ти пречеле неговите обврски? Нормално, секој има некакви обврски во животот, но лошо е кога љубовта која треба да е задоволство станува обврска, а гушењето со тоа дека треба секогаш и во секое време да се биде на располагање на другата страна...извини, тоа е веќе обврска.
Епа затоа не сакам да бидам нечија љубовница и да се проонадам со некој со обврски (под обврски читај жена и дете) :pipi:
Со годините не се менуваат и принципите. :toe:
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Епа затоа не сакам да бидам нечија љубовница и да се проонадам со некој со обврски (под обврски читај жена и дете) :pipi:
Со годините не се менуваат и принципите. :toe:
Повеќе од јасно е и очигледно тоа што го реплицираш.
-Но зошто наместо да бидеш некому задоволство, толку многу многу сакаш да бидеш нечија обврска?
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Повеќе од јасно е и очигледно тоа што го реплицираш.
-Но зошто наместо да бидеш некому задоволство, толку многу многу сакаш да бидеш нечија обврска?
Пишав погоре :pipi:
Тој што љуби, не го гледа партнерот како обврска, туку како задоволство. Ова за себе го кажувам, што не значи дека некои ќе се сложат.
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Пишав погоре :pipi:
Тој што љуби, не го гледа партнерот како обврска, туку како задоволство. Ова за себе го кажувам, што не значи дека некои ќе се сложат.
Љубовта македонке сепак не е безгранична. Ако го напињаш партнерот премногу околу тоа да си заедно со него во секој миг, верувај ми, колку и да те сака ќе почне да те доживува како обврска без оглед на тоа дали има или нема други обврски во животот. Изгледа премногу имаш читано викенд-романи и гледано ТВ-сапуници па според тоа си формирала една прилично искривена слика за односите меѓу спротивните полови во околности какви се наведени во заглавието на темава.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.702
Поени од реакции
22.072
Затоа што некогаш така треба да биде (долгиот одговор друг пат)

За сега ќе ги оставам поискусните од мене да си кажат мудроста на оваа тематика

 
Член од
31 октомври 2010
Мислења
338
Поени од реакции
58
Што мислите, дали исклучиво љубовта е таа која доведува до тоа една жена/маж да добие статус на љубовница/љубовник?
Која сатисфакција ја наоѓаат во таква позиција, во врска која по мое мислење е многу мачна и болна (бидејќи е тешко да си втор/а)? Нели е понижувачки да висат постојано на закачалка? Што воопшто очекуваат од оженет маж/омажена жена?
Кое е вашето мислење за љубовниците?
Не би те коментирала зошто го поставуваш прашањето. Куртоазие е мал збор :)
Моралот и моралната рамка не дозволуваат личноста да излезе од неа и да падне во сплетка љубовница.
Но, постојат фази кои не прават несигурни и личноста која ни е потребна не треба да е во нашиот живот перманентно и тоа ја менува сликата за партнерот. Истото се случува и со врски кои се остваруваат на далечина. Потребата од некој, и стравот од тој некој да не повреди.

Работите не се црни и бели, се е некоја рефлексија и состојба. Љубовницата може да биде многу посреќна од сопругата.
Но, таквата врска не е здрава врска и не е врска со перспектива. И да се ,,круниса со брак“ минатото секогаш се враќа.

А тој маж/ жена што посегнал еднаш по љубовница, ќе посегне пак, така да вообичаено не е само една љубовница. Во таквиот случај една е сопругата, а љубовниците се многу.
Но, не осудувај и не оцрнувај, затоа што никој од нас не е даден со право да суди за другиот. Сочувај си ја личната среќа и сатисфакција.
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Па да. При слободни мажи не би чекала некој да си ги заврши обврските по дома, па кога ќе сака скришум да ме "прошета"/проонади :pipi:
Секој има различни размислувања и барања. Ти можеби се задоволуваш со 2-3 часа уживање, некои се задоволуваат со повеќе. Така да, ја нејќу тоа шо е мое да го делам со друг :toe:
А зошто пак по дифолт твојот конзервативен пристап е правилен, а се друго треба да се осудува. Не секој влегува во врска за да стапи во брак, некои луѓе го прават тоа од задоволство. Е сега ако твоите каприциозни убедувања те ограничуваат само на љубовни врски чија крајна цел е бракот, тогаш во секој случај со среќа, ама немој да си во делузија дека то е единствено прифатлива и ултимативна вистина.
 
Член од
19 април 2005
Мислења
1.806
Поени од реакции
75
Статус љубовница/љубовник значи дека едниот партнер во врската има семејство, а носителот на статусот го нема семејството. И не гледам зошто и’ ја разводнувате темата на Македонка со бош муабети за верства и неверства.
Иако (за жал) повеќето од “љубовниците“ кои ги познавам се жени, во понатамошниот текст ќе се обидам бесполово да ја означувам оваа категорија на, според мене, несреќни луѓе. Милслам дека може да се поделат во три главни категории:
1. Чекачи - чија идеја водителка е ајде-кога-ќе-се-разведеш. Дури и да дочекаат тоа да се случи, личноста што за која сонувале и ја доживувале како единствена страсна љубов, обично не ги исполнува нивните очекувања и е дополнително оптеретена од претходниот брак.
2. Уживатели - релативно исполнети и реализирани личности на кои им се сосема доволни моментите, часовите, деновите поминати со драгат особа. при тоа не забележуваат дека поминале години од нивниот живот и дека останале без сопствено семејство и
3. Издржувани лица - ова е веќе социоекономска категорија која нема потреба да ја објаснувам. Стан, храна, кола за малку љубов и дискреција.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom