Вечен заштитник сум на традиционалната архитектура, бидејќи и самата живеам во еден таков објект,мајка ми ја работи таа професија,од мала сум научена да го почитувам она што не само што има културна вредност туку има и духовна.
Не ми сметаат воопшто футуристичките објекти или современи,сеедно.Меѓутоа тука е потребен склад, и нормално,да не се уништуваат старите градби за да се изградат современите.
Мојата куќа да речеме е спој на двете. Екстериерот е есктремно традиционален и многу составни елементи,како врати,прозорци,а ентериерот е современ,модернистички.
Секој одговор на оваа тема ќе се заснова врз сопствената национална свест и совест.