Една анализа од мене за денешниов меч
1.ВДС-си го одработи своето,не можеше ништо да направи при примањето на головите.
2.Невил-мислам дека САФ направи голема грешка што го стави во игра,сеуште не е подготвен,денес покажа под просечна игра.Единствен виновник за 2-та примени гола според мене.За првиот слаба координација,а за вториот бегаше од играчот што го постигна голот,не се обиде да му ја одземе топката.
3.Евра-На секој меч го остава срцето на теренот.Се бори за секоја топка.Свака му част.Ама денес не успа да го спаси тимот од пораз.
5.Рио-Би го нарекол како еден од виновниците за 2-от примен гол,можеше да му ја земе топката на тој Дани(како и да беше) уште кога беше надвор од 16-тикот.За 2-от гол според мене тој и Невил многу слабо изреагираа.А во текот на целиот меч покажа добра игра.
15.Видиќ-Добар меч за Видо,неприкосновен во воздушните дуели,постига гол,се на се добар меч одигра според мене.
6.Браун-кога влезе во 80-тата минута се покажа некоја динамика по десната страна.Според мене тој треба да игра десен бек.
24.Флечер-Дел од мечот го одигра добро,ама дел многу слабо...
17.Нани-Нани многу слабо денес.Со еден збор Катастрофи беше.
18.Сколс беше насекаде по теренот,само црвениот картон ќе му биде лош белег од целиот меч
8.Андерсон-Колку што можеше направи на овај меч.Сакаше да игра ама тимот немаше доволно мотив.
22.О'ши (шеј)-од кога влезе тој тимот во средината доби поголема цврстина.Ги добивавме воздушните дуели на средината од теренот кој до пред тоа Погребњак успеваше топките да ги префрли до неговите играчи.
13.Парк-Штета што не беше подготвен за целиот меч,дефинитивно одкако влезе начинот на игра се смена и напаѓавме се повеќе.
32.Тевез-Ако се бираше мен оф да меч кај играчите од Мен Ју тоа ќе беше токму тој.Колку само беше мотивиран,колку се трудеше ама за џабе,не може да игра сам.
10.Руни-Една од послабите партии на Руни.Непретпознатлива беше оваа игра токму за него,ја немаше онаа борвеност како во другите мечеви.Некако како да се чуваше.
Ни фалеше на овај меч играч како Димчо,видовте сами да мораше Фердинанд да оди во напад за да се бори во воздушните дуели ама не покажа кој знае што.
толку од мене за денес.:salut: