(Стара) Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Статус
Затворена за нови мислења.

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.914
Поени од реакции
11.680
Закон! Се е јасно во клипов, е сеа само дали ќе го сватат клипот овија што се да не ги именувам :pos: :pos: Браво Дено !
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Облог меѓу Британците и Австралијците

Спортското ривалство меѓу Велика Британија и Австралија зема замав и во пресрет на овие Олимписки игри. Така, британскиот министер за спорт Гери Сатклиф и неговата австралиска колешка Кејт Елис смислија интересен облог за да го направат следењето на настаните во Пекинг уште поинтересно.
- Станува збор за облог, и тоа за многу интересен облог. Доколку тие освојат повеќе медали од нас, јас ќе морам облечен во австралиски дрес да отидам на „Олд Трафорд“ и така да следам еден натпревар на мојот омилен тим Манчестер јунајтед. Чувството сигурно нема да биде пријатно, но облог си е облог. Доколку ние освоиме повеќе медали, австралиската министерка ќе мора да проследи спортски настан во англиски дрес, го потврди Сатклиф облогот со Елис.
Иако Британија по традиција е потрофејна земја од Австралија на Олимписките игри, пред четири години во Атина Австралијците беа поуспешни од своите лути ривали. Тогаш Австралија освои 17 златни, 16 сребрени и 16 бронзени медали, додека Британците немаа успешна олимпијада, освојувајќи девет златни, девет сребрени и дванаесет бронзени медали.:helou:
 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Абе ако иде со австралиски дрес на олд трафорд ќе го убијат жими се.:pos2:
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Еве го составот на Тотенхем за средбата против Мидлсборо во сабота

Gomes - Zokora, Woodgate, Dawson, Bale - Jenas, Modrić - Lennon, Bentley, Giovanni - Bent

Нели ви е нешто чудно тука:helou:
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.914
Поени од реакции
11.680
Зокора, десен бек?! :pos: :pos: :pos: или Берба во Јунајтед? :)
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Или едноставно, нема ништо чудно, пошо го одмораат Берба, и без него ќе го тепаат Мидлсбро.:smir:

Шала.:wink:
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Второто поверојатно е некако:pos2:

А кое е детево, сакало да дојде во Јунајтед?........изворче
А има ли некој што не сака:helou:
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.914
Поени од реакции
11.680
Второто поверојатно е некако:pos2:

А кое е детево, сакало да дојде во Јунајтед?........изворче
А има ли некој што не сака:helou:

Антони Анан (на Кофи внук :pos: :pos: :pos:) е играчиште невидено, го имам пратено и стварно има квалитет дечкото, право за во Јунајтед е, а Есиен (многу сличности имаат)? Добар е момакот, ама ова ќумбево Анан коа ќе се разигра во Премиер ќе го остави позади, тек ќе се види што талент крие :helou:Ама Челзи може ќе увидат дека ќе го биде ѕвер и ќе си ја употребат стандардната шема лоповска и ќе го намамат со пари, а со што друго? Титули? :pos:
 

BoR4e

Manchester United
Член од
28 февруари 2008
Мислења
2.384
Поени од реакции
36
абе чим е изјавил дека сака кај нас ке дојде ... ако е заинтересиран фергусон и челзи да му дадат пари па нема да оде има желба у ЈУНАЈТЕД :smir:
 

back from hell

the number 23
Член од
17 март 2008
Мислења
786
Поени од реакции
7
нема челзи што да се меша тука убаво си вика детето my dream is united!
абе си знае што сака. а за бербатов ако иде ај аирлија нека е. утре на goal на насловна ќе има manchester officially signs berbatov!!!
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
A бе според шпекулациите се очекува утре да или најкасно петок наутро да потпише за да го има на сликата за тимот 2008/2009 година. Затоа и било одложено сликањето од денес за петок. нешто има ама ќе видиме што ќе биде. Се надевам да земеме барем еден пред почеток на сезона, а Берба би бил одлично засилување, растур ќе прави со глава(само таков играч ни фали до сега):helou:
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.539
Поени од реакции
2.229
Долго очекуваниот трансфер на Димитар Бербатов од Тотенхем во Манчестер Јунајтед може да биде реализиран токму на време и Бугаринот да дебитира на мечот во сабота.

Извештаите во Англија веќе говорат дека Тотенхем најпосле се согласил да го продаде одличниот напаѓач по значително зголемената понуда на
Црвените Ѓаволи од 28 милиони фунти. Лондонскиот тим претходно ја одби понудата од 20 милиони со објаснување дека нема да го ослободат Бербатов за помалку од 30 милиони фунти.

Во меѓувреме претседателот на клубот, Даниел Леви и персоналот негодуваат за начинот на кој Сер Алекс Фергусон го врбуваше бугарскиот интернационалец и се спремни да го обжалат случајот.

Менаџерот на Бербатов, Емил Данчев засилено работи на можноста овој трансфер да биде заокружен до вторник. По се изгледа дека на репрезентативецот на Бугарија му преостанува да добие дозвола и да отпатува во Манчестер за да ги договори личните услови и да ги мине лекарските прегледи.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom