Роналдо ќе стане најплатен во Премиерлигата
Кристијано Роналдо е на добар пат да стане најплатен фудбалер во Премиерлигата и да ги надмине Михаел Балак и Андреј Шевченко. Наскоро Португалецот кој има блескава сезона на Островот ќе потпише нов договор со Јунајтед со кој ќе заработи 40 милиони фунти. Со тоа Роналдо ќе заработува 150 илјади фунти неделно. Најдобриот стрелец во Премиерлигата има уште четири години договор со тимот од “Олд Трафорд” но од Манчестер би сакале да го задржат уште многу подолго, а со тоа и да спречат евентуален трансфер во друг клуб. Најзаинтересиран за неговите услуги е тимот на Реал Мадрид.