Да пошто ако сум го купил од салон, намерата ќе ми биде следниот ден да го огласам за да го продадам.
Колата е пред се алат - потреба не инвестиција од која се очекува поврат/заработка на пари.
Зборам за фамилијарен човек, не за купи продај трговците кои го увезуваат кршот на Европа, го шминкаат и заработуваат.
Тотално ја утна поентата.
Грешка си, ти си тој што ја утна темата не јас. Ти почна да споредуваш коли со станови.
Колата е потреба....да! Точно е.
Но станот( посебно за човек кој веќе има станови) не е потреба, туку погоди што?
Инвестиција! Хуреј! Така?!
Инвестиција која треба да се исплати на долг рок. За тоа и е темава, и за тоа дискутираме а не за коли. А примерот со Мерцедесот е на место, и вистина е.
Исто може да се каже и за новиве згради кај што нагрнале да купуваат станови сега. Прв газда, да прв газда,но ако почне нешто да "чкрипи" и првиот газда да се премисли, да сака да продава, секако неможе да го продаде на втор газда станот, по истата цена,така да и таа компарација ми е на место, велиш немало да се премислиш да продаваш кола ако си ја купел од салон, хах смешно размислување, па така ако гледаме никој нема да купува и продава коли, а најчесто огласите за коли се најчестите од било кои други,
ако не било така, Татко ти сеуште ќе си го возел Југото од салон купено ново. Зар не?