Станови во Скопје, совети за купување.

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.232
Поени од реакции
30.460
Не треба ни да знаат, ова е дел од претприемачкиот дел, ова ќе создаде атмосфера за да се создаде таа индустрија.
Ne se soglasuvam. Potrebna e edukacija, za backup plan, kako da se zastane na noze pri propast na biznisot, kolku danok, i taka natamu pravni aspekti.
Finansiski sme mnogu nepismeni.
Zatoa mozebi nedviznini e broj 1 investicija bidejki e najprosta.
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.058
Поени од реакции
759
Секаде се наоѓа амалска работа, дури и апла лесно за таква се оди во странство, од која мака да седи некој во Скопје, ако може во Дортмунд, каде во 6 месеци ќе извади колку во 2 години во Скопје?
Ама не одат сите во Дортмунд, нели? Не е така лесно да емигрираш надвор од државата. Не е секој способен да емигрира по принцип плукни - залепи. Затоа и постои таа миграција помали градови кон Скопје. Не ти зборам на памет, секој ден има огромни гужви низ Скопје. Се гледа дека станува мравјалник.

Јас лично, директ би одел во Дортмунд.
 
Последно уредено:
Член од
28 мај 2022
Мислења
88
Поени од реакции
172
Bre ama go lokalizirase regionot, kapistec ne, vero jambo ne.Sigurno i za vo minhen vo strog centar bea toa cenite, odma do katedralata.
Centralno podracje na Skopje bi bilo od Novo lisice do karpos 4 Po zapadni standardi, a periferija madjari radisani hipodrom, saraj
Вие арни сте?? Да, точно на тоа мислам, баш кај катедралата, или со вашиот речник на скопски инвеститори, еве тука, на три чекори од чешмата сретсело.

Добро, вие на школо сте учеле сразмер, пропорција, сооднос, споредба? Слушнал (оти се сомневам дека видел) дека во double digit милионски град тесно централно гратско подрачје е во радиус од 5км, па по таа логика зема и плеска 5км радис во Скопје и вика, еве центар е од Карпош до Н. Лисиче. Ој таму исплакни се малку со ладна изворска вода.

Излезете од тоа коцките што ги носите на рамења, немате поим колку е светот голем.

Ама да не биде дека сум инконсидерате (иако знам дека ќе ми е бесцелно), еве, ајде да ги вклучиме и "елитните и фенси" Дебар/Маџир маало, Пролече, Капиштец, Буњаковец. Колку е во просек квадрат за 60м2 стан? Отековте муда страници наназад; рипнати се цените, никој не ти дава џабе, кој ќе ти продаде пониско од што купил, бла, бла, дроб, дроб.

Кажете ајде, колку оди квадрат за пристоен стан од 60м2 во тој реон? Не доградба, не распадната надградба, не од пред 100г, не стан што гледа во кујната на комшијата, туку нормален, пристоен, солидно сочуван стан. Под 2000 евра не е, ако не и повеќе, така? Што повторно не` става во категорија од 10г. отплата, со други зборови минимум 10 годишни плати.

Разбирате дека со такви цени има затка на системот? Економија не се ЦИГЛИ И БЕТОН дигнати во вертикала. Што мислите Америка е силна денеска поради ЊуЈорк даунтаун и заради тоа колку кошта квадрат стан спроти Центал Парк? Мислите дека Америка е Амазон, Мајкрософт, и останати конгломерати?? Па малите бизниси се 50% од економијата на Америка, алооооо!! Креираат 2/3 од новите работни места, придонесуваат позитивно за конкуренцијата, иновативноста и ефикасноста и отсекогаш биле најсилна движечка сила на државата. Америка е изградена на грбот на малите бизници, кога страда Мејн Стреет страда економијата. И да, зборам за мали бизниси, а не за средни бизниси. Поим немате суртуци!!

Да, како што кажа Генерал погоре, точно тоа се skilled service workers: градежници, механичари, заварувачи, столари, молери, бравари, електричари, водоводџии, дрвосечачи, дограмаџии, landscaping, рибари, месари, пекари, слаткари, шивачи, бербери, тие што ние ги сметаме за “испод част” професии, мамицата на комунистите.

Е кога ќе престане државата да ги промовира и мотивира овие професии, а на тие мала шака луѓе што уште ги имаш ќе им го згорчиш животот, кога ќе им покажеш дека немаат никаква перспектива ниту гарсоњера во Ѓорче да си дозволат, не очекувај економија, и не очекувај просперитет. И не паѓа само нивниот стандард, туку паѓа и твојот со 2000 евра квадрат на златном папиру, а уствари папирот ви го обоиле во жолто и ви го продале за злато.

Туку џабе дискусија со вас, кога на крајот, кога немате што да кажете како контрааргумент, само го верглате истото: епа пазарот е таков што да прајш. Епа шоќепрајш, шодапра, чорба бате, чорба, само што ти мислиш дека јадеш рибја чорба, а ти сервирале супа направена од коцка, како таа вашата на рамења.

Ајт!!

Он ја нагласува неамбициозноста што ја имаме, на запад ке те направат будала да кажеш дека си влолжил пари за децата да ги обезбедиш зашто реално појма немаме што ке биде по 20години ама битно ти ке бидеш коркач у реалното време
На запад ќе те прашаат-- Молам?? Кои деца? Децата сами нека се снаоѓаат, сум ги поел, доел, спаструвал до 18г, од тука натаму е нивно. Затоа тие држави имаат 50-годишњаци возрасни во паметот, а ние имаме 50-годишњаци со чачкалица во уста.... пардон, на лижавче мислев.

Ne se soglasuvam. Potrebna e edukacija, za backup plan, kako da se zastane na noze pri propast na biznisot, kolku danok, i taka natamu pravni aspekti.
Finansiski sme mnogu nepismeni.
Zatoa mozebi nedviznini e broj 1 investicija bidejki e najprosta.
Финански неписмени?!?
Ние сме општо неписмени во секој поглед.
Што не е грев само по себе, грев е што не сакаме да се описмениме, а се правиме најпаметни.
 
Член од
24 август 2017
Мислења
580
Поени од реакции
1.326
Ne se soglasuvam. Potrebna e edukacija, za backup plan, kako da se zastane na noze pri propast na biznisot, kolku danok, i taka natamu pravni aspekti.
Finansiski sme mnogu nepismeni.
Zatoa mozebi nedviznini e broj 1 investicija bidejki e najprosta.
За биз само мадиња и одважност се потребни.Во недвижнини кај нас народов гледат како најсигурна опција ради климата шо ја имат во МК, види само кај соседиве главни фаци им се естрада, спортисти, бизнисмени и остали старлети, кај нас од друга страна ги имаш само политичариве со нон стоп афери и црна хроника така да ако увидиш цела клима ни е мрачна исполнета со страв во народов за било шо
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.058
Поени од реакции
759
Ок. Каков бизнис би отвориле во Македонија?
Не мора конкретната идеја да ја кажете, кажете ја барем браншата во која би отвориле бизнис.

Да споделуваме бизнис идеи на тој начин ќе паднат цените на становите.

Sharing is caring. Spread the love. Еве ја ќе почнам.

Агенција за недвижности, која ќе биде специјализирана и професионална, за менаџирање и изнајмување на станови во Скопје кои се купени од иселеници и седат празни. За тоа нормално ќе си наплаќа 30% од секоја кирија, секој месец. Ама ќе потпише договор со иселеникот дека станот ќе се чува и пази. Во спротивно ќе врати се што е земено на име провизија плус 100%. Со извршна клаузула во договор.

Ете идеја. Не треба ни дуќан, ни фискална, ни УЈП, ни ДПИ, ни вработени. Само ДООЕЛ и цепаш.
Ете конкретна идеја како да се придонесе за да се намалат кириите.
Ајмо.
 
Последно уредено:
Член од
30 јуни 2020
Мислења
3.073
Поени од реакции
11.465
Мал дефокус, а можда и не...

Цитат од друга една тема:

Централно градско подрачје, таму каде што вообичаено е најзагадено.

Утринава во 10 часот бев кај Универзална Сала, а од поодамна е изгорена, па знам дека не доаѓаше од таму миризбата.

Потоа истиот мирис во Автокоманда, Ченто, па назад во Тафталиџе, цел град смрди.
Се пишува колку е убав и квалитетен воздухот т.е. како ЦЕЛ ГРАД на нешто смрди.

И сега за да не се препукуваме како сме офтопик, иако и сме со муабетите сепак, размислете дека ова не е само ексклузивно за Скопје како такво и дека имаме и други градови каде истото се случува, загадување на макс (еве веднаш ќе ја спомнам Битола, бидејќи оттаму доаѓам).

Паралела може да се повлечи со било кој град во ЕУ, беше спомнат Дортмунд (кој иако не е сјаен по многу основи, сепак) и ќе видите дека никаде не смрди цел град и не те печат очи не само еднаш во годината туку со денови.
Зима иди, знаеме какви се зимите во Скопје, Битола, Тетово... месеци и месеци се бориш за воздух.

Дортмунд има скоро 700к жители, во радиус од 160-200км (колку што е МКД од граница до граница) има уште неколку градови со големина као:
370к
560к
700к
400к
1 милка

(помалите места со 40-60к жители не ги ни спомнувам).

НИКАДЕ не смрди цел град со месеци.

Тоа е едната страна на паричката, загаденост, сообраќаен метеж, нефункционални институции, а од другата страна е неспособноста да се размислува „надвор од кутијата“ и со претприемачки дух.

Без разлика која од тие професии/занаети кои ги спомна погоре Дреамон да се започнат ќе овозможат на генерации после вас повеќе од 1 спечален стан или куќа. Да не зборуваме за општата бизнис клима што ќе се промени и што така можеби ќе се влијае локално на градоначалници, локална власт и на крај на општеството во целина.

Циглите се секогаш тука како алтернатива за „инвестиција“. ;)
 
Член од
27 октомври 2017
Мислења
655
Поени од реакции
943
Stanovite ne se poskapeni deka iselenici kupuvale stanovi tuku deka vrednosta na parite e prepolovena. Prosto ko pasulj.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Ne se soglasuvam. Potrebna e edukacija, za backup plan, kako da se zastane na noze pri propast na biznisot, kolku danok, i taka natamu pravni aspekti.
Finansiski sme mnogu nepismeni.
Zatoa mozebi nedviznini e broj 1 investicija bidejki e najprosta.
Нема потреба да е експерт во финансии за да е претприемач, битно е да знае да менаџира, да е спремен да преземе ризик, и да има основно познавање за потребите на пазарот. За тоа што не разбира ќе плати експерти и ќе му го објаснат.
Тоа е впрочем и идејата на тоа што го зборувам, парите во цигла се затвораат и толку, пари но бизнис мора да вртат и да менуваат раце, што ќе ја движи цела економија. Се отвораат повеќе места за вработување за секаков тип на вештини, се промовира иновативност за да се остане конкурентен, потребите за подобрување на инфраструктурата се изразуваат и мора надлежните да преземат мерки.
Автоматски споено мислење:

Ама не одат сите во Дортмунд, нели? Не е така лесно да емигрираш надвор од државата. Не е секој способен да емигрира по принцип плукни - залепи. Затоа и постои таа миграција помали градови кон Скопје. Не ти зборам на памет, секој ден има огромни гужви низ Скопје. Се гледа дека станува мравјалник.

Јас лично, директ би одел во Дортмунд.
Изгледа само сакаш, слабо акција. Јас се што познавам ја кидна, па дури и 2ца што лежеа затвор за кражба, школски ми се, таму работат градежно.
Ти изгледа не си пробал доволно ;)
Автоматски споено мислење:

Ок. Каков бизнис би отвориле во Македонија?
Не мора конкретната идеја да ја кажете, кажете ја барем браншата во која би отвориле бизнис.

Да споделуваме бизнис идеи на тој начин ќе паднат цените на становите.

Sharing is caring. Spread the love. Еве ја ќе почнам.

Агенција за недвижности, која ќе биде специјализирана и професионална, за менаџирање и изнајмување на станови во Скопје кои се купени од иселеници и седат празни. За тоа нормално ќе си наплаќа 30% од секоја кирија, секој месец. Ама ќе потпише договор со иселеникот дека станот ќе се чува и пази. Во спротивно ќе врати се што е земено на име провизија плус 100%. Со извршна клаузула во договор.

Ете идеја. Не треба ни дуќан, ни фискална, ни УЈП, ни ДПИ, ни вработени. Само ДООЕЛ и цепаш.
Ете конкретна идеја како да се придонесе за да се намалат кириите.
Ајмо.
За кириите е потребно тело за регулација, овде е максимално регулирано и ниту газдата, ниту кираџијата може да прави што сака. Миленици само со дозвола, наведуваш колку луѓе, се мора да се врати во првобитна состојба па дури и машински да се исчистат теписоните, ама и газдата не смее да зголеми кирија кога сака, не смее да дојде без најава од минимум х денови, не смее ми да помисли да влезе без писмена дозвола и тн.
За идејата со агенциите (y)
Инаку овде наплаќаат грубо околу 10-12% од годишна кирија.
Автоматски споено мислење:

Мал дефокус, а можда и не...

Цитат од друга една тема:

Се пишува колку е убав и квалитетен воздухот т.е. како ЦЕЛ ГРАД на нешто смрди.

И сега за да не се препукуваме како сме офтопик, иако и сме со муабетите сепак, размислете дека ова не е само ексклузивно за Скопје како такво и дека имаме и други градови каде истото се случува, загадување на макс (еве веднаш ќе ја спомнам Битола, бидејќи оттаму доаѓам).

Паралела може да се повлечи со било кој град во ЕУ, беше спомнат Дортмунд (кој иако не е сјаен по многу основи, сепак) и ќе видите дека никаде не смрди цел град и не те печат очи не само еднаш во годината туку со денови.
Зима иди, знаеме какви се зимите во Скопје, Битола, Тетово... месеци и месеци се бориш за воздух.

Дортмунд има скоро 700к жители, во радиус од 160-200км (колку што е МКД од граница до граница) има уште неколку градови со големина као:
370к
560к
700к
400к
1 милка

(помалите места со 40-60к жители не ги ни спомнувам).

НИКАДЕ не смрди цел град со месеци.

Тоа е едната страна на паричката, загаденост, сообраќаен метеж, нефункционални институции, а од другата страна е неспособноста да се размислува „надвор од кутијата“ и со претприемачки дух.

Без разлика која од тие професии/занаети кои ги спомна погоре Дреамон да се започнат ќе овозможат на генерации после вас повеќе од 1 спечален стан или куќа. Да не зборуваме за општата бизнис клима што ќе се промени и што така можеби ќе се влијае локално на градоначалници, локална власт и на крај на општеството во целина.

Циглите се секогаш тука како алтернатива за „инвестиција“. ;)
Дортмунд го спомнав оти е слична бројност на население, греота е да го споредувам Скопје со метрополи од типот на Берлин, Хамбург, Минхен...
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2008
Мислења
1.058
Поени од реакции
759
Нема потреба да е експерт во финансии за да е претприемач, битно е да знае да менаџира, да е спремен да преземе ризик, и да има основно познавање за потребите на пазарот. За тоа што не разбира ќе плати експерти и ќе му го објаснат.
Тоа е впрочем и идејата на тоа што го зборувам, парите во цигла се затвораат и толку, пари но бизнис мора да вртат и да менуваат раце, што ќе ја движи цела економија. Се отвораат повеќе места за вработување за секаков тип на вештини, се промовира иновативност за да се остане конкурентен, потребите за подобрување на инфраструктурата се изразуваат и мора надлежните да преземат мерки.
Автоматски споено мислење:

Изгледа само сакаш, слабо акција. Јас се што познавам ја кидна, па дури и 2ца што лежеа затвор за кражба, школски ми се, таму работат градежно.
Ти изгледа не си пробал доволно ;)
Автоматски споено мислење:

За кириите е потребно тело за регулација, овде е максимално регулирано и ниту газдата, ниту кираџијата може да прави што сака. Миленици само со дозвола, наведуваш колку луѓе, се мора да се врати во првобитна состојба па дури и машински да се исчистат теписоните, ама и газдата не смее да зголеми кирија кога сака, не смее да дојде без најава од минимум х денови, не смее ми да помисли да влезе без писмена дозвола и тн.
За идејата со агенциите (y)
Инаку овде наплаќаат грубо околу 10-12% од годишна кирија.
Автоматски споено мислење:

Дортмунд го спомнав оти е слична бројност на население, греота е да го споредувам Скопје со метрополи од типот на Берлин, Хамбург, Минхен...
Апсолутно. Слабо акција бидејќи би изгубил се за што сум се борел досега за да бидам амал некаде.
 
Ocajna

Domakjinka
Член од
29 јануари 2007
Мислења
1.793
Поени од реакции
2.979
Stanovite ne se poskapeni deka iselenici kupuvale stanovi tuku deka vrednosta na parite e prepolovena. Prosto ko pasulj.
Да, сите го забораваат важниов факт, тоа што порано вредело 100 денари денес вреди 250 денари, вредноста е и повеќе од половина падната на денарот. Храна скапа, зашто не би биле и становите скапи. Мене ме чуди тоа што 36% од становите во Скопје околу 300.000 станови стојат празни, баш денес читав за тоа, тоа ми е чудно, тоа не е нормално, не може да е нормално, најверојатно една шака луѓе купуваат по многу станови 10,20,30 додека 90% дигаат кредити и неможат до еднособно станче да дојдат. Олигархијата во Македонија е забележлива.
 
Член од
22 февруари 2024
Мислења
91
Поени од реакции
182

Тмурно и мрачно е во Скопје. Кажи зошто тогаш повеќето нашинци живеат под кирија во странство а купуваат скапи имоти овде. Пошто таму се поефтини и подобри а тука лоши и прескапи? Просветлиме. Остај ти олигархија и црн пазар ја отрувте темата со тоа.
и 300,000 станови не се празни, за твоја информација Скопје има популација од пола милион.
 
Очигледно некој вештачки ги пумпа цените, баш прееска размислував на темава, замисли стан во Германија во некој средно населен град каде што кириите се движат за 80 квадратен стан кој вреди околу 250.000 евра да се издаде под кирија за 1200 евра, со 250.000 евра моментално може да се купи 100 квадратен стан во центарот на Скопје, но дали може истиот тој стан да се издаде под кирија за 1200 евра?? Не. Едвај за 400 до 500. Ако и толку даде некој. Значи едноставно не вреди човек да купува стан во Скопје, вештачки се напумпани цените, вреди само да продава стан во Скопје.
 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.868
Поени од реакции
36.913

Како го замислуваш тоа вештачко пумпање на цени? Кој е пумпашот и како ги пумпа цените?
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.670
Поени од реакции
66.727
Како го замислуваш тоа вештачко пумпање на цени? Кој е пумпашот и како ги пумпа цените?
Koнкретно во Куманово, се работи за 2 компании кои малтене го диктираат пазарот. Тие секогаш се први со највисоката можна цена штом ке има нова зграда, а по нив, и сите условно речено помали градежни фирми го следат трендот, иако не се ни приближно по квалитет на градба, ама зашто да не направат плус пари. Ако Делукс продава за 1600Е квадрат, тие ке одат со 1450-1500.

Пред 4 недели преговарав за купување на 2 стана, по 1370E за квадрат, во близина на централно градско подрачје, тивка и мирна локација. Пред околу 2 недели, едната од двете компании, Делукс, пушти во продажба нов објект кој е на 300-400 метри од локацијата на овие 2 стана што ги гледавме. Бидејки не успеав да добијам чисти имотни листови за двата стана, се откажав од купување. Другар се јави на истиот лик пред недела дена, и новата цена за истите станови е 1500Е квадрат, зашто Делукс на 400 метри продава по 1600Е. Значи, поскапување од 130Е по квадрат за 3 недели.

Ова е ненормална цена за Куманово. Мојот стан го купив 660Е/м2 на истата улица, во 2020-та.

За Скопје, претпоставувам дека главни компании кои ги влечат цените нагоре се Лимак, Голден Арт и Мега Фешн или како и да се викаат ликовите што градат карши Холидеј Ин. Пишав и тука во темата, бевме со сопругата во Фебруари да гледаме станови во Лимак. 2700-3200E во Лимак, Diamond of Skopje, 2300Е во Golden Art кај Треска, за квадрат.

Моментално, од тоа што слушам/читам, цените во Лимак се над 3500Е за квадрат. Ете овие компании ги зимаат сите помали како репер за цена. Па ако не се продаде, потоа ке намалуваат цени, или ако ти намали, ке ти "компензира" на некој начин со понеквалитетен материјал.
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.413
Поени од реакции
4.455
Луѓе купуваат поради тоа што се очајни, неписмени и глупави. Или едно од трите, или сите 3 заедно. Нема никаква економска логика да купуваш ти стан во Скопје со над 1500 - 1600 евра по квадрат, па дури и локацијата да е на плоштад. Градот е скроз нефункционален, сѐ се уништува, сѐ се распаѓа. Се што е квалитетно и држи ден-денес, е градено во Југославија. Платите се мизерни, кириите се во таван кренати. Луѓе купуваат ако немаат избор, односно се селат од помали места, да пробаат да заработат за парче леб во Скопје. А најчесто немаат избор, затоа што во местата од каде што доаѓаат, ниту работа, ниту пари има. Инаку нема никаква логика. Подобро да се преселиш во рандом село во некоја пофункционална држава, да си чмаеш таму, ама барем ќе има функционално општество, со чист воздух. Лоповлук до бескрај.

Затоа, за едно 20-30 години, кога наталитетот целосно ќе опадне, кога сите ќе земат бугарски пасош и ќе се спасат од вукојебинава, становите ќе зјаат празни и ќе се продаваат ради реда.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom