Станови во Скопје, совети за купување.

Член од
27 мај 2013
Мислења
3.493
Поени од реакции
4.650
Дечки, тие што скоро купиле стан, каде гледате огласи? Јас следам пазар3, реклама5 и по некоја фб страна, ама како да нема понуда на мали станови. Да не има на друго место да се огласуваат? Или некој совет да ми дадете?
Ke setas niz naselba i ke baras tabli kade sto se gradi, ako sakas mal moras vo gradba, duri i pred da pocne da se gradi.
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.139
Поени од реакции
852

Да, баш ова е. И јас барам мал стан, и нема воопшто избор по огласници.
 
Член од
29 март 2024
Мислења
385
Поени од реакции
773
Дечки, тие што скоро купиле стан, каде гледате огласи? Јас следам пазар3, реклама5 и по некоја фб страна, ама како да нема понуда на мали станови. Да не има на друго место да се огласуваат? Или некој совет да ми дадете?
Мал само во градба и тоа кога се почнува проектот. Кога веќе се гради заборави на мала квадратура.
Веќе изградена зграда го добиваш најлошото што останало. Приземје или кров. Голема квадратура на лоша страна.

Мој совет е избери 5-10 градежни компании со кои што твојата банка соработува.
Јависе кај сите или појди директно и прашај ги кој им е следниот проект и каде ке биде.
Ако ти се свиѓа локацијата барај мали станови. Само така ке фатиш, иначе нема шанси. Во зградата јас кајшто купив пред година ипол во центар имаше многу на избор пред да почнат. од 30 до 115кв. Сега веќе зградата е при крај и има само 1 останат од 115 што ретко кој сака толкави.
 
Извини што ќе се вмешам, не ти контрирам, само да те дополнам.
Често знам и дека ги продаваат становите на свои луѓе. Пр. правам зграда, и му се јавувам на брат ми, сестра ми, братучетка ми, другарот најблизок, колегата, и им викам прам зграда ако знаете сигурни луѓе што бараат стан јавете им. И така често знае и да е све продадено уште непочнато.
 
Не се мешаш друже дебатираме.
Да тоа е во МК моментално па и во странство кога купував. Тој што гради прво ги трга становите што се најдобри со локација, квадратура итн итн за себе, па за децата, па за роднини, па за пријатели.

Обичниот човек купува што останува. И јас кога би бил на негово место истото би го направил.
Ама како купувач не е добро за нас.
 
Ne mora da znaci, jas imam stan na profi lokacija so najdobra orientacija odlicen raspored a ne kupuvav od nekoj poznat, zavisi kolku so vreme ke go kaparisas, jas uplativ 20 meseci pred da bide zgradata oficijalno pustena.
 
Ама пак си купил 2 години пред да биде готова. Кога е изградена веќе е касно.
 
Член од
14 мај 2024
Мислења
4
Поени од реакции
9
Дечки добра агенција за огласување на куќи,станови некој да каже препорача од искуство? :)
 
Член од
27 мај 2024
Мислења
2
Поени од реакции
3
Дечки, тие што скоро купиле стан, каде гледате огласи? Јас следам пазар3, реклама5 и по некоја фб страна, ама како да нема понуда на мали станови. Да не има на друго место да се огласуваат? Или некој совет да ми дадете?
Јас планирам да ставам на оглас мал стан во август. 51м2 Аеродром (кај воен базен)
 
Член од
29 март 2024
Мислења
385
Поени од реакции
773
На погрешно место продаваш стан другар, овде бурекот го мерат колку грама е и треба да се продава за 20 денари, кафето со поглед на вода треба да е 30 денари, ти стан во Аеродром 1,600. Ма скап си и алчен треба 500 евра од квадрат да ставиш пошто така мислат економските експерти овде. :D
 
Последно уредено:
Член од
30 ноември 2014
Мислења
140
Поени од реакции
189
Дечки буџетот дозволува стан во хиподром или во марино. (900е м2). Што мислите за овие локации? Едноставно, стискај стискај, толку е. Секоја чест како купуваат луѓе по 1500е м2 стан, половни. Кај новиве па, ај што е 1600е м2 стан, уште и 10.000е е паркинг место. За голтари како мене, само приградско подрачје, или главење во кредит следни 35 години.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom