Станови во Скопје, совети за купување.

Член од
8 мај 2013
Мислења
11.925
Поени од реакции
37.011
Со тие пари што би купил во Скопје стан, би направил down-payment за стан во странсто и би го издавал и со истите пари од кирија би го исплатил.

Можеби ќе потрае време, но секако ќе се исплати многу повеќе кога гледаш на подолго.

А за тоа каков живот ти треба, тоа е доста индивидуално и тоа ти што го перцепираш, не значи и другите истото би го прифатиле како вистина.
А ти кај ќе живееш додека го ренташ станот во странство?
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.427
Поени од реакции
18.595

Затоа што е индивидуално, пазарот е најмеродавен. Пример нормален човек кога би го видел ова, ќе си рече кај ќе работам тука, кај ќе ми идат децата у школо, колку далеку има болница ако се болни и тн. Ти глеаш куќа со поглед на море. И врз база на тоа се праи побарувачка и соодветна цена.

А за овие комбинации не знам, пробај види како ќе ти иде. Ама освен во некој crack house маало, за тие пари нема да најдеш. Во Белград нема да најдеш а не па погоре.
 
Skylake

proseCUTE
Член од
7 јули 2016
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.712
Пример нормален човек кога би го видел ова, ќе си рече кај ќе работам тука, кај ќе ми идат децата у школо, колку далеку има болница ако се болни и тн.
Тоа е ок, но не е толку едноставно. 1500-2000 евра квадрат за МК се многу, едноставно не вреди. Ќе дојде секој во СК но што после, кај ќе бараш работа? Кај ќе ти учат децата? Во која Болница ќе се лечиш? За работа ти треба партиска книшка или татко ти да бил у УЧК, а Школите и Болниците се дно дна.

Грото од тие што работат во МК неможат да си дозволат да купат имот со 400 евра плата, цената во СК расте зошто тие што се на страна вештачки ја креваат побарувачката, т.е купуваат станови за да седат празни, и ги паркираат парите. Па така се доага до некој нереален сооднос помеѓу плата/квадратура.

Некаде на запад, можеби стан со иста квадратура е 3-4 пати поскап, ама платите се пример 5-10 пати поголеми, што ефективно го прави станот дупло поефтин. А од друга страна не му бараат партиска книшка да го вработат, а училиштата и болниците нудат подобри услови.
А ти кај ќе живееш додека го ренташ станот во странство?
Под кирија, ќе си плаќа најнормално кирија од платата што ја заработува, а кираџиите ќе му го плаќаат станбениот кредит што го зел од банка. Нема ништо чудно со овој метод, многу го прават ова надвор. Киријата чини исто колку што и исплаќање рати за станбен кредит.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.516

Ова е точно само и само ако имаш добар процент на учество, и ако давачките за одржување се минимални.

Со тековните цени стан од 55м2 ќе те чини околу 100 000 евра (земена цена од 1800 евра), и ова е цена за ненаместен стан. Бидејќи во Македонија е популарно да се издава наместен стан, пресметај уште 7-10к евра да го наместиш со мебел (среден квалитет, да не е најчкарт, ниту скап).

Овие цени на квадратура се веќе во Карпош, прв дел на Аеродром, Козле, и од тоа што е огласено на интернет, за слична квадратура бараат кирија од околу 300-350 евра (има и по некој што бара по 400-450, но мнозинството се околу 350).

Доколку немаш ни денар и сакаш да земеш кредит на сума од 100к, ратата ќе ти биде грубо 450 евра, што значи пак треба да дадеш пари од џеб. Доколку се земе во обзир дека растот на станот ќе ги анулира цените за поправка и месеците кога нема да успееш да го издадеш, пари кои треба да им дадеш на агенциите при секое огласување (пола дава кираџијата пола ти, ако го издаваш сам спреми се да бидеш секретарка), пак доаѓаме дека секој месец треба да најдеш екстра 50-100 евра, или во најдобри години да си на нула.

Доколку имаш барем 20% учество и земеш кредит од 80к, ратата ќе ти падне до 350-380 евра. Но прво во МКД не се собираат така лесно 20к евра, а второ таков кеш може да го инвестираш во уште еден куп други работи и да извадиш пасивни 10-20% без проблем, со малку повеќе замарање/следење на трендови и набавка на работи кои се шиткаат во тој момент, во трговија може да се дуплираш (ама јбг, ела научи го македончето да размислува од бизнис поглед).

Оние кои во моментов земаат станови во мкд, мислам дека грубо може да ги поделиме на овие групи:
  • инвеститори кои имаат страшно големи суми на пари, и купуваат станови за вештачко дуење на пазарот и продажба на становите кои ги градат,
  • газди на фирми кои становите ги користат за криење на данок (вештачки прикажување дека фирмите не се во добивка),
  • луѓе кои имаат солидни примања на пари во МКД (ИТ, директори, високои позиции по државни институции),
  • гастрбајтери (овие се на 2 подргрупи, едните кои имаат премногу пари па ова им се сајд проекти колку да се дешава нешто во животот, и втората кои гледаат дека никогаш нема да купат стан каде што отишле па го земаат за некаков бекап),
  • луѓе кои присобрале некој денар со мизерување и трпење, немаат појма како да ги работат парите, уплашени од инфлацијата ги пикаат во цигли,
  • луѓе кои мора да купат затоа што се заглавени ни натаму ни наваму, е овие се најзаебани и мора да работат за банките.
Ако сака државата може многу лесно да ги елиминира првите 5 групи, но за жал иако се малцинство имаат неколку пати поголемо влијание од мнозинството.
Така да се додека државата не реши да преземе некаква иницијатива, становите во Скопје ќе бидат такви како што се, градот нема да личи на ништо затоа што ќе се гради на секое слободно парцелче што може да донесе пари, а таа последната група ќе кине конци од мозочни и срцеви удари, затоа што работи за 500-600 евра месечно а треба да плаќа кредит/кирија од 350-400 евра.

Инаку кампањите за „соживот“ не треба да се водат меѓу етнички заедници, туку меѓу овие 6 категории на луѓе. Сите што сте дел од таа последната категорија имате право да ги пцуете во фаца тие од првите 5 категории затоа што ова не е воопшто различно од „воено профитерство“, и тие не ви се и не можат да ви бидат пријатели затоа што ви го загорчуваат животот.
 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.925
Поени од реакции
37.011
Под кирија, ќе си плаќа најнормално кирија од платата што ја заработува, а кираџиите ќе му го плаќаат станбениот кредит што го зел од банка. Нема ништо чудно со овој метод, многу го прават ова надвор. Киријата чини исто колку што и исплаќање рати за станбен кредит.
Не е чисто инвестициско средство станот, ете Лестер објасни погоре. Има многу зафрканции и есапот дома и на пазар не е ист, посебно не со овој сооднос цена за купопродажба и износ на кирија. Има логика така да купиш стан и да го издаваш додека син/ќерка не пораснат и не им затреба за живеење.

И тоа сценарио он да живее под кирија а да рента стан не е толку пријатно. Замисли него му се случи тоа што го опишав погоре. Му доаѓа газдата и му вели, ајде пакувај куферите, син ми се жени и му треба место за живеење. И што ќе прави он со жена и деца кога ќе му речат дека за месец дена треба да се исели? Немаме ние тука договори со клаузули како во Англија.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.427
Поени од реакции
18.595
Тоа е ок, но не е толку едноставно. 1500-2000 евра квадрат за МК се многу, едноставно не вреди. Ќе дојде секој во СК но што после, кај ќе бараш работа? Кај ќе ти учат децата? Во која Болница ќе се лечиш? За работа ти треба партиска книшка или татко ти да бил у УЧК, а Школите и Болниците се дно дна.

Грото од тие што работат во МК неможат да си дозволат да купат имот со 400 евра плата, цената во СК расте зошто тие што се на страна вештачки ја креваат побарувачката, т.е купуваат станови за да седат празни, и ги паркираат парите. Па така се доага до некој нереален сооднос помеѓу плата/квадратура.

Некаде на запад, можеби стан со иста квадратура е 3-4 пати поскап, ама платите се пример 5-10 пати поголеми, што ефективно го прави станот дупло поефтин. А од друга страна не му бараат партиска книшка да го вработат, а училиштата и болниците нудат подобри услови.

Под кирија, ќе си плаќа најнормално кирија од платата што ја заработува, а кираџиите ќе му го плаќаат станбениот кредит што го зел од банка. Нема ништо чудно со овој метод, многу го прават ова надвор. Киријата чини исто колку што и исплаќање рати за станбен кредит.
Ова мора да е некој перпетум мобиле, да живееш по кирија и да ренташ стан, и така да исплаќаш станбен. Пробајте, па сподели искуство.

Инаку прилично е едноставно, пазарот е најрелевантен дали ја или ти кажуваме глупости тука. Ниту се становите се само 3-4 пати поскапи, ниту платите им се 5-10 пати поголеми. Дури и со овие цени просечен човек во Мкд има поголеми шанси да купи стан во Скопје него некој просечен жител на западна земја во неговиот град.
И тоа ќе биде сменето во иднина.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин

Инвеститори од Косово и од Турција кога ќе дојдат, пошто само на нив им е интересен Скопје ко град. Еве пошто постојано го земаме Београд ко репер, со исклучок на некои централни делови, ко Врачар и Београд на води каде цените се од 3000 до 5000 евра по квадрат, квадратот во Београд е +/- околу 2000 евра. Во Београд просечна плата ти е 1200 - 1300 евра(во Србија е 700 евра). Она што ја прашувам е дали тој што купува стан у Скопје и оној што купува стан у Барселона да речеме, ќе го добие истиот квалитет на живот? На страна животниот стандард и куповната моќ.
 
Член од
27 октомври 2017
Мислења
690
Поени од реакции
1.002
Ko sto gledam na oglasive vo Barcelona ispod 5-6000 eur pa se do 10000 eur kvadrat ne e. Moze link kaj sto ima stan za 1500 eur kvadrat vo Barcelona?
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.427
Поени од реакции
18.595
Инвеститори од Косово и од Турција кога ќе дојдат, пошто само на нив им е интересен Скопје ко град. Еве пошто постојано го земаме Београд ко репер, со исклучок на некои централни делови, ко Врачар и Београд на води каде цените се од 3000 до 5000 евра по квадрат, квадратот во Београд е +/- околу 2000 евра. Во Београд просечна плата ти е 1200 - 1300 евра(во Србија е 700 евра). Она што ја прашувам е дали тој што купува стан у Скопје и оној што купува стан у Барселона да речеме, ќе го добие истиот квалитет на живот? На страна животниот стандард и куповната моќ.
И од Бангладеш да се и инвеститорите, пазсрот е тој.
Барселона е поубав град од Скопје, ама тешко дека ќе може да си дозволиш стан таму.

И за примеров со Белград. Ако сакаш вистински да разбереш, мора да си ја тргнеш субјективноста од глава. Стан во Центар ќе споредуваш со Врачар а не Земун, и просечна плата во Белград со таа во Скопје а не цела Македонија. На крај краева не е ни линеарно, влијаат и други работи на цената.
 
Има нешто што се вика урбано планирање. Еве ти ја Барселона со совршена симетрија

1681030266871.png

1681030321682.png

И еве ти го Скопје со урбаната џунгла

1681030488464.png

ова не е Чаир, Капиштец е

Член од
17 август 2011
Мислења
10.427
Поени од реакции
18.595
Има нешто што се вика урбано планирање. Еве ти ја Барселона со совршена симетрија

Прегледај го приврзокот 374794

Прегледај го приврзокот 374795

И еве ти го Скопје со урбаната џунгла

Прегледај го приврзокот 374796

ова не е Чаир, Капиштец е

И што е поентата на ова? Замисли, Барселона била подобро испланирана од Скопје.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
И што е поентата на ова? Замисли, Барселона била подобро испланирана од Скопје.
Се тоа допринесува до квалитетот на живот. Дали кога ќе отворам прозор ќе видам дрва или ќе праиме да пукне со комшијата или можда ќе гледам во ѕид. Дали кога се враќам од работа ќе кружам едно 20 минути и ќе ја оставам колата на километар скоро од кај што живеам, дали секое сабајле ќе пцујам у кола пошто ми треба 40 минути до саат време да пропатувам 6 километра, дали кога ќе се вратам дома ќе легнам да одморам и да дремнам или ќе го слушам комшијата со жена му и децата како урлаат и се караат, или под прозор ќе ги слушам како ми свират и се пцујат пошто не можат да се разминат на тесна уличка пошто некој паметен решил да пазарува и да ја остаи колата на сред улица.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.427
Поени од реакции
18.595
Доколку имаш барем 20% учество и земеш кредит од 80к, ратата ќе ти падне до 350-380 евра. Но прво во МКД не се собираат така лесно 20к евра, а второ таков кеш може да го инвестираш во уште еден куп други работи и да извадиш пасивни 10-20% без проблем, со малку повеќе замарање/следење на трендови и набавка на работи кои се шиткаат во тој момент, во трговија може да се дуплираш (ама јбг, ела научи го македончето да размислува од бизнис поглед).
Пред некој ден ми излезе видео од Andrew Tate. Вика ако не моеш да напраиш милион без проблем, ти си морон. Демек милиончиња лежат на сите страни, само треба да ги земеш. Така ми звучиш и ти со овие пасивни 10-20% без проблем :icon_lol:

Меѓутоа повеќето луѓе не знаат како да извадат пасивни 10-20%. Ако се среќни може да излезат со пасивен минус од 10,20% а повеќето ќе излезат со 0 денари. Тие што имаат идеа (ти, Andrew Tate) не им треба ни 20 000. Со 0, со позајмени пари, можат милион да напраат.
Автоматски споено мислење:

Се тоа допринесува до квалитетот на живот. Дали кога ќе отворам прозор ќе видам дрва или ќе праиме да пукне со комшијата или можда ќе гледам во ѕид. Дали кога се враќам од работа ќе кружам едно 20 минути и ќе ја оставам колата на километар скоро од кај што живеам, дали секое сабајле ќе пцујам у кола пошто ми треба 40 минути до саат време да пропатувам 6 километра, дали кога ќе се вратам дома ќе легнам да одморам и да дремнам или ќе го слушам комшијата со жена му и децата како урлаат и се караат, или под прозор ќе ги слушам како ми свират и се пцујат пошто не можат да се разминат на тесна уличка пошто некој паметен решил да пазарува и да ја остаи колата на сред улица.
Ја не знам што објаснуваш, побарај стан у Барселона и не губи време со нас. Ако најдеш нешто интересно, прати навака. И нас ни сметаат тие ствари, само неам пари за квадрат од 10 000 евра.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.516
Пред некој ден ми излезе видео од Andrew Tate. Вика ако не моеш да напраиш милион без проблем, ти си морон. Демек милиончиња лежат на сите страни, само треба да ги земеш. Така ми звучиш и ти со овие пасивни 10-20% без проблем :icon_lol:
Не знам, можеби е во право, сепак уште не сум ја нашол тајната за такви суми.
Да, за 10-20% треба да си глуп или мрзелив, и не се заебавам, сврти се наоколу и види на какви глупости трошат пари тие што те опкружуваат, инвестирај во нешто слично и собери им ги ти.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Инаку кога решивме да се споредуваме со соседите, ме изненади Софија, Бугарија. Моментално центите во Скопје се можеби и повисоки од тие во Софија. Кога сме кај примањата

In 2023, the minimum wage in Bulgaria is BGN 780 (EUR 400).

The average gross monthly salary in Sofia is around BGN 2500 (EUR 1280), resulting in a net salary (after tax and social contributions) of about BGN 1,940 (EUR 1000)

Kajgana Shop

На врв Bottom