Под кирија, ќе си плаќа најнормално кирија од платата што ја заработува, а кираџиите ќе му го плаќаат станбениот кредит што го зел од банка. Нема ништо чудно со овој метод, многу го прават ова надвор. Киријата чини исто колку што и исплаќање рати за станбен кредит.
Ова е точно само и само ако имаш добар процент на учество, и ако давачките за одржување се минимални.
Со тековните цени стан од 55м2 ќе те чини околу 100 000 евра (земена цена од 1800 евра), и ова е цена за ненаместен стан. Бидејќи во Македонија е популарно да се издава наместен стан, пресметај уште 7-10к евра да го наместиш со мебел (среден квалитет, да не е најчкарт, ниту скап).
Овие цени на квадратура се веќе во Карпош, прв дел на Аеродром, Козле, и од тоа што е огласено на интернет, за слична квадратура бараат кирија од околу 300-350 евра (има и по некој што бара по 400-450, но мнозинството се околу 350).
Доколку немаш ни денар и сакаш да земеш кредит на сума од 100к, ратата ќе ти биде грубо 450 евра, што значи пак треба да дадеш пари од џеб. Доколку се земе во обзир дека растот на станот ќе ги анулира цените за поправка и месеците кога нема да успееш да го издадеш, пари кои треба да им дадеш на агенциите при секое огласување (пола дава кираџијата пола ти, ако го издаваш сам спреми се да бидеш секретарка), пак доаѓаме дека секој месец треба да најдеш екстра 50-100 евра, или во најдобри години да си на нула.
Доколку имаш барем 20% учество и земеш кредит од 80к, ратата ќе ти падне до 350-380 евра. Но прво во МКД не се собираат така лесно 20к евра, а второ таков кеш може да го инвестираш во уште еден куп други работи и да извадиш пасивни 10-20% без проблем, со малку повеќе замарање/следење на трендови и набавка на работи кои се шиткаат во тој момент, во трговија може да се дуплираш (ама јбг, ела научи го македончето да размислува од бизнис поглед).
Оние кои во моментов земаат станови во мкд, мислам дека грубо може да ги поделиме на овие групи:
- инвеститори кои имаат страшно големи суми на пари, и купуваат станови за вештачко дуење на пазарот и продажба на становите кои ги градат,
- газди на фирми кои становите ги користат за криење на данок (вештачки прикажување дека фирмите не се во добивка),
- луѓе кои имаат солидни примања на пари во МКД (ИТ, директори, високои позиции по државни институции),
- гастрбајтери (овие се на 2 подргрупи, едните кои имаат премногу пари па ова им се сајд проекти колку да се дешава нешто во животот, и втората кои гледаат дека никогаш нема да купат стан каде што отишле па го земаат за некаков бекап),
- луѓе кои присобрале некој денар со мизерување и трпење, немаат појма како да ги работат парите, уплашени од инфлацијата ги пикаат во цигли,
- луѓе кои мора да купат затоа што се заглавени ни натаму ни наваму, е овие се најзаебани и мора да работат за банките.
Ако сака државата може многу лесно да ги елиминира првите 5 групи, но за жал иако се малцинство имаат неколку пати поголемо влијание од мнозинството.
Така да се додека државата не реши да преземе некаква иницијатива, становите во Скопје ќе бидат такви како што се, градот нема да личи на ништо затоа што ќе се гради на секое слободно парцелче што може да донесе пари, а таа последната група ќе кине конци од мозочни и срцеви удари, затоа што работи за 500-600 евра месечно а треба да плаќа кредит/кирија од 350-400 евра.
Инаку кампањите за „соживот“ не треба да се водат меѓу етнички заедници, туку меѓу овие 6 категории на луѓе. Сите што сте дел од таа последната категорија имате право да ги пцуете во фаца тие од првите 5 категории затоа што ова не е воопшто различно од „воено профитерство“, и тие не ви се и не можат да ви бидат пријатели затоа што ви го загорчуваат животот.