Станари кои не плаќаат

Дискусија во форумот 'Право и закони' започната од Wolf-Rayet, 14 септември 2013.

  1. zelenko

    zelenko

    Член од:
    6 февруари 2010
    Мислења:
    662
    Допаѓања:
    560
    Јас никого не сум исфрлил за да ме тужи. Во договорот пишуваше дека ако не се платат две последователни кирии договорот ќе се смета за раскинат.
    Киријата требаше да се префрла на трансакциска која беше наведена во договорот.
    Јас само го издадов на други лица а они го исфрлиле.
    Како што напоменав, мајка му се шибаше со адвокат, до сега требаше веќе да бидам тужен ако имало причина.
     
  2. Sase_Ohrid

    Sase_Ohrid

    Член од:
    4 март 2011
    Мислења:
    553
    Допаѓања:
    391
    Правно, нема врска договорот што не бил исполнет со одземањето на владението. Тоа се две сосема различни работи. Не велам дека не си бил во право, напротив, но сметам дека на сосема погрешен начин си го остварил своето право.
     
  3. zelenko

    zelenko

    Член од:
    6 февруари 2010
    Мислења:
    662
    Допаѓања:
    560
    Кое право на владение кога договорот е раскинат ? Со кое право има он владение ?

    Sent from my GT-I9300 using Tapatalk 2
     
  4. Sase_Ohrid

    Sase_Ohrid

    Член од:
    4 март 2011
    Мислења:
    553
    Допаѓања:
    391
    Претпоставувам дека не си правник и гледам дека мојот одговор не ти одговара, но неспорно е дека тој го имал владението и ти си му го одзел на нелегален начин, за што може да те тужи и тоа со сигурен успех.
     
  5. zelenko

    zelenko

    Член од:
    6 февруари 2010
    Мислења:
    662
    Допаѓања:
    560
    Не сум правик и од правен аспект ме интересира врз основ на што има он владение.
    Не дека не ми одговара или дека не ми се допаѓа одговорот. Ти благодарам на досегашниве одговори.
    Поздрав
     
  6. Sase_Ohrid

    Sase_Ohrid

    Член од:
    4 март 2011
    Мислења:
    553
    Допаѓања:
    391
    Ќе пробам да то објаснам на нједноставен начин. Владението е само еден дел од правото на сопственост, не е само по себе и право на сопственост. Значи иако ти си сопственик на една ствар (во случајов на станот) можеш фактичка таа ствар да не ја владееш, односно владеењето на стварта да биде кај друго лице. Во конкретниот случај со склучувањето на договорот за закуп и вселувањето на закупците ти си го пренел владението на нив со самото нивно влегување во станот. Неплаќањето на договорената закупнина била причина за раскинување на договорот за закуп, но со непредавањето (не излегувањето) на станот тие неовластено го задржале владението врз твојот стан. Единствен легален начин да го вратиш владението било со тужба за иселување и предавање на владение преку судот, одсносно доколку договорот за закуп ти бил солемнизиран кај нотар, тогаш директно преку извршител би можел да ги иселиш (со солемнизирањето договорот добива сила на извршна исправа). Во груби црти тоа би било тоа.
     
    На zelenko, kooperativa и Gjoksi им се допаѓа ова.
  7. kooperativa

    kooperativa Г-ин Пола Милениум

    Член од:
    2 октомври 2012
    Мислења:
    7.633
    Допаѓања:
    8.585
    пред некое време баш оваков договор, со солемизација дадов како урнек на еден форумџија.
    пред да го издавам станот се распрашав кои се моите можни решенија во случај на спорење. имам од близина многу такви случаи каде пријателите го јаделе стапот. на крај се дојде до заклучок за таков договор. и сега е лесно. ти му кажуваш на потенцијалниот клиент ова и ова, а ако е некој со сомнителни намери ќе избега ко ѓавол од крст. имало такви случаи.
     
    На Sase_Ohrid му/ѝ се допаѓа ова.
  8. zelenko

    zelenko

    Член од:
    6 февруари 2010
    Мислења:
    662
    Допаѓања:
    560
    Биди љубезен и препрати ми го и на мене ако сакаш на livrinovski@drisla.mk
    Би ти бил благодарен.

    Саше Охрид, благодарам на одговорот.
    Дали ако немаше договор ќе беше полесна работата ?
    И замисли си хипотетичка ситуација:
    Се враќаш дома од одмор со семејството и гледаш дека некој провалил кај тебе и се удомил. На полицијата и тврди дека немате писмен договор, дека е кираџија и ти плаќа на рака.
    Чаре ??
     
  9. kooperativa

    kooperativa Г-ин Пола Милениум

    Член од:
    2 октомври 2012
    Мислења:
    7.633
    Допаѓања:
    8.585
    извини, но адвокатите како ќе земат плата? јас платив 1560 ден за таа работа, а форумџијата што го доби ми е добар личен пријател
     
  10. Ireal

    Ireal

    Член од:
    12 март 2009
    Мислења:
    6.431
    Допаѓања:
    2.796
    не е исто, во овој стан трајно живееш, сите комшии ќе потврдат дека е провала.... б.т.в., секој комшија кога си на одмор има право да пријави на полиција ако некој друг влезе во станот...
    .. б.т.в., на времето имаше во некој осигурителни компании осигурување од Диво вселување, за нови станови, имаше диво вселување во нови приватни станови , со ова осигурување се исплаќаа трошоците за бркање на дивите
     
  11. Ireal

    Ireal

    Член од:
    12 март 2009
    Мислења:
    6.431
    Допаѓања:
    2.796
    ..Една работа во врска со ова... дали сопственикот на станот, без обзир дали во станот седи кираџија со договор или без, може да оди во ЕВН и да побара времено исклучување на струјата ? ... мислам дека може да ја исклучи, едино е проблем водата
     
  12. MagenDavid

    MagenDavid

    Член од:
    4 мај 2015
    Мислења:
    23
    Допаѓања:
    35
    Mолам ако има некој урнек од договор за закуп на станбен простор без закупнина да испрати линк.
    однапред фала браќа.
     

Сподели преку: