Извор: Инпрес
Бачев - Охрид во заложништво на полициското подземје! Охрид, 11. септември 2010 (ИНПРЕС)
Јанко Бачев, сега партиски лидер, поранешен обевештаец и добро упатен човек во случувањата во безбедносниот сектор во земјата, во авторски текст во неделникот „Фокус“, тврди дека Охрид живее во шемата на полициското подземје и дека тука треба да се бараат причините за убиството на српскиот турист, тепачките во кафулињата, рекетот и другите грди нешта.
фитабилни криминални интереси преку еден службеник во охридската полиција. Овој човек ја користи моќта што му ја овозможува полициската служба, а во заднина има регистрирано агенција за обезбедување на име на својот син, која го контролира речиси целокупното обезбедување на лица и имот од Охрид, тврди Бачев. Бачев не го открива името на полицискиот службеник и на неговата агенција за обезбедување, но е многу лесно читливо за кого станува збор. Во Охрид го знаат како разуздан ловџија, политички превртливец и слуга на политички моќните луѓе, или пак на поранешните стопански моќници. Прашање е само што прави министерката Јанкуловска и дали и таа не знае за кого станува збор и како сето тоа го толерира - нејзин службеник да завладува со бизнисите и безбедноста на Охрид.
Бачев тврди дека агенцијата на охридскиот моќник - полицаец, е регистрирана во непостоечка, фантомска Комора за обезбедување, која издала 15 илјади лиценци и заработила 6,5 милиони евра. Сите тие луѓе имаат право да носат оружје, а со бројката се над сите вооружени полицајци, но и над сите вооружени во АРМ. Кој ја контролира таа сила и во чии интереси работи?, прашува Бачев.
Полициското подземје, преку овој локален моќник во Охрид, ги остварува своите бизнис ионтереси. Тој функционирал како истурено одделение на фантомската Комора на обезбедувачи од Скопје и дека за 400 евра, делел лиценци, со печат и во име на фантомската комора.
Бачев потсетува дека критичната ноќ, кога е убиен српскиот турист, во центарот на градот немало полицаец и тврди дека подземјето во свои раце, од полицијата, го презело обезбедувањето на Охрид. Меѓу обезбедувачите, има лица со криминални досиеа, тврди Бачев.
- Полициското подземје целосно ја презема грижата за редот и поредокот на Охрид. Со еден збор, Охрид е во заложништво на локалните полициски службеници од шемата на главното полициско подземје, заради рекетирање и остварување на неговите профитабилни интереси, тврди Бачев.
Бачев предлага МВР најитно да воведе принудна полициска управа во Охрид. Без ова се релативизира успешното полициско расчистување на убиството на српскиот турист, а не гледам корист ниту од изјавата на премиерот Никола Груевски, дека не треба премногу да се драматизира сигурноста на граѓаните, бидејќи убиства се случувале и во околните држави, поентира Јанко Бачев, во својот авторски текст во неделникот „Фокус“. (Крај)