Српски турист загина во групна тепачка во Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Ги удавија бугарите, ги скинаа србите.
Туризмот цвета.


Сочуство до семејството.

Mоре копиљ кој ги удавил бугарите..кој ги тепа србите...:tapp: ти имаш ли претстава за несреќен случај..Тоа со Бугарите намерно ли беше..или сега за десет души ненормални сите да кривиш
 
Mоре копиљ кој ги удавил бугарите..кој ги тепа србите...:tapp: ти имаш ли претстава за несреќен случај..Тоа со Бугарите намерно ли беше..или сега за десет души ненормални сите да кривиш
Па копиљ ми вика со 24 години.
Не ти е ни тебе лесно со таков памет.
 
при крајот на настапот на Рибја Чорба на Пиво фест се степаа две групи во гужвата, голема ја направија.... но мислам дека охриѓани беа...
 
при крајот на настапот на Рибја Чорба на Пиво фест се степаа две групи во гужвата, голема ја направија.... но мислам дека охриѓани беа...
и ?

мање битно што биле тие и што бил починатиот . Туку сега кога ке се враќате од дискотека наместо -мамо се вратив , ке викате -мамо преживеав.
 
Ги удавија бугарите, ги скинаа србите.
Туризмот цвета.

Сочуство до семејството.


Типичен пример на заостанато и површно размислување, сервирано од А1 и сличните „црна хроника“ медиуми.
 
Ок Цитро, со бугарите беше несреќен случај (со мал милион дупки во делењето дозволи за пловидба) ...

И убаво рече некој од погоре, нема врска дал е србин или нешто трето по националност, срамота е ( амеба треба да си за да незнаеш што се дешава кога газиш глава на човек ), без разлика на причините кои довеле до вакво нешто ( иако и тие се патетични ), а уште порезил е фактот што се случува во строг центар на туристичко место во ситуација каде 1 од дечкиве панично се дере по полиција.
А и веќе кога одам со степенување, најтрагично е што утре Горде со бркон ќе излезе на телевизија и ке збори за нашата европска полиција, да, онаа што дозволи лани во главен град на држава пред нивни очи, на метро од нив, да шетаат луѓе со секири ( алудирам на инцидентот во Нерези ) и што еве, 10 души убиваат човек во строг центар на туристички град, во исто време друг се дере хистерично за полиција, и ај што помошта не стигнала на време ( во ваква ситуација треба да е иминентна ), него и еве 24 часа поминаа, и повеќе, а нема уапсени.

Ако одиме по нејзините логики дека полицијава ни е европска ( луѓе и у кофи почнаа да се дават ) тек што ке биде кога ке влеземе во Европа, човек се самоубил со 78 убоди од нож, 3 месечно бебе ги заклало своите баба и дедо а мајката е во критична состојба и шансите да прижевее се минимални, изјава на таткото '' беше премногу силно, не можев да го совладам ''... why not ?! :tv:
 
Mоре копиљ кој ги удавил бугарите..кој ги тепа србите...:tapp: ти имаш ли претстава за несреќен случај..Тоа со Бугарите намерно ли беше..или сега за десет души ненормални сите да кривиш
Одмори 2 дена.
 
Охриѓани се најлоши домаќини од сите туристички земји во светов. Живеат од туристи, а се безобразни и нељубезни до бескрај.

Шо викаат: „Да можат со лајца ќе ни го исркаат ензерото скопјаништана“.

Така да вакво нешто од нив не е чудно. Правдата ќе си се оствари, ќе си лежат во затвор виновните.
 
Не зборам поради наплив на емоции заради инцидентов, вакви настани секојдневно насекаде се случуваат.

Мојот став е дека Охрид треба подитно да се избрише од мапата на РМ и да им се подари на Албанците или пак подобра варијанта да се деколонизира, а потоа да се насели со питом народ од Источна Македонија.

Што изрод народ ќе беше, два пати по ред за комуњарите гласаат.
 
еве ви еден пример... бевме на екскурзија во Будва и се беше океј, бевме повеќе луѓе собрани во еден кафич, 3-ца мои школски решија да одат до хотелот да земале нешто и по патот,пред да стигнат до хотелот Словенска Плажа кој е во центарот ги начекува група од 6 момци, ги прашуваат од каде се и кога дознаваат дека станува збор за македонци им го удараат ќотекот... среќа настанот беше близу до хотелот и беше наишол некој од професорите, па така да моите другари поминаа добро... кажуваа дека биле срби,а не црногорци, велат ги познале по говорот,ама не се сигурни дали се срби... поентата ми беше дека секаде барем што се однесува до балканот или земјите од бивша Југославија има вакви немили настани, такви сме ние балканците ЗА ЖАЛ!!!

а тепачката на Рибја Чорба беше како подвижен круг,како во цртаните филмови, две групи од по 7-8 момци, значи околу 15 души на моја возраст почнаа да се тепат и се движат, тој круг можеби се движеше цели 10метри... другиот ден на Владо Јаневски обезбедувањето беше многу поодговорно за разлика од претходните два дена, значи треба да се случи некој немил настан за да работите профункционираат како што треба
 
Не зборам поради наплив на емоции заради инцидентов, вакви настани секојдневно насекаде се случуваат.

Мојот став е дека Охрид треба подитно да се избрише од мапата на РМ и да им се подари на Албанците или пак подобра варијанта да се деколонизира, а потоа да се насели со питом народ од Источна Македонија.

Што изрод народ ќе беше, два пати по ред за комуњарите гласаат.

шо мешаш баби и жаби? секаде се дешават вакво нешто, ама баш секаде, ето на бали пред некоја госина ги кренаја во воздух и англичаните пак одет таму, проблемот не е во охриѓани, мислите дека сите се такви чурук? во секој град имат ајвани шо может да ти ја расипет вечерта, одморот или нешто друго, проблемот е во органот за ред и мир, кај беа тие, или играја пикадо евентуално легнале да дремнет тро зш ги опра работата? за да се сменит културата и однесувањето на еден народ требит време, образование, на крајот на краиштата и да се десит неколку годии со ред никој да не стапнит Охрид, па од мака сакале или не ќе го сменет односот спрема гостите домородциве. ова шо се деси е непростливо и не смејт да се десит никогаш појќе


Бог да го простит починатиот, да му е лесна земјата
 
Секогаш треба да биде пракса пед дискотека да стои две три полициски комбиња со полиција затоа што се знае дека може да се случи било каков инцидент каде има пијано гости и слично. јас колку што сум видел во скопје пред хард рок секогаш има полиција до фајронт а исто така полиција патролира и поред кеј кај дискотеките и кафиките. Вака треба и во охрид да се прави и тогаш ако има инциденти може брзо да се реагира и одма тие што го кршат редот да се предадат во полиција да се евидентира и се спречува поголем инцидент. проблем е што кај нас откако ќе се случи нешто тогаш се реагира а не се размислува со визија за унапред да се спречи пред тоа да с е случи.
 
Добро бе луѓе, ајде да видиме каде е проблемот во цела работа.
Каде било, кај нас во МК, на Балкан, на запад, секаде има тепачки. Само на другите места си има обезбедување кое си ја врши својата работа. Значи се случува инцидент, се спречува, се вика полиција, и работата е завршена.
Ама кај нас, еден дел од обезбедувањето, ( не сите) е главен проблем. Не знам како се добиваат лиценци за работа, ама највероватно еден дел ги добиваат малски силеџии, кои не можат да работат ништо друго, освен да се тепаат и провоцираат. Па кога ќе дојдат на висока позиција, човече па го ставиле на врата да пушта народ, се изживува врз поединци зошто од него зависи дали некој може да влезе во одреден локал. Скоро сите, ако не доживеале барем виделе таква ситуација.
Еве пример, во Охрид( сосем случајно, за тоа ми текнува) не знам како се викаше таа дискотеката на отворено, накај безниската, пред можеби 5 или 6 години, чекам со другари да влезам. И гужва како пензии да делат. Поминува една женска, сите се вртат по неа, и наеднаш се избацува батка, ја тегне за коса, ја треска од земја, зошто мрднала 2 сантина од неговата замислена линија за чекање. И што е потрагично, доаѓа негов колега, и првиов му вика виде што и направив, и нормално тука има едно give me 5!
Значи нивна работа е да спречат насилство, а не да покажат кој е најсилен таму.
Кога има тепачка на повозрасни луѓе, и горе наведените не си ја вршат својата работа, плус со присуство на алхохол, последиците мое да бидат далеку поголеми. Еден удар, може да одземе живот, а сега дали било со намера или не, тоа не е битно.

Значи ова е последница, на многу други проблеми, и само не го претерувајте за Охрид, секаде може да се случи ова, дали биле Срби, Бугари, итн, не е воопшто битно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom