Средношколски протести

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.841
Пак ќе повторам, колку време штрајкувате, две и повеќе недели, резултати има? Не
Дали се на повидок резултати? Не
Дали за истиот период имаше резултати од штрајкот на студентите ? Да
Дали за истиот период имаше резултати штрајкот на професорите? Да
Дали гледате шема на однесување?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Браво, алал да ви е. Вашата совест ќе биде чиста дека сте излегле и сте направиле нешто. Баталете ги тие што ве оцрнуваат, за 250 евра на курови да седиш не е лесно, голема е конкуренцијата, мора да се одработи.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.992
Абе готово е. падната е :pos:
Има време. Гвујо има деца па ќе одигра ко Лукашенко. Само тој е 21г. на власт и чека детето да му порасне..... “Гвдо на тато тоа, немова да учиш и тато ќе ми те пикне во висока јавна функција каде ќе смееш да тепаш, убиваш и квадеш и пвитоа да не бидеш виновно. Тато тебе многу ми те сака.“

Да имаа морална одговоронст до сега ќе поднесеа оставка. Но ни Франко тоа не го направил, иако и тој го практикувал ова свето тројство, но на крајот паднал.

Сега одговор на прашањето. Што не е во ред со барањата на средношколците? :)
 

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.841
Има време. Гвујо има деца па ќе одигра ко Лукашенко. Само тој е 21г. на власт и чека детето да му порасне..... “Гвдо на тато тоа, немова да учиш и тато ќе ми те пикне во висока јавна функција каде ќе смееш да тепаш, убиваш и квадеш и пвитоа да не бидеш виновно. Тато тебе многу ми те сака.“

Да имаа морална одговоронст до сега ќе поднесеа оставка. Но ни Франко тоа не го направил, иако и тој го практикувал ова свето тројство, но на крајот паднал.

Сега одговор на прашањето. Што не е во ред со барањата на средношколците? :)
напиша две барања ама не ги образложи
1. Да се одложи екстерното за 6 месеци? (зошто баш за 6, што ќе се постигне со тоа)?
2. Да се врати стариот начин на полагање матура (што има во новиот што е толку погрешен и смета)?
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.992
Па ти не напиша ништо конкретно. Неколку глупости во врска со финансирањето, од кои потоа се огради и неколку коментари во врска тоа дека барањата им биле глупави, но не даде никакво образложение.

1. Што ќе се постигне? Ќе се постигне многу.
- Екстерно ќе има, но оценката нема да влага во сведителстото, како што првично беше договорено.
- Ќе се остави простор за преговори во иднина.
- Ќе има можност да се прочисти системот од оние прости, двосмислени, долги и од оние прашања кои се надовр од учебниот план.
- Можност екстерното да претрпи одредени измени, што за волку краток период не е возможно да се случат како на пример оној проблем со Недоволен (1)! Таа оценка не смее да стои во сведителството.
Мала компарација со Словенија. Знеш дека таму кој сака да студира, ќе плати некоја мала цена. Но со Недоволен (1) во сведителство никаде нема да те примат што тоа постои со цел младите да останат во државава. Тоа никаде го нема.

2.Што фали?!
- 7 теста во рок од 14 дена. Притоа 4 писмено и 3 електронски. Нема доволно кабинети опремени со компјутери што ќе дојде до дознавање на прашањата и одговорите кои нели, за сите ќе бидат исти. Но и рокот е многу краток.
- Огромна можност да падне системот. Патем секоја година им паѓа за време на екстерните тестирања. А тоа значи од почеток порагање.
- Тука е и застапен дискиминаторскиот акт т.е. оној феномен со математиката.

Ова е моето мислење. Ако веќе сакаш да коментираш фати се за одлуките и ставовите на пленумот, а не моите затоа што тие се оние кои го засегаат мнозинството, а не моите.
 

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.841
Коментирам со тебе @Dumbledore (и другите членови на Кајгана), кога ќе се појави некој од пленумот тука ќе коментирам и со него.
Како што можев да забележам забелешките се пред се од техничка природа, а не суштествени.
1. Која е поентата да има екстерно ако оценките нема никаде да влегуваат и да се вреднуваат
проблеми од типот на двосмислени прашања, или прашања кои не биле дел од материјалот се лесно решливи прашања кои ќе се решаваат во од и за кои нема потреба од некакви преговори
Недоволен не смее да стои во сведителство, точно се сложувам, затоа што сведителството е еден вид на завршен документ со кој се потврдува дека си постигнал минимум потребно знаење, а со 1 Недоволен значи не можеш да добиеш сведителство (ќе го добиеш во оној момент кога ќе добиеш најмалку 2)

2.За кабинети, компјутери и технички можности нека му ја мисли тој што ја организира матурата (школото т.е. министерството), твое е да се спремиш, и како што реков и претходно дали ќе полагаш писмено или усно или на компјутер нема разлика, ако знаеш ќе знаеш секаде.
Што мислите на факс полесно да не ве чека, таму ќе имате колоквиумски секој месец со по 4-5 колоквиуми, така да ништо страшно 7 полагања ако имате за 14 дена (едно само не ми е јасно тие 7 полагања на колку предмети се однесуваат, 7 различни предмети или помалку?)
Феноменот со математка мислам го решија, ќе го полагаат само оние кои мислат да се запишат на технички факултет, и тука нема ништо спорно
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.737
Поени од реакции
1.490
Значи не ги разбирам овие сега што протестират значи ние коа протестиравме бевме тотално во право сака да полагаме нешто што не сме учеле господата ја ревидираа програмата , па ние се повлековме од протести , а овие што сакаат ? Освен ако пак не е тестот ист за сите и не е земено во предвид дека медицина и техничките струки имат помал фонд на часови ( медицина учат само 2 години математика) , додека гимназија имат поголем број на часови и учат повеќе материјал нешто што нема логика. Незнам која е сега целта на таа државна матура кога и со завршен испит можеш на факултет , а не дека математика не нешто што е тешко ама уште од основно се влече проблемот , а сега со кембриџот генераците ќе бидат уште поаверзни кон математиката затоа што дете од 4 оделение ќе учи исто што сеа учат двојно постари ученици т.е 8 оделенци е тоа треба да е метата на овие што протестират!
Во однос која е целта на екстерното треба да влијае кон реалност на оценување и да нема добивање на оценки со мито , врски или притисоци , но едно заборавиле ова е Македонија , а не Кина или Америка! Ако не му пишеш 5 може да леташ од работа затоа што тато е пријател со градоначалникот или е јак у партија! Потоа имат развиен концепт на препишување со телефони од тој пред него и што уште не така што системот е на гнили штици само чека да се урне и да навлезе неписмена нација растена и попалена по турско индиски серии и српски ретардирани шоуа!
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.901
Поени од реакции
11.516
И тоа со математика не е баш така. Туку тие што се ПМ да мораат да полагаат.
А што фалеше претходно еден ден македонски, друг англиски/математика итн? Плус електронски...многу добро знаеме какви се проблеми имаше со таквиот вид на полагање.

А за тоа дека СОНК се избори за нешто...
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.885
Поени од реакции
17.716
Многу е битно како ќе реагираат родителите на ова,тука се крши мразот.Или ќе не биде или не...
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.794
Поени од реакции
13.248
Ексклузивно на кајгана форумот ќе ви пренесам дека за денешениов марш беа потрошени нешто помалку од 15 000 денари. Дај боже да имавме буџет од десетина илјади евра или па 100 000 евра ко што викаат ванаби новинариве. Ако со ебени 250 евра извадивме волкава маса на народ не можам ни да помислам што ќе се случеше да имавме 40 пати повеќе финансии.

А за тоа дали бојкотот ќе прекине се ви е кажано на изјавава :kafence:
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.155
Поени од реакции
5.113
Prashajte gi ovie od Kumanovo shto dojdoa kolku platile za avtobus??!
Avtobusite si se plateni unapred i site dobro znaeme od kogo! Koj gi platil materijalite za transparentite?!!
Dechki jas koga organizirav "demek" spontani protesti vie aber nemavte! A shto e najinteresno ni najbliskite nemaa pojma koj mi e veterot u grb! Bevme se na se 50 dushi a organiziravme iljadnici! Taka da grebnete pod povrshinata malku i ako vi faka crpkata ke vidite! Inache me zabole iskreno i za srednoahkolci i za studenti ja moeto odamna go srediv. Ova chisto onaka da podrazmislite so ladna glava!
Дај жити мене кога ќе знаеш за организиран превоз на следен некој протест од Куманово кажи ми да не плаќам карта
 
Член од
6 февруари 2009
Мислења
496
Поени од реакции
462
Дај жити мене кога ќе знаеш за организиран превоз на следен некој протест од Куманово кажи ми да не плаќам карта
U redu e druze nemorash mene da mi dokazuvash...sam znaesh deka ne si platil karta..eve pak ke kazam.. Me zabole kurot so izvinenie i za vashite i za bilo koi protesti samo smeshno mi e sho probuvash MENE da me ubedish u neshto u shto i sam znaesh deka ne e taka! Uzivaj, protestiraj, ne idi u shkolo mi e gajle iskreno...ali ne mi zbori kao spontano se pojavile avtobusi transparenti kurci palci...toa ne! I da ve vidam da se soberete u sabota ili u nedela u 3 poruchek pa da recam...ama vaka ...90% nemaat pojma za sho se protestira tuku "aj be brat sho kur ke gubime"...Realno vie ni sredno ushte nemate zavrsheno, znachi so osmo oddelenie ste...edvaj pismeni se vika toa! A skokate sistem ke menuvate...kade be dechko alooo!
Nema veze...protestirajte si, furajte vashe pravo se OK!
I ne me rchkaj vishe posho ni prethodno do tebe lichno pishav ni do nikoj! Ajt.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.992
Каква чест е ова. (y)

Ајде од почеток. Цитирам “Како што можев да забележам забелешките се пред се од техничка природа, а не суштествени.“ Тоа не е точно. Еве да го земеме примерот со тие 7 теста во рок од 14 дена (се работи за 4 предмети инаку). Тоа е суштински проблем. Потоа со екстерното. Некој ќе добие физика и математика, а друг ќе добие македонски јазик и литература и англиски. Сега не знам каков е точно распоредот со часови но пример едниот со тие 2 предмети ќе добие 800 прашања, а другиот 600. Што и тука нешто не е во ред. И тоа е суштински проблем. Дали е суштински проблемот каде во едно училиште активно се работи со компјутерите, а во друго не? Така се прават училници каде стриктно се наменети за полагање екстерно и матура. Да, тоа ти е суштински проблем.

Во продолжение напиша дека ученикот во тој завршен документ не смее да има оценка Недоволен (1)! И толку! Технички проблем е тоа!....и.....овој.....батали...не знам јас тоа! Нели барањата се глупави? Смешни? Цинични? Ако 20.000 лица се глупави тогаш ОК. нека ти биде и ова технички роблем, иако не е.

И повторно те цитирам. “Феноменот со математка мислам го решија, ќе го полагаат само оние кои мислат да се запишат на технички факултет, и тука нема ништо спорно.“ Има разлика од “мислам дека го решија“ и “тој проблем го грешија“. Не тој проблем не е решен. Во одредени смерови тој ќе биде изборен, а во други задолжителен. Тоа е дискиминација и тоа не е решение на проблемот. Или сите ќе полагаат или пак кој сака ќе полага. И тоа е суштински проблем, да напоменам. :)

И да нема заблуди. Јас немам никаква допирна точка ниту со Средношколскиот ,ниту со Студентскиот пленум .
 
Член од
20 јануари 2015
Мислења
309
Поени од реакции
609
Во цела тема има 300 дискусии за нашите барања и ќе излези некој "А кои ви се барањата, шо сакате?" :tapp:

Значи по не знам кој пат имаме 2 барања:
1. Да се укини екстерното тестирање;
2. Да се врати стариот модел на државна матура.

За екстерното:
Не можи некој мене да ме оцени со еден тест од 30 прашања за тоа што сум учел цела година. Во текот на целата учебна година се прават минимум 4 теста по еден предмет. Има поправања, домашни задачи, одговарање усно, активност на час со кои се формира оценката за крај на година. И ако јас сум се изборил за 5ка за на крај на година не можи со 5-6 прашања погрешно одговорени на екстерното автоматски да ми се намали оценката. Јас сум се трудел цела година и сега со 5-6 клика да ми отиде цел труд. По која логика? Има многу причини поради кои се грешат тие 5-6 прашања. Јас кога полагав математика компјутерскиот систем се исклучуваше на секои 10 минути и ми имаше закочено едно 30 минути значи да не можиш ни маусот да го мрдниш, а камоли да кликниш. На крај добив 3ка, а од професорката имав 5ка. Значи поради технички грешки мојата оценка се намали за 2. Имаше многу случаеви каде до прашањето имаше слика и за да се одговори прашањето треба да ја видиш сликата арно ама сликата не ја отвора... Прашањата по историја беа исти и во средните училишта каде што се учеше 3/4 години историја (пообемен материјал) и таму каде што се учеше 2 години (пократок материјал). Друга работа е што не можи да имаш 1ца во сведителството ( во случај ако добиеш 1ца на екстерно).

За матурата:
Барањето ни е да се врати стариот модел на државна матура значи да се полага писмено, а не електронски поради горе споменатите технички грешки на екстерното тестирање кои можат да се повторат. Исто така и математиката да не биде задолжителен предмет за полагање туку по избор. Не можи некој во средно музичко каде што учат мислам 2 години математика да имаат исти прашања како кај тие шо одат во гимназија и учат математика 4 години. За шо ќе им треба нив толку математика во нивната професија?

За математиката до некаде се изборивме останува уште матурата да се полага писмено и да се укине екстерното тестирање. Ете зошто протестите продолжуваат.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.992
Малку да те надополнам.
Одредени предмети се одговараат и усно и писмено, а оценката од екстерно е само писмена оценка. Нешто не штима. Што значи дека за 180 учебни дека во посек по 6 часа од 40 мин. се добива една бројка од 1080 часа (ако не се лажам) по 40 мин. час. Што значи дека не е возможно да добиеш 2 оценки за 120 мин. кои ќе бидат еднакво вреднувани како оние кои си ги заработил преку целата учебна година.

Потоа. Секоја година врие од инспектори по училиштава! Каде се оваа учебна година? Зар....веќе тоа не им е рутина! Не е возможно да се откажале. Лани што убаво пишале неколку казни во ова нашево училиште. И за тоа не смее да се збори. Дознав од неколку професори кои работат таму. Тоа е болест, има бедна плата и уште да му ја намалиш! И на крајот едно малецко, минијатурно казниче од 400 евра. Ако кажам нешто ќе испаднам простак, вака подобро да премолчам некоја навреда.

Претходните 2-ца министри се повлегоа од овој ресор. Еден даде оставка, а другиот побарал смена. Ајт, и овој нека отиде во аут. Средношколците ја држат топката, но не можат да дадат гол, само затоа што тој го подмитил судијата. Епа на крајот, нека победи подобриот (или подобрите).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom