Сребро - инвестиција на декадата

Член од
22 февруари 2019
Мислења
315
Поени од реакции
305
По објавата на последните статистики за инфлацијата стравот почна да работи, а допрва ќе работи кој за скоро може да премине и во FOMO и натфрлање на приносите од сребро во однос на злато и пад на овој коефициент до 47. Среброто игра на два фронта и како влагороден метал и како индустриски. Оваа игра ја влегува со најголеми шанси за приноси со оглед на тоа што е едно од ретките добра кое не постигна ATH и е сеуште во зоната на прифатлива цена.
ag-au ratio.jpg
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.883
Поени од реакции
7.263

Прегледај го приврзокот 313182
Е сега можеш да купуваш сребро и злато, а не пред 2-3 години.
Но, купувањето треба да биде како вредносна заштита на парите што ги имаш. Ако купуваш поради профит, реално нема да имаш заработка, бидејќи инфлацијата ќе биде се поголема, т.е цените на се и сешто ќе растат, така што со профитот на хартија што си го направил, нема да можеш да купиш повеќе работи него ли претходно.
Реален профит би имале ако цените на другите производи останат на исто ниво, а на среброто пораснале.
 
Работите се развиваат брзо и што побрзо да научи човек, а времето е ограничено. Ова го разгледував пред некој месец, но баталив привремено. Потаму пак ќе видам. Токени базирани на сребро и злато и платежни картички за секојдневна употреба.
 
Член од
22 февруари 2019
Мислења
315
Поени од реакции
305
Споредба на просечен раст во 4 годишен мандат на Претседателите на САД. Среброто ќе расти 2021 и врв во 2022?
Election Cycle - Asset returns.png
 
Член од
22 февруари 2019
Мислења
315
Поени од реакции
305
Постар цитат од @StefusRefus, но предвидување актуелно кај поголемиот број на луѓе во инфлациониот кампус. Последната стапка на инфлација беше рекордна од 6,2%. Нареднава објава е за пола месец и како и минатите пати се очекува да се види најпрво стагнинрање на инфлацијата, а на пролет и пад. Но што ако не е така исто како и минативе пати што не беше. Не може да предвиди човек точно, но подемот на каматните стапки и на доларот го сугерираат тоа.
Ќе фати јака инфлација фед ќе штампа уште пари се додека не си го исплати долгот САД. Кога САД ќе го среди својот долг ќе пукнат јаки камати 15-20% за да ја уништат инфлацијата од 10-15% тогаш златото ќе биде најверојатно 6000 долари унца а среботото 500 долари ова ќе се случи во следните 5-10 години. После ќе има оштар пад на среброто и малку поблаг пад на златото.
 
Член од
22 февруари 2019
Мислења
315
Поени од реакции
305
Објаснување за неодамнешниот скок на среброто. Индија се товари со сребро.
20211119_000754.jpg
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Дали е добар моментот да се инвестира во физичко сребро 999?
 
Член од
22 февруари 2019
Мислења
315
Поени од реакции
305
Дали е добар моментот да се инвестира во физичко сребро 999?
Ова се две одделни прашања:
1. Дали е добар моментот да се инвестира во сребро. Мислам ДА колку за изложеност на најевтиниот метал на пазарите на кој допрва му иде времето за индустриска употреба. Но ограничена колиина оти пак треба да се има резерва т.е. едното око свртено во ФЕД, движење на каматните стапки и доларот.
2. Дали е добро да се купи физичко сребро 999. За ќеф по дома фино е мала колекција и подароци супер. Логистички е далеку подобро да си купиш на берза SLV, SIL, SILJ... А ако мислиш доаѓа крај на светот и сакаш да имаш вистински пари, а не фиат валути, тогаш подобро инвестирај во себе и научи да си садиш и одгледуваш храна. Има наназад во темава пишано за разликите од физичкото и „хартиеното“ сребро.
 
Член од
22 февруари 2019
Мислења
315
Поени од реакции
305
Најоптимистичките сценарија за среброто ги дава Кит Њумаер од 1st Majestic кој е рудник и соодносот на ископ сребро и злато е 1:7. Тешко дека до ова моќе да се дојде. 1:15 имало случаи, но во пиковите на среброто било 1:45 и 1:65. Така што не е доцна за товарење сребро.
gold-silver ratio.PNG
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.618
Поени од реакции
8.485
Дали може негде да се купи сребро во кеш, поголема количина?
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.883
Поени од реакции
7.263
Дали може негде да се купи сребро во кеш, поголема количина?
Инвест метал. Улица Македонија (накај стара железничка) после црквата што требаше Бетон да ја гради, од лева страна имаш повеќе канцеларии, внатре во пролазот на самото приземје, од десна страна им е канцеларијата.
Само за сребро имаат + ДДВ, а за злато нема. Плус за сребро поголеми количини може ќе треба да почекаш да донесат.
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.618
Поени од реакции
8.485
Инвест метал. Улица Македонија (накај стара железничка) после црквата што требаше Бетон да ја гради, од лева страна имаш повеќе канцеларии, внатре во пролазот на самото приземје, од десна страна им е канцеларијата.
Само за сребро имаат + ДДВ, а за злато нема. Плус за сребро поголеми количини може ќе треба да почекаш да донесат.
А апла кеш, има ли таква опција? :D
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.883
Поени од реакции
7.263
А апла кеш, има ли таква опција? :D
Имаш на интернет контакт телефон, јави им се утре, ќе ти кажат се што сакаш.
Со кеш до некој износ прифаќаат, па ако немаш можност преку сметка, на неколку пати кеш носи им :D

Не знам од која причина планираш да купуваш, ако ти се стриктно за заштита од инфлацијата, можеш и поголеми плочки, ама попрактични ти се што помали грамажи да се плочките, за утреден на некој што нема да прифаќа денари, ќе му платиш у сребро или па да пренесеш од А до Б :cool:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom