А на Србите не им е позната нашата внатрешна состојба? Поделено општество, двонационална држава.... И пред и по признавањето на Косово ни ја негираат црквата, нацијата... И колку само би биле среќни овде нешто да се случи. Би им одело од рака поради Косово. Само прочитајте по нивните форуми, а истото мислење го имаа и пред признавањето на Косово.
Што се однесува до Грците, тие не го признаваат Косово, но ги признаваат Косовските пасоши, па сега вие видете...
Инаку историски гледано треба само да си ги штитиме сопствените интереси.
Во 2СВ први се ослободивме. Некои работи ни идеа и од рака со капитулацијата на Бугарија. Направивме општа мобилизација и тргнавме да ја ослободуваме Србија. Да не ни кажат некогаш фала за тоа и за жртвите на Сремскиот фронт. Избришани се овие факти од нивната историографија. А можевме повеќе да се посветиме на себеси и на јакнењето на нашата позиција. Но ете имавме илузии во братсво, единство, за жал еднострано. А потоа им дадовме и територија заедно со манастирот Прохор Пчински, најверојатно од што многу ги сакавме... еднострано.