Европскиот парламент во ЕУ е валиден колку и македонскиот, а гласот на Урлике е колку гласот на Амди Бајрам во македонскиот парламент
Меѓутоа, најважната поента од ЕУ и Европа воопшто е сфатена. ЕУ како христијански клуб не сака муслимани во нивната заедница- рече Турција. И навистина, ЕУ станува се порадикална против муслиманите. Затоа и сакаат Србија да ја примат без Косово, без Албанците од Косово кои се муслимани, зошто утре тие можеби ќе отидат да работат по Германија, Франција итн. и се плаши ЕУ дека ќе почнат и тамошните цркви да ги рушат или пак да протеруваат рисјани, како што тоа го направија со Србите на Косово или со Македонците од липковско, Арачиново и полошко, каде што делуваше УЧК, ОНА или како не се нарекуваа. Па не се слепи од ЕУ и САД што прават косоварите и нашиве радикални албанци.
Истото ЕУ го направи со Кипар. Го прими христијанскиот дел од Кипар, а турскиот-муслимански го одделени и никогаш нема да влезе во ЕУ. Муслиманскиот турски и рисјанскиот грчки Кипар се одвоени со жици и ѕидови. Пораката е сватена дека Косово и Албанија нема никогаш да влезат во ЕУ. Само се плашам да не исценираат западњациве некое сценарио и во Македонија и само Македонците рисјани да влезат во ЕУ и да не оддели од муслиманите со ограде и ѕиздови како што тоа сега го прават со Косово и го направија со Кипар. Тендинциите се такви, зошто се` што поддржува ЕУ во Македонија е она што води кон федерализација на државата и можност на отцепување на еден дел од Македонија.