- Член од
- 30 ноември 2007
- Мислења
- 7.478
- Поени од реакции
- 5.932
28.05.2010 - 20:11
Србија не може да влезе во Европската унија, ако не ја признае независноста на Косово и не соработува со властите во Приштина, изјави Улрике Луначек, специјален известувач на Европскиот парламент за Косово, во интервју за белградскиот весник „Данас“.
- Мојата главна цел е интеграцијата во ЕУ на сите граѓани на Западен Балкан, независно дали се Срби, Албанци или од која било друга националност, изјави Луначек. Таа додаде дека бескрајното поставување под знак прашање на независноста на Косово, не помага за постигнување на таа цел.
- Косовската независност е факт и затоа нема смисла да се вртиме назад и да ја дискутираме одново и одново. Наместо тоа, треба да гледаме напред, изјави таа.
На прашањето дали е можно Србија да влезе во ЕУ, без да го признае Косово, Луначек одговори категорично „не“.
- ЕУ би требала нешто да научи од пат позицијата во Кипар. Нема смисол да се „интегрираат“ во Унијата неразрешени конфликти, рече европратеникот, потсетувајќи дека Србија дури уште не добила ниту статус на кандидат за членство во Унијата.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/balkan/srbija-moze-da-vleze-vo-eu-ako-go-priznae-kosovo