Спорт или книга?

Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Во моментов гледам едно момче на Милионер, кој е висок 202 сантиметри но се откажал од кошарката затоа што отишол да студира. За да биде посмешен муабетот (за мене) татко ми е стоматолог па и тој студира тоа.

Прашањето ми е, дали сметате дека факултетот треба да биде пред се`, па дури и покрај фактот што (ова момче) има идеални предиспозиции за светска спортска кариера?
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.494
Дефинитивно прво би одбрал спорт, па после кога веќе ќе ме стигнат годините ќе одам ванредно на факултет за да не умрам неписмен.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Па и јас моментално сум растргната помеѓу овие две работи. Дилемата ми станува се` поголема и поголема. Дали ако отидам во Америка да го одберам пливањето или да студирам нешто потешко и да пливам за хоби? Во оваа држава немам услови за спорт, Олимписки како што ми се чини нема ни да проработи, а и тренерите некако имаат се помалку волја да не` тренираат.
Сепак, некако повеќе ме влече образованието и знам дека ќе ја одберам книгата во иднина, поважно ми е да бидам образована отколку со празен мозок, иако би имала да речеме повеќе пари со спортот.
But... you never know...
 

SCORPIO__20

Your sex is on fire
Член од
1 февруари 2007
Мислења
4.380
Поени од реакции
71
Во животот, мораш секогаш да ризикуваш, и да си на раскрсница, помеѓу две работи, некогаш, факултет,книга знаење, некогаш талент,спорт,спортска кариера, во времето на пубертетските години, идев и упорно тренирав фудбал, нормално уз пат, основно и средно, и на мн, проблеми наидов поради тоа, еве веќе 3 години не играм фудбал сум се откажал, притисок од дома, да се посветам на факултетот, и дека спорот е залуден,
Некогаш вреди да се ризикува, некогаш се ке пропадне во вода, поради погрешно донесена одлука
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.646
Поени од реакции
5.322
Можи има идеални предиспозиции за кошаркар(физички) но не напомена дали има и талент за кошарка..Зошто познавам многу двометраши кои поим немаат од кошарка...А инаку ако стварно дечкото имал талент тој можи и да учи и да тренира кошарка во исто време..Така да можи да се стекни со две богатства истовремено..Америка, многу добро е решен овој проблем со Универзитетската лига..Така да можеш паралелно да ги водиш и двете работи..
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.826
Поени од реакции
10.991
Vaka sega, za vo nashava drzava sto i da odberesh moze da se zaebesh jebiga. Ama vo sekoj slucaj tuka so sport mn tesko deka ke se uspee taka da konkretno za kaj nas podobro e obrazovanieto da se odbere. E sega da si vo America toa e drugo, tamu definitivno so sport poveke sansi imash otkolku kaj nas (normalno ako epten te biva). Inace cesto moe moto e da terash so toa vo sto te biva najveke.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Конкретно за него мислам дека подобро што ја избрал книгата и факултетот, доколку навистина бил кошаркарски потенцијал или можеби талент од светски калибар уште на 18г. ќе заминел во странство.

Врвните таленти се препознаваат од најмали нозе, така и се градат спортистите.
Ако сум чекал до 18-19 год. да мислам дали ме бидуе за спорт или не... :helou:
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Па ете тоа е лошото кај нас немаме добри услови за да тренираш и да се образуваш. Најчесто талентираните млади спортисти се приморани да избираат помеѓу кариера која ќе ја градат во странство или пак да си останат во Македонија. Нема секој храброст да си замине од тука на млади години и својот живот да го посвети само на спортот.
Според мене талентираните млади спортисти ако се сигурни во себе ако навистина сакаат да успејат треба да го изберат спортот и да се ориентираат кон него. Секој доволно вложен труд се исплатува така да секој нивни успех ќе се вреднува. А ако го изберат образованието и да останат во Македонија ќе си имаат една просечна кариера и едно образование со работа безвезална.
Според мене ако некој е навистина квалитетен спортист треба да продолжи и да го искористи својот квалитет.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Во моментов гледам едно момче на Милионер, кој е висок 202 сантиметри но се откажал од кошарката затоа што отишол да студира. За да биде посмешен муабетот (за мене) татко ми е стоматолог па и тој студира тоа.
-“ нема да имам потреба да барам работа, ќе се вработам кај таткоми“ - уште една паметна изјава на дечкото :)

Секој е со својот к`смет и памет, за мене се битни и двете подеднакво, доколку има некој талент зошто да не ја напушти книгата тогаш, се зависи до она што те прави среќен.

п.с ќе те кажам на момчето на Милионер, ** илјади освоил :)
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Можи има идеални предиспозиции за кошаркар(физички) но не напомена дали има и талент за кошарка..Зошто познавам многу двометраши кои поим немаат од кошарка...А инаку ако стварно дечкото имал талент тој можи и да учи и да тренира кошарка во исто време..Така да можи да се стекни со две богатства истовремено..Америка, многу добро е решен овој проблем со Универзитетската лига..Така да можеш паралелно да ги водиш и двете работи..
Се познавам лично со дечкото (Ѓорѓи) и дури во ист тим трениравме кошарка и дефинитивно има талент, а и доста е бистар, паметен. Така да мислам што и да одлучил не е погрешно.
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Ќе кажам само кратко:

Мислам дека книгата е многу поперспективна од спортот-тоа е се!
 
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.247
Поени од реакции
57
Не бил кој знае каков талент, ама за учење си го бива. Инче шо направи на Милионерот до кај стигна, така само го видов на почеток, ама не го догледав.
 

noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Добро људи, не е темава дали во моментов повеќе ви се чита книга или ви се игра кошарка. Се работи за тешко прашање, на кое за жал не можам да дадам одговор затоа што не сум се нашла ни во најмалку слична ситуација. Но, ако веќе морам да бирам, мислам дека би ја одбрала книгата затоа што некако повеќе ветува, во спортот никогаш не знаеш што може да ти се случи, на пример некоја повреда или пропаст на кариерата од икс причини.
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
456
Хмммм....имам видено доста примери со деца таленти спортисти кои се откажувале дури и од средно за да продолжат со фудбалот, буквално не идеа во школо туку само на игралиште стоеа и шутираа по цеееел ден. Спортот кај нас е право срање, значи што се распаѓа се распаѓа едино ако има среќа ама битниот момент е АКО што ретко се случува(Пандев) да кидне за странство и да продолжи со кариерата каде што му е правото место.
Ете ги дечките што во прва година прекинаа да одат во школо за да бидат најдобри и секогаш да се во прв тим сега седат пред градинка со туби вино и мрчат како тоа они биле фудбалери. Зошто? Затоа што тимот им го опна поштено и им рече дека немале доволно пари....јебига нема школо нема фудбал


Затоа препорачливо е паралелно и двете нешта затоа што ако се сака се може
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Од една страна, ако навистина сакаш да се занимаваш со одреден спорт и да изградиш светска кариера, а знаеш дека те бива, не треба да ти биде жал на 50 години кога ќе ја изгубиш таа кондиција што си ја имал и ќе ти останат милиончињата и светската слава, бидејќи она на кое си се посветил- си го направил најдобро што можеш и си дал се` од себе.

Но од друга страна, кога ќе видиш дека има многу луѓе кои имаат талент, а сепак не успеале да се прослават подалеку од локалниот кошаркарски/фудбалски/одбојкарски клуб, а потрошиле голем дел од нивниот живот посветувајќи се на тој спорт, ќе подразмислиш дали повеќе би сакал да си учен човек и да пренесеш знаења и умеења на останатите, а со спортот да се бавиш во слободно време или повеќе би сакал да одиш на ризик заедно со фактот дека можеш да останеш со празни раце.

Јас би ја одбрала книгата, повеќе сакам да го завршам факултетот и здравје боже, да си најдам солидна работа со знаењето кое ќе го стекнам, отколку да си ја прокоцкам иднината.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom