Спортска опрема (информации, размена, купување продавање)

  • Креатор на темата Креатор на темата Makarov's Lead
  • Време на започнување Време на започнување
Незнам за човек, ќе видам ако можам да најдам. А за фактура што викаш како фактура ако го зимам половен без документи?

Edit:Продавачов ми вика дека нема да имам проблем на граница.

Ако ти вика дека нема да имаш проблеми, тогаш терај :)
 
мислев да се направам ѕвер лани, па учев, запишвав и запамтував едно најмалце 1500-2000 врсти на вежби со справи и без, загревки, истегнувања, со тегови, за балансирање, за маса, за истегнувања, за исправување на телото, за целосно градење на телото, смислував мои вежби и мислев ке одам по листата сите што да ги практикувам, се трудев сите можни спортови во комбинација покрај вежбањето да ги практикувам како трчање, пливање, фудбал, кошарка, скокање со јаже, мешани боречки вештини, боксирање, јога, гледав илјадници видеа, посебни загревки пред тренингот и истегнувања отпосле за секој тренинг, специјална исхрана, зедов да пробвам, мозокот ми испука од замарање, за да опфатам целата програма, одев по скрипта, (50 врсти на склекови, 40 врсти за кревање на вратило, 100 техники за стомачни, 80 за грбни, 500 јога истегнувања),наместо лежерно да си вежбам со 5 врсти на вежби јас се напињав психички и физички со триста процедури, толку се напнував за да применам се што пукав од стрес и напнатост и си реков а ќе ти ибам и вежбање и се.
Дел од опремата ми седи така неискористена по еднаш два пати што сум истестирал, вратило за на врата, држачи за склекови од донесени од Америка, стегачи за подлактица, професионално јаже за скокање донесено од америка, нараквици за бокс Еверласт донесени од америка, професионални полутегниви бандажери Мајстер донесени од Англија, зглобни тегови, еднорачни тегови од 0.5, 2,3, и 6кг, па ако сака некој можи да му продадам нешто , ете ќе ставам слики од нешто поинтересно што имам па ако е заинтересиран некој нека пиши приватна порака
SAM_3612.jpg

SAM_3653.jpg
SAM_3644.jpg

SAM_3648.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: M-1
12935290_10207901645172304_1478482267_n.jpg 12939560_10207901645052301_341432307_n.jpg 12966178_10207901644892297_298628837_n.jpg Продавам кимоно за BJJ/Judo (А2 ) цена 3000 денари.
 
Дечки, да не знај некој случајно, кај можи во Македонија да се набават топки Select??
 
Dali moze da se naraca od bugarskata internet strana decathlon kaj nas?

Sent from my SM-G357FZ using Tapatalk
 
Да не знае некој каде може у Скопје да се купи лак и стрели?
Ептен не ми се нарачува преку нет. :D
 
Да не знае некој каде може у Скопје да се купи лак и стрели?
Ептен не ми се нарачува преку нет. :D

Или треба да најдеш клуб па преку нив да порачаш (најчесто си имаат канали за порачка од странство) или треба сам да порачаш преку нет. Мене да ми треба исклучиво преку нет би порачал од специјализирана продавница за стреличарство. Кај нас во продавници не сум видел а и да има изборот ќе ти биде никаков. Едино да одиш до Солун па таму да побараш.

Инаку обичен подпросечен лак има и од 150 евра а солидните стартуваат од 300 евра нагоре.
 
Продавам ново BJJ кимоно Tatami Nova големина А2XL, би одговарало за некој со висина 190-193цм. Повеќе информации во пп.

IMG_20170306_222739.jpg IMG_20170306_223338.jpgIMG_20170306_234405.jpg
 
Последно уредено:
Што се опрема ми треба за да почнам да тренирам кикбокс? Збориме за онака, рекреативно, за попрофесионално ќе збориме за година или повеќе.
 
Продавам скокачки чевли, купени од Англија. Одлични се за трчање, скокање, намалување тежина и одржување форма. Цена 9000 ден. или понуди во ПП. Ако има заинтересирани, пишете ми ПП слободно.
 

Attachments

  • скок.jpg
    скок.jpg
    76,5 KB · Прегледи: 9
Да не знае некој каде можам да најдам дрвено оружје за вежбање боречки вештини?
 
Да ми помогнете каде можам да купам боксерски ракавици во Скопје по нормални цени?
Разгледував во неколку продавници, но солидни ракавици нема под 2.500 - 3.000 денари, цените се дигнати до плафон, еве на пример во споредба со соседна Бугарија, истите се по околу 20-25 евра...
Фала многу
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom