Спортска опрема (информации, размена, купување продавање)

Член од
14 јануари 2015
Мислења
7.584
Поени од реакции
12.311
Да ми помогнете каде можам да купам боксерски ракавици во Скопје по нормални цени?
Разгледував во неколку продавници, но солидни ракавици нема под 2.500 - 3.000 денари, цените се дигнати до плафон, еве на пример во споредба со соседна Бугарија, истите се по околу 20-25 евра...
Фала многу
Во соседна Бугарија ако се работи за ист квалитет (ист модел), а пониска цена, инаку за 20-25 евра тука ќе земеш ѓубре донесено од алиекспрес и после 2 тренинзи пак ќе бараш нови.
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
602
Поени од реакции
122
Во соседна Бугарија ако се работи за ист квалитет (ист модел), а пониска цена, инаку за 20-25 евра тука ќе земеш ѓубре донесено од алиекспрес и после 2 тренинзи пак ќе бараш нови.
Друже значи не зборам на памет, бев пред некое време, и се каам што не купив од таму, не ги знаев цените овдека.
Еве ти еден пример какви се цените (ова е од Декатлон)
Значи за 53 лева, тоа е околу 26 евра имаш Адидас ракавици + Бандажери Адидас + Адидас штитник за заби. Кај нас овој комплет кошта околу 90-100 евра (Адидас ракавици 3000-4000 ден , Бандажери 700-900 ден, штитникот за заби 1200-1500 ден)
 
Attachments

Член од
14 јануари 2015
Мислења
7.584
Поени од реакции
12.311
Друже значи не зборам на памет, бев пред некое време, и се каам што не купив од таму, не ги знаев цените овдека.
Еве ти еден пример какви се цените (ова е од Декатлон)
Значи за 53 лева, тоа е околу 26 евра имаш Адидас ракавици + Бандажери Адидас + Адидас штитник за заби. Кај нас овој комплет кошта околу 90-100 евра (Адидас ракавици 3000-4000 ден , Бандажери 700-900 ден, штитникот за заби 1200-1500 ден)
Тоа ти викам и јас де, не ме разбра, оди земи ги од Бугарија, тука за тие пари ќе купиш фушерај.
 
Член од
29 декември 2007
Мислења
10
Поени од реакции
1
Prodavam racen casovnik Garmin 610, pogoden za trcanje, velosipedizam i ostanati sportski aktivnosti. Casovnikot e vo top sostojba, ide vo komplet so HR traka za citane srcevi otcukuvanja, ANT+ usb za prefrlanje na podatoci i nekov adapter za polnenje.... Za specifikacii moze na net da se vidi sto poseduva, inace baterijata so upalen GPS (pri merenje na trcanje na primer) tra okolu 9 saati, a ako ne se pali GPSot trae do 3 nedeli.
Cena 7000 den.
 
Член од
11 август 2013
Мислења
18
Поени од реакции
15
Дечки, може предлози каде да барам во Скопје продавници каде што продаваат кондури за Snowboard? Освен Дропин и ПроСпорт, други предлози за продавници каде што продаваат? Ви благодарам.
 
Член од
14 јануари 2015
Мислења
7.584
Поени од реакции
12.311
Дечки, може предлози каде да барам во Скопје продавници каде што продаваат кондури за Snowboard? Освен Дропин и ПроСпорт, други предлози за продавници каде што продаваат? Ви благодарам.
Ако не бараш строго да се нови, тогаш провери на влез во Ченто, таму видов дека имаше користена опрема и за Snowboard.
https://www.google.mk/maps/place/skii+mall/@42.0038633,21.4922365,313m/data=!3m1!1e3!4m5!3m4!1s0x13543fcead580dfb:0xdc83329cd8b50e5f!8m2!3d42.0037814!4d21.4930826?hl=en
 
Член од
11 август 2013
Мислења
18
Поени од реакции
15
Барам строго нови. Ти благодарам за риплајот. Сум бил во оваа „продавница“. Никогаш не најдов нешто што ми одговара и по океј цена. има многу крш и стара опрема а цените не одговараат на тоа што се продава.
 
Ако бараш нови, тогаш пали колата и оди до Бугарија во Декатлон, ќе се опремиш целиот за 30-40% пониска цена од Македонија.
 
Член од
29 декември 2007
Мислења
10
Поени од реакции
1
Продавам тежини за раце и нозе бренд 'Schildkröt Fitness' -4 комада од по 0.5 кг и 4 комада од по 1 кг. Не се користени воопшто и идат во футрола.Екстра удобни и погодни за фитнес и други активности. Цена по договор.

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.544
Поени од реакции
786
Ми треба совет за часовник со Heart rate. Часовников е од Tennis Shop Skopje 1.800ден не е некаква позната марка но мене ми треба да ми мери откуцаи на срце, потрошени калории и времетраење на тренингот. Дали вреди за парите има само 1 месец гаранција.
https://www.insportline.cz/9277/sporttester-insportline-cord?utm_source=CJ&utm_medium=affiliate
 
Член од
29 септември 2017
Мислења
178
Поени од реакции
101
Каде можам да најдам квалитетни rash guard во Скопје (само да не е по можност од pride.mk или Strongest shop, затоа што таму цените се изгор, а квалитетот на некои производи и не е нешто посебно). Препорачливо е од Umbro или Under Armor (или било која друга квалитетна марка и да не е Venum, затоа што не ми треба rash guard за боречки вештини).
 
Член од
12 декември 2009
Мислења
161
Поени од реакции
69
Се продаваат 4 пара нови копачки за фудбал.Може да се пратат по карго Експрес. Кој е заинтересиран нека повели во приватна порака. Цената е по договор.
28907847_10210802740295149_161322759_n.jpg 28907090_10210802740815162_181503852_n.jpg 29003748_10210802740615157_197239909_n.jpg 28832767_10210802739735135_2119634408_n.jpg 28832581_10210802744935265_1890963118_n.jpg 28832492_10210802739495129_1243399919_n.jpg
 
Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.473
Поени од реакции
2.220
На врв Bottom