Градот не дозволува споменик на плоштадот, државата ќе тужи!
Градот Скопје нема да дозволи Општина Центар да постави споменик на плоштадот „Македонија“, бидејќи плоштадот е градски. Тоа му го овозможува договорот од 2004 година што го има склучено со Министерството за транспорт и врски со кој Градот го добил плоштадот на користење под закуп во следните 99 години. Врз основа на тоа, објаснуваат градските власти, имаат и право да одлучуваат што може да се поставува на градска земја.
Во Министерството за транспорт, пак, велат дека ќе побараат измена на договорот за закуп и намалување на површината на Градот за онолку колку што е потребно за да се постави споменикот. Ако градските власти не се согласат, тогаш за целата работа ќе одлучуваат судовите.
Градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски, деновиве најави дека ќе ги искористи сите можности што му се на располагање за да го спречи поставувањето на споменикот на Александар Македонски во централното зеленило. Костовски образложува дека граѓаните имаат посебен однос спрема таа локација којашто ја користат за собирање во различни поводи и поради тоа треба да биде слободна и да им стои на располагање.
Во Градот реагираат на најавите од Општина Центар дека бадијала се украсува центарот на градот, со оглед на тоа дека веднаш по Нова година елката ќе била дислоцирана и ќе се поставувал споменикот на Александар Македонски.
„Доколку Општина Центар и Министерството за транспорт сакаат да ја реализираат владината програма за поставување споменици во централното градско подрачје, тоа ќе значи дека Градот прво земјата треба да ја врати на Министерството“, вели градоначалникот Костовски и додава дека такво нешто нема да се случи.
Во Министерството, пак, образложуваат дека договорот за закуп е склучен наменски заради изградбата на плоштадот „Македонија“. Државата, како сопственик на земјата, има право во секое време да побара измена на договорот со предлог за намалување на закупената површина. Тоа и ќе биде побарано од Градот, за да може да се реализира програмата на Општина Центар за поставување споменици во централното подрачје.
„Доколку Градот одбие нов договор за закуп, постапката, како што наложуваат законите, ќе оди пред суд, а поставувањето на спомениците ќе биде одложено додека судот не донесе конечна одлука“, велат во Министерството.
Утрински Весник
=======================================================
Што мислите вие, најпрво за идејава на кругот да се постави споменик... а после и за ова што се случува на релација град-држава...?
![](http://utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/A0FB7C61B893334EA6924318013528ED.jpg)