Со кого се познавате од форумов?

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Штета,ми се насолзија очите :(

Ги запознав конечно ресенчани,немам коментар,срциња.
Ортаче,Виктор и Лејди Сатори :)
Следниот пат повесело ќе е :helou:
 
U

UnholY

Гостин
Денеска поминав еден стварно форумџиски ден. :)
Се запознав со Desire, Anck Su Namun и The Goddess, а со Виктор ГГ едно здраво онака, се изврзавме и патем ја бутнав водата во тој момент ама нема врска.

Со Разиел и Фабулос ги пречекавме на автобуска трите тетовчанки, кои дефинитивно се покажаа во поинакво светло, и не ми ги исполнија очекуваните импресии на хиперактивни и дружељубиви девојчиња на почетокот, ама потоа се опуштија и се беше супер.
Иако имаат тотално поинаков концепт на размислување и подруги гледишта и сфакања, живеат во друга средина, па немаше баш успешна компатибилизација ама сепак за прва средба, беше и повеќе од одлично.
Девојчињата си се закон. Онака урбано-специфични девојчиња, со типичен тетовски акцент. :)
Поедично би ги рецензирал на кратко, пошто им ветив.

Desire-Дружељубиво, слободно девојче, расположена за разговор и за смеа во секое време, а оноа најдоброто е шо шири некоја позитивна аура. Зрачи со позитивна енергија.

Anck Su Namun-Постарата сестра на Desire, очекував да биде, порасположена, насмеана и комуникативна, ама испадна дека е повлечено, а сега можеби и има поспецифичен карактер, па не може да се ослободи од прва. Како и да е, супер си беше.

The Goddess-Истотака, дружељубиво, комуникативно девојче, со смисла за хумор и отвореност која искрено не ја очекував од неа на првата средба.

Како и да е, стварно се кул друштво и позитивно ме изненадија. :)

Седнавме во ПАБ за поубаво да интеракционизираме меѓу себе, ама поентата беше шо останаа многу кратко, и беше бед.
Во наредната прилика дефинитивно ќе бидеме заедно подолго време.
А, на Anck Su Namun, воедно и мене нормално, ни беше малку бед шо женска ми(Black Rose), не беше во можност да дојде поради оправдани причини, ама наредниот пат, сигурно.

Еве ги моите првични импресии, па ги чекам нивните.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Моментот кој треба да биде запамтен е дека овие Тетовчанки,преку (с)копје дојдоа у (В)елес...................................заради нас:pos:

Првично,тоа мора да се цени.Понатаму,најверојатно јас преку нет им набив еден тон лоши слики у глава за тоа како у Велес треба да бидат цивилизирани,пристојни и да не се смеат на глас,па тие тоа потсвесно го следеа.А ние не.:)

Или па си се природно ноншалантни,па како впечаток ми бил погрешен од самиот старт.Како и да е,ги разбирам.

Не им дадовме многу збор,најверојатно оти ние премногу зборевме и си праевме наши муабети.Потоа,најверојатно оти имаше шок-ефект во кој очекуваа некои нaмќорести металци кои одвај зборуваат,па се подготвуваа за нив,а испадна дека се работи за претерано хиперактивни личности за кои они не беа спремни.:)

Да не тупам и да не бројам овци,мене лично ми беа скроз ок.
Desire и The Goddess,иако не им дадовме многу збор,се интересни луѓе кои знаат да се вклопат во нашите глупости,и да изненадат со свои("Ми се тресе гласот").Годес беше чудно прибрана и промислена,а Дизај'р се опушти на крајот целосно ни ја исполни замислата која ја имавме дека е константно насмеана,активна и опуштена.

Анк Су Намун...Ефрем си јам ду барарам(Мумија е глуп филм:)),ми остана мистерија.Сите обиди да ја активирам завршија неуспешно.Делуваше крајно сериозно и строго,дури и мене ми направи бед,па пробав со ефтини финти и ташачки муабети да видам дали е константно таква,за да знам да ја одбегнувам.Мислам дека не е,туку само беше гласот на разумот таму и ни покажа какви треба да бидеме ако ни дојде паметот.:)

Ај доста е.Арни се.
 

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Импресии од патешествието во Велес(не дека беше патешествие,ама таке си го викамо ја и Маја патувањето за било каде)
-Тајната Вечера vol.1(не беше вечера ама замислите демек било :pos:)
Значи,по долгите договори по мсн,организирања и сл... ние Тетовските форумџики се решивме на тајно посетување на Велес,кое сега више не е б’ш тајно.Во Велес ние запознавме тројца форумџии звани Unholy,Raziel и Fabullous-некоја бројка.
Конечно го чув у живо и фамозното пеер и тоа го слушав n-пати(каде n>10).
И сеа впечатоците на кратко пошто сум уморна и пошто не може да се опишат убаво на форум:

Unholy:абе супер дечко,насмеан до шеске :),истура чаше со вода:),и не знам што да кажем пошто ми е исто како да го знаем од порано.

Raziel:до сега никој ме нема ваке изненадено у добра смисла,пошто многу ми беше страв сеа дефинитивно не ми е ич,скроз спротивно од се што очекував,не изнасмеа што е најважно,особено кој се лупна у џипот :pos:

Fabullous:и уште еден од поинтересните форумџии,дава чувство како животов да е peace,love and happyness,скоро ништо не му смета.

Се на се супер помин,многу ми е мило што ги запознав и многу ми е жал што не можевмо да останемо појќе и што не можев да се уклучам скроз у разговорите зошто сонцето ме лупна у глава.

И совет до читателите,не идите нигде со автобус у два саат на пладне.
И морам да ја спомнем мистеријата,за идење накај Велес имаше три тунела,а за враќање само еден,што не инспирира мене и Годес за филмање :)

И ќе забраев,се запознав и со ВикторГГ и Лејди Сатори,ама само запознавање беше :)
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Лееееј јас реков дека нема да пишам ама срце јуначко не може да издржи...
Епа ќе пишам бе па што сака нека е... :)))

Значи за почеток уште еднаш да повторам (морам :pos2:)...горенаведениот момент кој Разиел го напомена мора да остане запаметен во секој случај :)))

Второ дечките беа стварно супер иако каснеја па моравме да ги чекаме али еве јас лично им оправдувам затоа што и јас секогаш и секаде доцнам...( имате по еден оправдан да си знаете :)))

Цело време збореја ко навиени и наеднаж дојде моментот кога се свртеја и ни рекоја-А вие што ќе кажете? :pos2::pos2:
Али во секој случај иако не бевме целосно ние-ние ко за почеток супер беше... Ама луѓе морате да сфатите дека два автобуси сменивме и тоа по најжешкото време... се осеќав ко сварена риба :pos2:

А поединечно како би ги опишала?- Значи:

Unholy: Пријатно ме изненади дефинитивно... еден од ретките форумџии кои сум ги запознала и кој ја остава истата слика и на форум и во живо... иако морам да признаам дека не очекував дека е толку дружељубива личност. Очекував нешто во стил- самобендисаниот металец кој не знае многу да се дружи али испадна дека е пријатна и позитивна личност...

Raziel: Е ова мора да се запише некаде...најзакон човече е Разиел и испадна дека е се она што не очекував да биде, а што е најважно се покажа во она светло кое нас ни го забрани пред да дојдеме во Велес од проста причина да не му одиме на живци...значи ако Разиел не те насмее незнам кој :)))...конечно ќе можам да праам нормален муабет и со него инаку страв ми беше и мене (ова комплекси од Ива наметнати :pos2:)

Fabullous: Она што и го очекував од него, мислев дека ќе се разочарам и ќе сретнам некоја спротивна личност која само се филма на форум (ова беше резервна мисла добро :pos2:) али испадна дека е буквално онаков каков што го замислував :)... со Фабулос искрено цел свет ви е розов и рамен и сите се среќни и весели, сите се смеат и само песни си пеат...џоа во рајо да си:pos2:

И сега ја мислам дека е доста...и онака не требаше да пишам :)))

п.с. Се запознав и со Лејди Сатори и ВикторГГ кои со неверојатна брзина на светлината се појавија и исчезнаја :)))
 
A

Anck-Su-Namun

Гостин
Ај да не речете “оваја лошава не се ни обиде да напише нешто“ :) + ви го посветувам моето 1,000 мислење :)

Значи...денес јас, Desire и The Goddess бевме на еден road trip до Велес, преку Скопје при што бевме приморани да смениме два автобуса. Малку беше напорно, можеби и малку појќе ама вредеше, бидејќи запознавме многу фини и дружељубиви личности. Значи да не ја тупам многу, да си ги напишам импресиите... :)

Разиел: тотално спротивно од тоа што очекував (како и сите други :)). Значи фин дечко, дружељубив, зборлија...многу зборлија, знае да те насмее, паметни муабети прави, прилично гласен е...можеби затоа нас не предупреди нас да не бидеме гласни и сл. бидејќи ако збореа сите гласно ќе не избркаа-само претпоставка :)...инаку вака добар впечаток ми остави.

Анхоли: Исто така фин дечко кој љуби да се расфрла со чаши :) дружељубива личност дефинитивно, јас мислев дека е посериозен ама нема врска, супер си е човекот. Исто така добар впечаток ми остави.

Фебјулос 178: Добар дечко, се му е рамно :) убаво кажаа претходно Ива и Маја, се му е peace, love and happiness, сите се среќни и весели. :) тоа и очекував од него. Исто како и првите двајца добар впечаток ми остави и тој. Немам лоши зборови ни мисли за никој од нив. :)

Само штета што немавме многу време па да си помуабетевме појќе да видите дека не сум толку страшна и сериозна како што изгледам :):):). И штета што Black Rose не можеше да ни се придружи, се надевам дека нареден пат ќе дојде :)
Инаку ве очекуваме во Тетово набрзо :)

И да не заборавам имаше и едно блиц запознавање со Лејди Сатори и Викторгг. :)
 

Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Мал исклучок од правилото,али мора да напишам.
-Му бавнав ман
-Цел живот сум со метални...:pos2::pos2:
Среќа шо девојчињава не ги слушнаа работиве:):):):).
Цики и Петре(пеер извини,ама стварно неможев да се воздржам...донт хејт ми фор дис:pos2::pos2:),кажаа се шо требаше да се каже.
Тенкју.
Fabullous out.
 

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
конечно со маца_мк:je::je:ке идеме обавезно пак на кафе:back:

со ацид (ме најде најмало па ме зафркаваше:) )
и со принц, магде и бушав

а џену грл , бебуш, пират и ханзо веќе ги знаев
 

Clen 7

Од Форумот
Член од
5 јуни 2007
Мислења
2.843
Поени од реакции
360
Clen 7-закон дечко клаберче ама малку повлечено а...btw колку испи? :vozbud:

И ти да бидеш прегорен од сонцево ќе бидеш таков:) Појма неам колку испив. 3-4 камикази и 5-6 коњака отприлика. И после дивајн ме натера да испијам некоја мешавина,појма неам шо беше ама шарено беше:) Иначе Се запознав со тебе друже,викторгг,сатори,чомбе утд,дивајн,божица,зафркната,леандра(мислам).Со некој само поздравување со некој и маалце муабетче. Имаше уше некој ама појма неам.
ПС. Ти колку испи? Сигурно сме испиле помалце од девојката шо беше у средина на враќање накај Охрид. хехехе.:)
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
росоњерка и маца_кака'
не знаев дека маца е толку срамежлива ама ацид ја зезаше така да оправдано

ханзо-фино дете,иаме ист другар

принц-комшија ми бил,преку една населба

и на кратко не подружи крејзи ин лав ама мораше да си иде да јаде:)

ацид,бушав и џени ги знаев
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
ај да кажам и јас :)

со маца_мк и со ацид, бушавко, принц и магде ... nice to meet you :pipi:
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Значи со ред, со Лаванда, Ханзо, Емма и Млад ман (ЅВЕРОВИ :pipi:)
 

Mlad_man

Sine Qua Non
Член од
20 април 2007
Мислења
3.475
Поени од реакции
207
Значи со ред, со Лаванда, Ханзо, Емма и Млад ман (ЅВЕРОВИ :pipi:)
И ти си ѕвер брат а јас да пишам за денес ебе, Ханзо, Емма и Крејзи многу ѕверови. Какви теории расправавме многу интелегентни личности поз.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom